Среда, 21 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Четворица свети браќа

narodna-demonologija-na-makedonciteОни биле четворица браќа. Четворица биле. Јаќим Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврл Лесновски и Св. Јован Рилски. Четворицата браќа живееле заеднички во Осоговието. Си живеели во една пештера. По едно време им се јавил на сон, сигурно је бил некој светец и рекол: „Вие четворицата браќа, да фаќате четири страни да се разнесете на четири страни и там да се испоснувате, там да држите религијата. И они са решили еден ден рекле: „Ајде да се раставимо, да не живееме више заеднички“.

И така се разнеле сите. Јован Рилски ојде во Рила планина, Св. Јоаким овде је дојдел во Осоговието, Прохор Пчињски ојде во Пчињски рејон и Гаврил Лесновски во Лесново. И од тогаш како са умирале така се наричали светии.

Е овде наш Св. Јоаким што е, живеел до неговата смрт, но ретко је сакал да се јавува на јавност. Бидувале овчари и ловџии. Овчари така су му приоѓале: „Дедо Јаќиме, нешто да ти помогнеме, да ти дајмо лебец, ако си немаш“? Давали су му, вадили од торбичката, давали му и заминували са. Секој си гледал својата работа.

Свети Гаврил Лесновски

За Свети Гаврил. Они биле троица браќа. Таа легенда како што сум слушал ја. Свети Јован – најстар он – отишол во Рила планина, там се посветил, там манастир направил – Бугарија. Свети Отец се посветил овде у Облово, а во Паланка Свети Јоаким. Кад се посветуваше Свети Гаврил, првата пештера му била куде лозјето манастирско, онаму, Гаврил там седел. Па научил некоја коза злетовска, некој козар злетовски, па доаѓала козата – музел, оставил го таму на лепче и музе на тоа леп што му доаѓало – да мож да јаде. Ама козарот почнале да го караат луѓето, тај коза млеко нема. Се измузена. Да иде по него да го пази, дека тај коза иде, дали некој го музе. Козаро по козата – нашол пештерата, козата куде човеко – он музе.

- Зашто бе дедо, така правиш? За млекото се ме карат.

- Не бој се ти, - рече. - На ти од ова, моето лепче по мало кусни од њега и ќе имаш леб стално. Немој се` до крајче да го изедеш!

Он кусне малку, остае час, пак му се лепчето придаде, па се појаде и така сит главно. Еднаш изел сето лепче, немал леб, поцркал и морал да каже во Злетово на газдите, така и така е работата. А во Злетово бајаги имало владика, па го викнале светецот да га суде. Пошол светецот у Злетово – Свети Гаврил. Прашал го владиката:

- Ти какав светец ќе бидеш да се посветуеш, а да јадеш млеко – рече – во пости?

Свети Гаврил рекол:

- Па ти каква владика ќе бидиш да јадиш во постите јајца?

- Ма, јајцата се посни – рече – млекото не е посно!

-Ај ќе пробаме – Рекол Свети Гаврил.

Тури едно јајце под еден вршник, каленица млеко. Од млекото искочила трава, од јајцето – пиле.

- Ај - рекол – владико, скини главата на пилето, што ќе протече?

Скинал владиката главата на пилето – протекло крв, скинале травата – протекла вода. А кад отишол у Злетово, Свети Гаврил јавал мечка, сос мечка отишол. Рекол на мечката:

- Кини му мечко, главата на владиката!

Скинала му мечката главата.

Како да се поместила таа пештера, отишол во областа Чука, измеѓу кулата, таму има една чука висока, таму има пештера. Таму се населил, таму се населил и се посветил. Кад се посветил, прикажало се на некои двајца браќа од Трново од Бугарија. „Да дојдете туе и туе да ме земете“. Тие пошле сос кола, ка дошле горе на врво на чуката, си рекле:

- Сега дека да го најдеме? – Не знееле куде е пештерата.

Тој еднијо рекол:

- Мене ми се, брату приспа многу, ја иду да спију.

Он заспал и на сон кажал му се човеко. „Одете на доле на десно, надоле одете, ќе видите дека ќе падне пиле на дрво – туј су ја“.

Тие поспаѓале, поспаѓале там и виделе паднало пиле – нашле ја пештерата – земале го. Па го качиле у кола, пренеле го преко Лесново. У Лесново оставиле едно рамо само. И така станал заштитник на народо Свети Гаврил.

Обид за крадење на моштите на Св. Јоаќим Осоговски

Еден турски војсковоѓа кога чул дека тука доваѓа народо да се моли на неговите мошти дека он правел чуда и така го лечел народо. Тој решил да дојде тука да види, и ако може од неговите мошти да може да украдне и да може да ги користи тие мошти.

Тој нашол тука и зел една рака од неговите мошти. Зел рака и пошол тука надоле. Кога пошол раката му се здрвила и тогај тој восковоѓата турски наредил, бил некој голем војсковоѓа, наредил да се врати раката. Од тогај има поставено турски знак да се тој објект таа црква не дира од страна на турските власти. Ние знаеме дека Турците порано многу цркви са претворили во џамии. Но тука не се дале.

 Турски знак пред манастирот

Испред манастирот постои еден турски споменик. Него го поставил пашата. Кад је дошол да го запали манастирот му се слошило. Поставил га за кога турската војска ќе го види да се враќа, да не пали и да не пљачка. Од тога и муслиманите влизат во манастирот, палат свеќи и ден денеска. Порано тука са били Турци, сега се иселија.

Од книгата „Народна митологија на Македонците“ од Танас Вражиновски, Скопје – Прилеп, 1998.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.