|
||||
Крушево - Цркви и манастири |
Во урбаната структура на градот со својот волумен се истакнуваат црквите како доминантни во просторот. Тие импресионираат со својата архитектура, особено со внатрешниот простор. Тие имаат истакната позиција и локација. Градени се во базиликна форма и тоа како трикорабни базилики, со доста големи димензии. При посета на истите можете да видите: икони, фрески, иконостаси, мајсторски совршени дела од едно одминато време кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура.
Света Богородица Црквата Св. Богородица 1867 г. е голема еднокорабна градска црква, градена од обработен камен. Кровот е на две води, на средината се издига висок осмостран тамбур. Внатрешноста на црквата е поделена на три травеја со помош на колони, по три на северната и јужната страна. Во внатрешноста на црквата доминира голем монументален иконостас, работен во 19 век и на него се наоѓаат евидентирани икони од истиот период. Во внатрешноста на црквата има прекрасен фреско-живопис во калотата и во тамбурата на средишниот дел од црквата, како и во слепата калота на западната страна. Фреско-живописот над порталот датира од 1870 г., а се наоѓа на западниот фасаден ѕид на црквата.
Св.НИКОЛА била изградена 1832г., таа доминира во просторот на чаршијата која е со уситнета структура. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и голем дел од централниот дел на градот е изгорен и разрушен. Црквата е возобновена во периодот од 1905г. до 1907 г. Таа има централна позиција и е ситуирана во чаршијата, така што со својата големина и монументалност доминира во просторот на градот. Црк вата е трибродна базилика, со тоа што кај неа е издигнат средниот брод. На јужната страна од црквата е изградена камбанарија на која е поставен градскиот саат. Иконите во црквата ги изработил зографот Михаил со синовите Данаил и Никола, а иконостасот бил дело на познатите копаничари Петре Филипович-Гарката и Димитар Станишев. Најстарите икони изложени во оваа црква се од 1884 година. Во сакралните објекти се наоѓаат грижливо чувани, некои ретко видени, некои никога ш невидени мајсторски совршени дела кои говорат за одреден историски и уметнички период од православната култура. При посетата може да се види заслепувачката убавина на иконописот, живописот, копаничарството. Ќе се запознаете со големи уметнички дела на една автентична традиционална култура која е дело на големи мајстори зографи, копаничари и иконописци чиј опус на творештво е доста обемен и уметнички вреден. Црква Св.Јован Црквата Св. Јован кај крушевчани позната е како „ Влашка “ црква. Изградена е 1904 г. и е најсочуван сакрален објект кој се наога во центарот на градот. Во црквата нема живопис. Доминира прекрасно изработен дрвен и к оностас, направен од плитка резба од браќата Несторови. Тие го работеле непрекинато, со голема љубов и умешност и тоа повеке од 4 години. Таму можете да ги видите книгите со цртежи - скици за деталите на иконостасот како и алатките со кои е изрезбарен иконостасот, како и иконите од крушевските мајстори - зографи од 19 век. Во влезот на црквата Св. Јован исто така се наоѓаат фрески кои се пренесени од црквата Св. Атанасије во с. Локвени а датираат од 1627 г. а на нив се прикажани Св. Архиереи, Св. Богородица, итн. Св.Троица Изградена е во1881година и се наоѓа на периферијата на градот во близина на хотел “Монтана”, во Ѓупското маало. Св. Троица е опожарена во Илиндеското востание, но набрзо потоа е обновена. Црквата на манастирот Св. Спас во близина на Крушево е изградена 1826г. и се наоѓа на 600 м. надморска височина и има идеални климатски услови. Се наоѓа во прекрасен шумски амбиент и е омилено излетничко место за мештаните и туристите. Манастирскиот комплекс Св.Преображение, подигнат бил на месноста Ручало на околу 1642 м надморска висина, во прекрасен и живописен природен амбиент. Од Крушево, на север, комплексот е оддалечен околу 8 км. Се наоѓа во близина на локалитетот Слива. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновен е во 1986 година. |