Среда, 11 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
25 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ ОД ХИРОТОНИЈАТА НА ЕПИСКОПОТ СТРУМИЧКО – СКОПСКИ - КИРИЛ СТОЈАНОВ

1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

ОД АКТИВНОСТИТЕ НА КАТОЛИЧКАТА ЕПАРХИЈА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ СТРУМИЦА- СКОПЈЕ

Като­лич­ка­та црква во Македонија е една црк­ва со два об­реда, поради што се вика Католичка, што значи оп­­шта, од­носно заед­нич­ка црква. Според тоа, като­лич­ки­те верници и хра­мови од источен об­ред во Ре­пуб­ли­ка Македонија се присутни нај­мно­гу во струмичкиот крај, од­носно, во градот Струмица, во Радово, во Но­­ва Ма­ала, како и во Гев­г­елија, Богданци и Стојаково, доде­ка ка­то­ли­ци­­те од рим­скиот обред се нај­бројни во Скоп­је, Битола, Охрид и во други места.

Меѓутоа, денес претставниците на ­Ка­толичката црква во Република Македонија не ги ­упо­тре­буваат горенаведените термини, туку изразите верници со истотен православен обред на Католичката црк­­ва во Македонија.

Инаку, Католичката црква во Македонија доби нов статус.  Со одлука на папата Франциск од апостолски егзархат стана епархија, прва од црквите со источен обред во регионот.  За прв епарх во новата католичка епархија која е насловена „Упсение на Пресвета Богородица“ Струмица – Скопје, пред 25 години е именуван бискупот скопски д- р Киро Стојанов кој сега ја носи и титулата Епископ струмичко скопски.

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов на празникот Света Мајка Тереза, четврток 5 септември 2024 година, во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје го прослави јубилејот 25 години епископство, истовремено чествувајќи ја света Мајка Тереза и пет години од посетата на папата Фрањо на Македонија. Светата Литургија ја предводеше бискупот Стојанов, а со него сослужуваа Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Тома Вукшиќ, Мостарско-дувањски бискуп и апостолски управител Требињско–мркањски монсињор Петар Палиќ, Бањалучкиот бискуп монсињор Жељко Мајиќ, вршителот на должноста во Апостолската нунцијатура монсињор Николас Гуиди во заедништво со свештеници од Скопска бискупија, Струмичко-скопска епархија и други места.

Свеченоста започна со процесија, во која сестрите на Мајка Тереза ја носеа нејзината икона и свечен влез во катедралата.

На светата Литургија присуствуваа претседателската на Македонија Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова, претставниците на верските заедници, градоначалници, претставници на дипломатскиот кор, лица од културниот и општественот живот, чесни сестри, верници од сите парохии од Скопска бискупија и Струмичко – скопска епархија.

На почетокот од евхаристиското славење епископот Стојанов ги поздрави присутните истакнувајќи дека ја чествуваме нашата светица света Мајка Тереза, во нејзиниот и наш град Скопје и сме собрани да оддадеме благодарност на Господ Бог за посетата на Светиот Отец папата Фрањо, кој пред пет години ја посети нашата Црква и нашата Татковина Македонија како и 25 годишнината од неговата епископска хиротонија.

11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Благодарејќи му на Бога што го повика и помаза со Светиот Дух да биде апостолски наследник, епископот Стојанов истакна дека епископската служба секогаш ги надминува човечките способности и дека не може да се врши без посебниот Божји дар и рече: „Додека благодарам и молам, воедно ја чувствувам и вашата духовно молитвена поддршка, и покрај моите човечки недостатоци, да можам секојдневно да црпам сила на изворот на милоста и да бидам сведок на тоа што Бог секојдневно ми доверува и го бара од мене“ – рече монсињор Стојанов.

Во проповедта Врхбосанскиот надбискуп и митрополит монсињор Томо Вукшиќ ги поздрави присутните на евхариското славење во чест на света Мајка Тереза, а посебно го поздрави бискупот Стојанов, за кого на оваа света Литургија му заблагодарува на Бога за 25 годишното епископско служење на верниците во Македонија, придружувајќи се на молитвите за благодарност за сите радости и благодати, кои во овој четврт век го храбреа и за сите искушенија кој го зајакнуваа. Надбискупот Вукшиќ посака неговиот христијански живот да продолжи да биде придонес во ширење на славата Божја, а неговото навестување и сведочење на Исусовата наука да делува како квассец и поддршка во изградбата на слога и мир меѓу луѓето.

Осврнувајќи се на литургиските библиски читања нагласи дека пораката од нив е остварена во животот на света Мајка Тереза и нејзиниот начин на делување, така што од љубов кон Исус ги љубела луѓето. Надбискупот Вукшиќ истакна дека света Мајка Терез со богатиот пример покажува како треба да се лекува секој облик на беда, а со зборови поучува дека меѓу сите облици на сиромаштво „осаменоста и чувството дека не си сакан е најголемо сиромаштво“. Потоа потсети на нејзините зборови дека за решавање на човечките потреби порачува: „сите не сме создадени да правиме големи работи, но можеме да правиме мали со голема љубов.“

Осврнувајќи се на делот од Евангелието од Матеј, кој е наменето за празникот света Мајка Тереза, е познат како Исусова парабола за последниот суд, со накана да ги поучи своите слушатели како да се подготват за да ја надминат последната пречка и да влезат во живот вечен. И не само тоа, рече надбискупот Вукшиќ, Исус ја користи оваа парабола за да ја стави во центар неговата личност, бидејќи во тие последни настани, луѓето ќе бидат судени според тоа како постапувале со Синот Човечки, односно луѓето во потреба, затоа што тие се слика и прилика на самиот Бог, својот Создател.

Причината на благородните дела кон гладните, жедните, странците, голите, болните, затоврените не е во тоа затоа што се загрозени да им се помогне, како што тоа го прават хуманистите кои ги сакаат луѓето, туку сега причината за конкретна љубов е многу подлабока. Таквата љубов повеќе не е хумано постапување кон луѓето, туку тие дела и љубов кон човекот од сега се мотивирани од љубов кон Исус. Тоа е вистинската побожност кон Бога, затоа што Исусовата наука е дека без да се почитува човекот, не може да се обожава Бог. И само преку љубовта кон другите, човек може да дојде во состојба на вечно гледање на Бога. (…) Делата на љубовта се пред сè заслужни ако се прават во чест на Исус. И обратно, Исус учи дека да се заборави човек во потреба значи да не се види самиот Исус – рече надбискупот Вукшиќ.

На крајот од евхариситското славење претставници на црковни и граѓанси организации, групи и приватни лица на епископот Стојанов му подарија пригодни подароци.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.