Култура и туризам
Среда, 04 Ноември 2015 04:02    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Свети Гаврил“ Лесновски

За познатиот Лесновски манастир се знае дека зазема значајно место во македонската како црковна така и национална но и културна историја. Се наоѓа на југозападните падини на планината Осогово на надморска височина од околу 870 метри во селото Лесново. Според најстарото пролошко житие на Св. Гаврил Лесновски кое што го напишал Станислав Граматик во 1330 година се знае дека манастирот потекнува од 9-от век кога по Божја милост преподобниот Гаврил Лесновски се населил во Лесновската гора и го основал манастирот посветувајќи го на Свети Архангел Михаил.

Повеќе...
 
Среда, 04 Ноември 2015 04:01    PDF Печати Е-пошта
Манастир „Света Богородица“ село Матејче, Кумановско

На надморска височина од 1005 метри, на југоисточната страна на Скопска Црна Гора во живописниот предел исполнет со зеленило и духовна тишина се наоѓа прочуениот манастир посветен на Успението на Света Богородица во кумановското село Матејче.

Повеќе...
 
Среда, 28 Октомври 2015 04:58    PDF Печати Е-пошта
Крушево - Цркви и манастири

image 03 b-180Во урбаната структура на градот со својот волумен се истакнуваат црквите како доминантни во просторот. Тие импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Тие имаат истакната позиција и локација. Градени се во базиликна форма и тоа како трикорабни базилики, со доста големи димензии. При посета на истите можете да видите: икони, фрески, иконостаси, мајсторски совршени дела од едно одминато време кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.

Повеќе...
 
Среда, 28 Октомври 2015 04:46    PDF Печати Е-пошта
Кичево,110 години Илинден: Битката кај месноста „Ѓурѓејца“ на 4-ти август 1903 година

110-godini-Ilinden1-180Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста “Гурѓејца”. Според хроничарите оваа битка сс одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска република од 1903 година. Загинатите борци на Гурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.

Повеќе...
 
Среда, 28 Октомври 2015 04:11    PDF Печати Е-пошта
Од минатото на Тиквешкиот крај

Виновата лоза:  Овој крај посебно е значаен како лозарски реон и нема место во цел овој регион каде што виновата лоза така би успевала и со таков одличен квалитет, како што тоа успева во Тиоквешкиот крај. Едноставно можат да му се приклучат областите околу Струмица, околу Раец кој со својата географска положба на тиквешкото подрачје. Најраспространета е лозата со црно грозје, а белото грозје е доста ретко. Од црните сорти на грозје доминираат: никодинка, нишавка и тиквешка лоза. Најквалитетно грозје се одгледува во околината на село Росоман, а најубавото вино во село Камен Дол. Само тиквешкиот округ можел да даде околу 2 милиона оки грозје (една ока тежи еден килограм и 280 гр.). Песокливите предели и околните ридови би требало да бидат засадени со винова лоза и со овошни дрвја, со што нема да биде толку пусто во овој крај како што е денес. Во Кавадарци во есен бербите на грозје знаеле да бидат многу богати. Од разни краишта доаѓале трговци да купат грозје, шира и вино. Сето тоа било транспортирано кон Солун, а еден дел кон Скопје и кон Белград.

Повеќе...
 
Среда, 28 Октомври 2015 04:05    PDF Печати Е-пошта
Македонски народни благослови

blagosloviАирлија.

Аирлија пазар.

Аерлија работа ( и – Ерлија работа)

Аир и бериќет да имаш синко.

Аирлија да ви е пазаро.

Аирлија да ви е радоста.

Повеќе...
 
Среда, 21 Октомври 2015 03:04    PDF Печати Е-пошта
Монографија за иселеничката Дана Скендова - Скотланд од Торонто

dona-skendova-180Денови од печат излезе двојазичната монографија “Сеќавања”  од авторот Дана Скендова-Скотланд од Торонто која е издание на издавачката куќа “Македонска искра” од Скопје. Таа е историска висина за животната приказна на семејството Скендови која започнала во познатото револуционерно село Неволјани, Леринско, во егејскиот дел на Македонија. Селото во кое се родени или имаат потекло плејада македонски интелектуалци, револуционери, бизнисмени и други личности кои се бореле и ден-денес се борат за афирмација на македонските идеали и кои постигнале видни резултати на повеќе полиња.

Повеќе...
 
Среда, 21 Октомври 2015 03:03    PDF Печати Е-пошта
Лековити води во село Ковач

lekovita-voda-180Од книгата „Народна митологија на Македонците“ од Танас Вражиновски Скопје – Прилеп 1998 г.

Повеќе...
 
Среда, 21 Октомври 2015 03:02    PDF Печати Е-пошта
Јегуновска тврдина над селото Јегуновце

Jegunovska mestopozba-180Јегуновска тврдина е археолошки локалитет кој се наоѓа над селото Јегуновце, во подножјето на Жеден, на ридот Градиште. Според проценките на археолозите локалитетот датира од доцниот неолит.

Повеќе...
 
Среда, 21 Октомври 2015 03:01    PDF Печати Е-пошта
„Огледало“, за селаните и попот во тетовско (1816 год.)

ogledalo-180“…Гледам, во једни села, да чува господ! Диб грубо! Ни христијани можам да ги наречем, ни пак неверници. Великиј петок и Велика субота јадат и пијат, у великиј пост хора играат...давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден Велик-ден причесна чекаат. А попот узел - осом села попуат, каде понапред да стасат. Трчат од село на село со мензул (поштенски курир, н.б.) носит светии тајни.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.