Среда, 12 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Дримкол

drimkol1
Зетовска носија, Долни Дримкoл, с. Дренок (лево) и Струшка носија, Горни Дримкол (20-ите години од XX век).

Дримкол — етногеографски предел во југозападниот дел на Македонија, на границата со Албанија. Името го добил од реката Дрим и турскиот збор „кол“ што значи одред војска или стража; жупа.

Се простира на запад од реката Црни Дрим, по источните страни на планината Јабланица. На југ допира до брегот на Охридското Езеро, а на север до Дебарска Жупа. Се дели на Струшки или Горни Дримкол на југ и Дебарски или Долни Дримкол[2] на север. Струшкиот Дримкол е поголем и се шири на дел од Струшко Поле, а дебарски Дримкол е планинско-ридест крај. Покрај источната периферија на двата Дримкола води регионален пат кој го поврзува пределот на север со Дебар и на југ со Струга. На запад, од Струга преку Ќафасан, води меѓународен пат кој го поврзува Д. со Албанија. Во Дримколската Клисура се изградени две вештачки акумулации, Глобочица и Шпилје, на кои се подигнати и две електроцентрали. Кај селото Пискупштина е откриен јаглен со резерви од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира. Главно занимање на дримколци во Струшко Поле е земјоделството, а во јабланичките села сточарството. Значаен дел од населението е заминато на привремена работа во странство.

kukja-vevcani
Традиционална дримколска архитектура - Куќа во село Вевчани

Во Дримкол има 23 села, од кои 15 се во Струшки, а 8 во Дебарски Дримкол. Главно административно и стопанско средиште на Дримкол е Струга.

Струшки Дримкол: Боровец, Вевчани, Велешта, Враниште, Вишни, Горна Белица, Долна Белица, Добовјани, Заграчани, Калишта, Лабуништа, Октиси, Подгорци, Радолишта, Шум.

Дебарски Дримкол: Јабланица, Безово, Дренок, Лакаица, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина.

Најголемо село е Лабуништа, со 5.936 ж. (2002 год.), додека селото Вевчани е самостојна општина. Населението го составуваат Македонци, Македонци муслимани (Торбеши) и Албанци, кои се поделени на Геги и Тоски.

Културно уметничкото друштво "Дримкол"

Културно уметничкото друштво "Дримкол"од Вевчани во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.

Формирано е во 1979 година како здружение на граѓани во кое здружение се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани.

Од тогаш до денес активно и успешно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности, со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност. Како национално богатство на Р.Македонија ова културно уметничко друштво се афирмира себеси,и ја афирмира нашата држава онака како што се очекува,квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоени дипломи, награди и признанија на домашни и сртански фестивали.

Богатата изворна Вевчанска носија,изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Македонија. Но покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава (источно, западно, централно, јужно), а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна носија од горе споменатите региони.

Квалитетното озбилно и "професионално работење на КУД "Дримкол", предизвикува големо внимание кај младите во Вевчани, ја зголемува желбата и љубовта кон уметноста кај нив овозможува постојано да расте бројот на членови, а тој број денес изнесува 135 активни членови на возраст од 7 до 35 години.

Покрај редовно учество на домашните фолклорни фестивали: Балкански фестивал -Охрид; Илинденски денови -Битола; Оро без граници - Скопје; КУД "Дримкол"има учествувано и на фолклорни фестивали во странство и тоа:

Хрватска - 1979,1980,1982,1987 година; Србија и Црна Гора - 1981, 1997, 2000, 2001, 2002, 2003 година; Германија - 1990 год; Полска - 1993, 1995 год; Турција - 1994, 1997, 1998 год; Бугарија - 1992, 1997 год; Египет- 2002 год; Сардинија-Италија - 2003 год.

Во склоп на КУД "Дримкол" Вевчани работи и аматерската театарска група Патувачкиот театар "Поклонисе и падни" лој обработува и поставува на сцена драмски текстови врз основа на Вевчанскиот немирен дух, а со тоа ја продолжува театарската традиција во Вевчани која датира од 1936 год.

КУД "Дримкол"како високо квалитетна културна институција во Вевчани, дава огромен придонес за развој на македонската култура и традиција.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.