Култура и туризам
Среда, 28 Јануари 2015 02:07    PDF Печати Е-пошта
Мaкeдoнија и Рим, архитектонско - урбанистички паралели

fasada-galeria-180Во секојдневноста терминот ИСТОРИЈА го објективизираме како интернационално дефиниран со додавката дека „ИСТОРИЈАТА ЈА ПИШУВААТ ПОБЕДНИЦИТЕ“. Се согласувам со секојдневноста иако во  реалноста на јазикот постојат суштински стојни точки според кои секој народ го дефинира ова исклучително и сеж поважно поле на интерес. На пример: Најпопуларниот јазик на денешнината, англискиот, зборот го изговара како „хистори”, што етимолошки значи дека потекнува и реферира на третото лице еднина: хис стори - негова приказна.

Повеќе...
 
Среда, 21 Јануари 2015 04:02    PDF Печати Е-пошта
Охридската архиепископија

1280px-StSofiaOhrid-180Со османлиското освојување Охридската архиепископија претрпела големи материјални загуби со одземањето на големи имоти и претворањето на голем број цркви во џамии, меѓу кои биле и катедралната Св. Софија, како и стариот Св. Климентов храм - црквата Св. Пантелејмон во Охрид. Сепак, таа продолжила да функционира како единствена средновековна институција во Македонија која го преживеала освојувањето.

Повеќе...
 
Среда, 21 Јануари 2015 04:01    PDF Печати Е-пошта
Културата и начинот на живеење на територијата на Македонија во османлискиот период

islam-period-180Со османлиското освојување, радикални промени настанале и во сферата на културата и начинот на живеење. Преку ноќ еден начин на живеење бил заменет со друг. Победата на една муслиманска империја над поранешните балкански христијански држави предизвикала „културен шок“ кај сите балкански народи. Целиот систем на христијанските духовни вредности доживеал исклучително силен потрес. Во сите сфери на животот настанале такви промени што по својот интензитет можат да се споредат со промените на овие простори настанати со доселувањето на Словените.

Повеќе...
 
Среда, 21 Јануари 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Четворица свети браќа

narodna-demonologija-na-makedonciteОни биле четворица браќа. Четворица биле. Јаќим Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврл Лесновски и Св. Јован Рилски. Четворицата браќа живееле заеднички во Осоговието. Си живеели во една пештера. По едно време им се јавил на сон, сигурно је бил некој светец и рекол: „Вие четворицата браќа, да фаќате четири страни да се разнесете на четири страни и там да се испоснувате, там да држите религијата. И они са решили еден ден рекле: „Ајде да се раставимо, да не живееме више заеднички“.

Повеќе...
 
Среда, 14 Јануари 2015 04:04    PDF Печати Е-пошта
Македонска Нова Година, Свети Василиј Велики

vasilica-240На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.

Повеќе...
 
Среда, 14 Јануари 2015 04:03    PDF Печати Е-пошта
Некрстените денови во Mакедонија (7-19 јануари), период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити

nekrsteni-denovi-240Во верувањата на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно според верувањето, од  раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови познати како Некрстени денови, но и како Ристосови или Погани денови според верувањето се најризичните или најопасните денови во годината. Според народните верувања и суеверија дете некрстено и жена леунка се изложени на силно влијание на негативните демони. Иако е познато дека Исус е крстен на триесетгодишна возраст, сепак во народното верување останало дека периодот од раѓањето на Исус (Божик) до крштевањето (Водици) е исполнет со многу активности на негативните демони токму поради тоа што во овој период Исус не бил крстен, а Богородица била леунка. Оттука според верувањето и денес во овој период се активни разни нечисти сили, зли духови, караконџули, вештерки и сл. кои влегуваат во домовите, учествуваат во гозбите и на разни начини се обидуваат да му напакостат на човекот.

Повеќе...
 
Среда, 14 Јануари 2015 04:01    PDF Печати Е-пошта
Свети Василиј Велики

sv-vasilij-veliki-180Свети Василиј Велики е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија. Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Повеќе...
 
Среда, 07 Јануари 2015 04:02    PDF Печати Е-пошта
Нередска Планина

neredska-planina-180Нередска Планина, нејзиниот највисок врв Вич е планина во западниот дел на Егејска Македонија. Има меридијански правец на протегање север - југ, а кон крајот на својот масив скршнува на југо-исток.

Повеќе...
 
Среда, 07 Јануари 2015 04:00    PDF Печати Е-пошта
Суеверија

sueverija-240Ако некој оди зад друг, другиот на онај век ќе го носел на грб.

Ако има во реките многу риби, ќе има голема зима.

Ако си легнуваат кокошките мошне рано, ќе је скапотија.

Ако страгори страчка пред куќата ти, чекај гости.

Ако се истресе кокошката дома, ти чекај гости.

Повеќе...
 
Среда, 31 Декември 2014 11:58    PDF Печати Е-пошта
Стариот Јулијански календар датира од 46 година п.н.е

julian-calendar-180Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 јануари. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.