|
||||
МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКАТА ПИСАТЕЛКА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНА Емилија Кукубајска (1979, Либија – 2006, Македонија) |
МАКЕДОНСКО АМЕРИКАНСКАТА ПИСАТЕЛКА ЗА ДЕЦА И МЛАДИНА Емилија Кукубајска (1979, Либија – 2006, Македонија) Наслов на e-книгта за Еми, Слобода над смртта На 11 септември, 2006 година, почина 27 годишната Емилија Кукубајска, девојчето кое го познаваа како генијален ум, современо просветлена душа и пречисто срце алтруистички посветено на благороден живот, среде немилосрдните 11 годишни борби со лупус нефритис и дијализа. Во Арлингтон-Вашингтон, две години пред нејзината смрт, по нејзина идеја, Емилија со мајка и Марија го основаа невладиното дружение ЕМАРИ, посветено на сестран развој на надарени деца и младина. Акронимот содржи Едукација за развиено образование и воспитание, Морални вредности за чиста екологија на душата, Академски развој преку информирана интелигенција, Реална и виртуелна вистина за животот на Земјата и бесконечноста и Инспирација и императив за истражување на идентитетот, историјата. Еден од приоритетите во добротворноста на Емилија е развој на земјата на нејзините предци, Македонија. Тоа вклучува и донирање на дел од земјиште наследено од нејзината фамилија по мајка, во Штип. Таму Емилија сонува за мини град со мини куќи за едукативна, рекреативна и резиденцијална активност на млади научници од Македонија, македонската дијаспора и светот. Во тој комплекс, млади Македонци од Македонија и повратници од странство, би имале свој истражувачки простор во најсовремено моделирани објекти, набавени од Илон Маск, по единечна цена од 5.000 долари. Објектите би имале сопствена еко-градина, цветна хортикултура и сопствени сончеви колектори и топла минерална вода. Резидентите би работеле на својот научен и практичен развој, и на самоодржлива агрикултура. Бенефит од овој град на иновации и лаборатории би имале факултетите на УГД во Штип, градот Штип и македонскиот народ. За таа цел, 18 години од смртта и 45 години од раѓањето на Емилија, НВО ЕМАРИ бара инвеститор за изградба на мини градот ЕМАРИ на донирана нива до минералната бања Кежовица. Заинтересираните да се јавуваат на телефон 078 397 898, ЗГ ЕМАРИ, Штип. Некои меморијални активности на ЗГ ЕМАРИ, посветени на Емилија Кукубајска https://www.mn.mk/kultura/17275-STUDENTI-PO-MEDICINA-OSTANETE-VO-MAKEDONIJA https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/85-najdobri-studenti-po-medicina https://youtu.be/1UUM1nrcmz0?list=TLGGqeoCLArhgLgxMjAzMjAyNA https://eprints.ugd.edu.mk/9046/ Рајска Птица,музичка композиција и текст, Нада Накова, Радио Штип, 2006 https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/85-najdobri-studenti-po-medicina https://fmn.ugd.edu.mk/index.php/mk/vesti/79-nagrada-za-studenti-od-fmn https://youtu.be/cm_o5PsW5SY?t=5 https://www.youtube.com/watch?v=lki5SYmU2N4 https://api.core.ac.uk/oai/oai:eprints.ugd.edu.mk:9043 Prof. Dr. Ronald Schafer, Indiana University, инспириран од Емилија и нејзините неверојатно храбри и достоинствени војни за здравје, има посветено песна за неа, Ode to Emilija, промовирана на International Congress of Poets, Montgomery, AL. ТВ Сител In Vitroепизодата Познати мајки и нивните ќерки, 2.000 година, постана исклучитечно гледана поради пораките на Емилија да се вреднува животот будно и доблесно, ослободено од предрасуди и пороци, во постојана грижа за здравјето, во борба против моралните загадувачи, бидејќи животот нуди неограничен потенцијал за чудесен напредок. Американскиот весник News Leader, Springfield, MO, во своето празнично издание, 4 јули 1996 година, објави насловна репортажа за Емилија. Од болничкиот кревет, таа изрази животна желба да се посвети на детското здравје, на реформи во училишната и болничката исхрана, и - да изгради меѓународен мини град, светски пример за развој на македонската генијалност. Ако немаме мини лабораторија, или мини црква, на Антарктикот, зошто не во родната земја на Македонскиот полуостров Во име на човекољубието и Богољубието. За да се биде подобро човечко битие, наспроти Вештачката Интел. Емилија Кукубајска беше студент по Нутриционизам и диететика, Point Loma University, California. |