Среда, 24 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
КАРАКТЕРИСТИКИ НА МАЛА ПРЕСПА И ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АЛБАНИЈА (20)

2 copyПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава.

Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата.

Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади.

Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.

Инаку, Мала Преспа е тесно поврзана со  Преспанското Езеро – еден од бисерите на Македонија, кое е едно од најчистите езера во светот. Големото Преспанско Езеро лежи на надморска височина на околу осумстотини метри и зафаќа површина од околу 270км2. Неговата брегова линија е разгранета во различни форми и со максимална должина од 28, а широчина од 17 км, како и со најголема длабочина од околу педесетина метри кај селото Нивици.

Оваој убав природен резеват им припаѓа на Р. Македонија ( 65 %) на Р. Албанија  (18 %) и на Р. Грција (17 %) Во Езерото постојат два острова Голем Град на територијата на Р. Македонија и Мал Град на албанска територија. Малото Преспанско Езеро (околу 40 км 2 ) и со најголема длабочина од 14м. Во него постојат два острова Ахих и Видринец и двата во грчка терторија. Дотекува од потокот Завир во Мала Преспа.

Птицата пеликан како една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, во Преспа го има единствено на двете Преспански Езера (големото и малото).

22 copy Пеликани во Преспа

Тој престојува секоја година шест месечен престој (15 Април - 15 Октомври) во јата од сто птици. Другиот годишен период го минува во јужните предели на земјината топка. Прометното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележлива, но за време на есенската преселба тие се собираат во јата и по еднодневно кружење над Преспанската котлина се упатуваат кон своите зимувалишта. Овие птици ја збогатуваат сликата за убавата Преспа.

Инаку, делот од Македонија познат како Мала Преспа, пак, беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Со овој договор заврши поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија и започна ерата на денационализација и присилна асимилација на македонскиот народ. Денес, Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права од Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие не се доволни. Во Мала Преспа, Гора и Голо Брдо сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права.

Кога се зборува за прашањето на статусот и положбата на етничките Албанци во Македонија и оние на етничките Македонци во Албанија, Македонија никогаш не инсистира на реципроцитет, туку ги смета правата на албанското малцинство како еден од клучните фактори на нејзината демократија. Но, сите мора да разберат дека Тирана не може неограничено да го бара невозможното од Македонија, додека правата на етничките Македонци во Албанија остануваат под најелементарно ниво.

Во Мала Преспа за одбележување се личностите кои значат пресвртница во националниот, општествениот и културниот живот, како и на полето на публицистиката. Меѓу нив се следните: Стерјо Спасе, кој е еден од најпознатите романсиери во Албанија.

Тој е од македонско потекло и е роден во селото Глобочени, Општина Пустец. Се школувал во Корча и Елбасан, потоа студирал педагогија во Флоренца во Италија, а магистрирал во поранешниот Советски Сојуз. По Втората светска војна, Стерјо Спасе работел како книжевен критичар, а пишувал за бројни албански списанија. Тој е автор на најголем број позначајни романи на албански јазик, а има и преводи на македонски јазик. Исто така познатиот учител во Мала Преспа, Никола Беровски оставил трајни белези во образованието на Македонците во Албани.

Меѓу другите истакнати личности во областа на литературата, јазикот, публицистиката и новинарството ќе ги споменеме следните личности: Гуре Думае роден во селото Глобочени, а работел како учител во селата Туминец, Глобочени и Горна Горица. Тој е автор на дело за Мала Преспа; Д-р Валентина (Илија) Несторе родена во Пустец. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенска книжевност.

Од 1996 година работи како лектор по македонски јазик на Факултетот за странски јазици, во Одделот за словенски и балкански јазици во Тирана. Во 2006 година се стекнала со звањето - доктор на науки. Валентина Нес- тор се занимава со лингвистика, лексикологија и со литературатурно творештво; Илинден Спасее син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе.

Тој е роден во Глобочени, каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија на универзитетот во Тирана. Автор е на две збирки раскази; Стилијан Апостоли е роден во село Горна Горица. Тој е професор во Одделот за стопанство и земјоделски политики при Земјоделскиот факултет во Тирана. Има објавено универзитетски учебници, брошури, научни студии, реферати, информации и друго;

Сотир Ристо е поeт од Мала Преспа. Тој е роден во селото Леска, каде го завршил основното образование, а Филолошки факултет завршил во Скопје. Пишува на македонски и албански јазик; Кристина Јанкулае родена во село Горица. Завршила вишо образование за учители на Универзитетот во Елбасан. Работи како учителка во основното училиште во Долна Горица; Спасе Мазенкове роден во селото Леска. Гимназија и средно економско училиште завршил во Корча и Либражд.

Од излегувањето на весникот „Преспа“ тој бешее главен и одговорен уредник. Постојано објавувал песни, раскази, различни текстови, а е автор на збирка песни; Спасе Танасие роден во село Зрновско. Завршил факултет за земјоделска економија на Универзитетот во Камза (Тирана). Автор е на научни и литературни дела, а има објавено и стихозбирка; Дола Шкмбие родена во Долна Горица. Звршила Медицински Факултет во Скопје. Таа е автор на стихозбирка.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.