Култура и туризам
Среда, 19 Ноември 2014 04:33    PDF Печати Е-пошта
Во Сиднеј премиерно се изведе драмата „Ограда - The Fence"

the-fence-1Минатиот петок, 14 ноември, во театарот на Hurstville Entertainment Centre во Сиднеј, се одржа премиерата на „Ограда - The Fence" од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. На преставата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Австралија, Г-дин Веле Трпевски.

Повеќе...
 
Среда, 19 Ноември 2014 04:31    PDF Печати Е-пошта
Алшар

alsarКога би го запрашале некој филолог за тоа од каде потекнува името Алшар, тој можеби би го поврзал со староседелците на Македонија. Или пак би кажал дека името е од турско потекло. Тој и во двата случаја би бил во заблуда, зашто ова име е ново, како што е нова и оваа населба околу рудникот Алшар. Имено во 1889 година солунските индустријалци Алатини и Шарнис (Шарл Хадкинсон) започнале да истражуваат руда во овие краишта. Тие откриле значителни количества антимонова и арсенова руда, која започнале да ја експлотираат уште во наредната 1890 година. Токму заради тоа тие тука  основале мала рударска населба, која ја крстиле по почетните букви на своите презимиња „Алшар“. Населбата се наоѓа на левата страна на Мајданската Река, во планинскиот масив на височина 805 метри. Од сите страни се издигаат високи планини, кои на исток се повеќе се искачуваат, се додека не преминат височина од 2000 метри.

Повеќе...
 
Среда, 19 Ноември 2014 04:26    PDF Печати Е-пошта
Авторот на оваа народна песна го почитуваат сите македонци овде и по цела Македонија

kuzman-sapkarev-180“Јас знам овде еден македонски Бугарин (Македонец, н.б.) од дебарското село Галичник, кај којшто ма многу материјал собран од дебарските бугарски (македонски, н.б.) села. Кај него има песни, нарави, обичаи, приказни и разни други податоци за географската положба на оние месности. Овој човек одамна се занимавал со такви ра-боти и има достатно количество бесценет материјал. Освен тоа, тој учествувал во разни востанички движења, за кое му сведочат ордените. Тој и по ослободувањето се занимава со такви работи, шета по улиците и ќошињата на Софија, бара дулѓери и други работници од разните места на Македонија за да запишува од нив песни и др. По едно време овој самоутврденец и белобрад подвижник се најде во критична положба во материјален поглед и се принуди да побара служба во едно од министерствата за да може да се прехранува и друго, да се  олесни за да му служи на пофалното свое дело. Тој намисли да побара служба и побара. Но знаете ли што му се одговорило?

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:04    PDF Печати Е-пошта
Смрдеш, село вo Eгејскиот дел на Македонија

smrdes-180Смрдеш е село вo Eгејскиот дел на Македонија со 573 жители (2001). Селото се наоѓа на 51 километри југозападно од град Лерин и на 38 километри северозападно од Костур, во подножјето на планината Корбец во областа Корешта. Смрдеш е на три километри од грчко-албанската граница.

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:03    PDF Печати Е-пошта
Прва монашка република на Балканот

lesnovski-manastir 1-180Лесновскиот манастир низ целото средновековие но и подоцна бил големо православно светилиште

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:02    PDF Печати Е-пошта
Дримкол

drimkol180Дримкол — етногеографски предел во југозападниот дел на Македонија, на границата со Албанија. Името го добил од реката Дрим и турскиот збор „кол“ што значи одред војска или стража; жупа.

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:01    PDF Печати Е-пошта
Битуше е село на чешми

bituseБитуше се наоѓа во западниот дел на Македонија, во регионот на Долна Река. Оддалечено е 25 километри јужно од Маврово и на дванаесет километри северно од Дебар. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во атарот на националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него, на источната страна од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига планината Бистра со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Повеќе...
 
Среда, 05 Ноември 2014 03:04    PDF Печати Е-пошта
Граници и административна поделба на Старата скопска чаршија

stara-carsija-180Чаршијата немаше јасно утврдени граници сè до донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија во 2008 година. Со него, детално беа утврдени границите на чаршијата на сите четири страни, површината на просторот во рамките на така утврдените граници, како и неговите географски координати. Исто така, чаршијата беше поделена и на три контактни зони, чијашто заедничка површина е поголема од онаа на просторот во чии рамки е ограничена чаршијата. Според административната поделба на Скопје, местото на кое се простира чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Повеќе...
 
Среда, 05 Ноември 2014 03:03    PDF Печати Е-пошта
Фурка - село во Општина Дојран

furka180Во Фурка живеат околу 1000 жители, сите со македонско потекло и православна христијанска вероисповест. Ова село е дел од општината Дојран, едно од најпопуларните туристички места во државата.

Повеќе...
 
Среда, 05 Ноември 2014 03:01    PDF Печати Е-пошта
Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион (3 дел)

dico-zograf-1-180Веќе во првите месеци на 1857 година, со Дичови творби повторно се среќаваме во Скопје и скопскиот регион. Првично ги работи иконите за црквата Св. Никола во с. Долно Водно која денес не постои, потоа во два наврати во 1857 г. и 1860 г. слика икони и за храмот Св. Богородица во Скопје.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.