Култура и туризам
Среда, 15 Октомври 2014 03:03    PDF Печати Е-пошта
Исхрана на древните Mакедонци – Исхраната и творештвото

ishrana-na-drevnite-makedonci-180Многу е блиска поврзаноста на производство на храна и правењето на куќи, орудије, наките, садови, светилки и нивното украсување. Исто поднебје, иста земја, исти луѓе што јаделе тоа и ќе јадат. Неисцрпно е обновувањето на животната сила на генерации родови од билки до луѓе. Исчекор напред е сторен кога сончевата светлина е заменета со електричната енергија. Така е заменето копјето со ракета. Се` друго е исто како што си било. Домаќинот го бакнува лебот и му подава парче на секое дете како што свештеникот кажува молитва како благодарност за храната на трпеза и подава нафора.

Повеќе...
 
Среда, 15 Октомври 2014 03:01    PDF Печати Е-пошта
Промовиран „Пирскиот дом на Ацо Шопов“

aco-sopov-180Минатата среда, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во организација на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности беше промовиран неколкујазичниот интернетски портал „Лирскиот дом на Ацо Шопов“ – прв интернетски портал од ваков вид кај нас и содржински најобемен интернетски портал зад кој стои издавачката куќа „PHI“ од Луксембург. Салата за седници на Филолошкиот факултет во Скопје беше претесна за да ги собере сите почитувачи на големиот македонски поет коишто дојдоа на оваа свеченост со која најреномираната високообразовна институција за филологија во земјава го одбележа големиот јубилеј 70 години од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија, „Песни“ од Шопов.

Повеќе...
 
Среда, 08 Октомври 2014 03:04    PDF Печати Е-пошта
Воден е град во Егејска Македонија

voden-180Воден е град во Егејска Македонија, денес северниот дел на Република Грција, северозападно од Солун, или поточно во префектурата Постол, со 18.253 жители (2001).

Повеќе...
 
Среда, 08 Октомври 2014 03:03    PDF Печати Е-пошта
В’мбелскиот извор

vmbel-180Пред многу години, под ридот Нарид меѓу селските гробишта и Марковиот бунар извирала голема вода наречена Изворо. Водата се движела по трапот надолу, покрај бунарот на Марковци, потоа меѓу куќите на Ставровци и Љоровци (на Циљо), под куќите на Сомовци, по силиштата на Тимјовци, Стајовци, пред Рошовото маало излегувала на Подсел, каде што во трапот биле зачувани, до наше време, урнатини од некогашните валавици и воденици. Неколку десетици години по основањето на селото, на изворот дошле да перат влаинки од бачилата во планината. Тие переле волна и се испокарале за тос која да пере со почиста вода до самото врело на изворот. Во лутината започнале да фрлаат руна од волната во самото врело на изворот. Волната, накисната, натежнала и започнала да се таложи во дупката, а Влаинките ја газеле за да се испере почисто. Тогаш се случило чудо! Истиот ден, во соседното село Лобаница, оддалечено 6-7 километри од В’мбел, се појавил извор, кој постои до ден денешен.

Повеќе...
 
Среда, 08 Октомври 2014 03:02    PDF Печати Е-пошта
Македонското знаме на Саемот за спорт и култура во Франција

Минатиот месец во Мант ла Жоли, Франција се одржа Саемот за спорт и култура.

10703537 10204664811370303 8450252467256359369 n

Слободното време исполнето со спорт и култура е составен дел од животот на жителите на Мант ла Жоли. За таа цел оваа општина организира стотици анимации од различни видови, кои се одржуваат на годишно ниво во градот: шоуа, концерти, изложби, спортски настани итн. Целта е на граѓаните да им даде пристап до што повеќе уметнички изразувања и спортски манифестации.

Преку овие културни настани и преку разните спортски активности, за збогатување на можностите за дополнителни активности свој придонос дадоа и асоцијациите кои функционираат во оваа општина.

Нашата македонско-француска асоцијација „Блаже Конески“ со претседателката на асоцијацијата г-ѓа Сузана Сурловски, поголемиот дел од нејзините членови и учениците од училиштето за дополнителна настава по македонски јазик привлекоа голем интерес кај претставниците од другите асоцијации и кај бројните посетители. Беше промовирана Република Македонија преку постери, со кои беше украсен нашиот штанд, со флаери за прекрасните предели на нашата земја. Не изостанаа и прекрасните македонски традиционални специјалитети, кои веќе добро се прифатени меѓу нашите сограѓани. И на крај голем аплауз и воодушевување предизвикавме со звуците на нашата македонска народна песна, прекрасните македонски народни носии и со единствените македонски народни ора, изведени на главната бина.

Секој обид направен за да се претстави својата земја, преку анимации и многу активности колку што е можно на едно место, им дозволува на посетителите да стекнат информации и сознанија за Република Македонија.

Интересот што го предизвикува нашиот штанд е доста голем, а за тоа говори и посетата од многу видни личности, и тоа: градоначалникотг.Michel Vialay, помошникот на градоначалникотг.Jean-Luc Santini и директорката на Куќата на асоцијации г-ѓа Leila Belarbi. Тие веќе добро се запознаени со нашите бројни активности за афирмација на Република Македонија, тие се големи пријатели и вљубеници на нашата земја и во својата комуникација користат македонски зборови.

Македонска нација

 
Среда, 08 Октомври 2014 03:01    PDF Печати Е-пошта
„Со мевот по лебот“ од Битуше за Солун

kopanka-180Се собравме кумпанија. Водач ни беше стрико Марко, а во кумпанијата покрај него бевме ја, Трајче и Угрин. Кинисавме за Солун. До Маврово одевме пешки. Во Мавровските анови стасавме негде околу зајдисонце. Влеговме да се одмориме од потот. За стреќа наша овде најдовме еден кираџија од мавровските села кој се готвеше со араба да оди во Гостивар. Кога разбра дека сме гурбетчии и со малу пари се стори каил да не префрлет до Гостивар. Беше некој домаќин и многу чесен човек. Не испраша од коде сме, коде ќа гурбетуваме, дали имаме некој шо ќа не прифатет, ќа имат ли работа и таке со ред. А кога му кажавме дека сме тргнати „со мевот по лебот“ и дека од нами четворица единствено само водачот наш, стрико Марко,.. токо како и да не веруаше и стално повторуваше: „Па добро бре луѓе, како ќе се снајдете тамо. Па вие осим мистриите и чекичите немате друго со вас“.

Повеќе...
 
Среда, 01 Октомври 2014 03:04    PDF Печати Е-пошта
Во Тресонче не секогаш луѓето подготвувале богато јадење

tradicionalni-jadenjaВо Тресонче не секогаш луѓето подготвувале богато јадење, но тоа што секојдневно се подготвувало претставува вистинска слика на селскиот сточарски живот на Бистра. Храната била богата со белковини, минерали и витамини потребни за здрав живот. Голем број јадења се подготвуваат на специфичен начин за поднебјето на планината Бистра. Во тресонечките каленици (чинии) најчесто се наоѓало месо, тестенини и млечни и градинарски производи.

Повеќе...
 
Среда, 01 Октомври 2014 03:03    PDF Печати Е-пошта
Вардарски чифлик - вистински приказни од Тиквешијата

staro-kavadarci...Поминавме по мостот на реката Вардар и продолживме по степата. Планините започнуваат понатаму.

- Челеби, да појдеме на чифлихот за да преноќиме, бидејќи ноќва нема ништо да направиме – рече Хасан.

- Што е тоа чифлик (фарма)?

Повеќе...
 
Среда, 01 Октомври 2014 03:02    PDF Печати Е-пошта
Легенда за името на Преспа

prespa-180Кога сакаме да зборуваме за Преспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел. Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 km² припаѓа на:

Повеќе...
 
Среда, 01 Октомври 2014 03:01    PDF Печати Е-пошта
Легенда за името на Белица - Александар Македонски и Бела Ица

bela ica i aleksandar makedonski-240Момчиња храбри, мудри и умни доаѓаа дури и од најоддалечените места на Македонија, со надеж да се сретнат со Бела Ица, да ја посакаат и да ја земат за свој животен сопатник. Но за жал како доаѓаа, така се враќаа со тага и бол по убавицата – самовила. Некои ја имале таа среќа барем да ја видат оддалеку и со тоа да бидат задоволни и среќни. И со длабок занес да зборуваат за таа магична средба.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.