Среда, 05 Ноември 2014    PDF Печати Е-пошта
Иконописното творештво на Дичо Зограф во Скопје и Скопскиот регион (3 дел)

dico-zograf-1

Веќе во првите месеци на 1857 година, со Дичови творби повторно се среќаваме во Скопје и скопскиот регион. Првично ги работи иконите за црквата Св. Никола во с. Долно Водно која денес не постои, потоа во два наврати во 1857 г. и 1860 г. слика икони и за храмот Св. Богородица во Скопје. Од творештвото создадено за овој храм во 1857 г. запазени се неколку икони со потписи на Дичо Зограф и датирани со 1857 г., а од делата создадени во 1860 г. се издвојуваат царските двери каде ја насликал композицијата Благовештение, со донација на господин Јован Манојловиќ. За жал, од пожарот кој го зафатил овој храм во 1944 г. изгубени се трагите на повеќето од овие икони. Во 1857 г. работи и за иконостасот во црквата Св. Илија во село Кадино каде ги слика двете престолни икони Богородица со Христос и Исус Христос Седржител, потпишани и датирани на 20 април 1857. Следната нарачка при крајот на истата година Дичо, заедно со своите соработници ја реализира во црквата Св. Спас во село Драчево. За иконостасот во овој храм го насликал Архангел Михаил на олтарната врата од протезисот, престолната икона со претставата на св. Харалампиј и празничната икона Вознесение Христово, на која се чита Дичовиот потпис, датата 26 ноември и годината 1857. Останатите престолни и празнични икони и иконите со апостолите се претпоставува дека се насликани од некои од неговите соработници. Иконописната ризница на овој храм денес чува околу педесетина помали икони насликани од раката на Дичо Зограф.

Во 1857 година се среќаваме со неколку негови потпишани иконописни дела и во црквата Св. Троица, село Ѓуменџе, Бугарија. Заради големата ангажираност на Дичо во текот на целата 1857 г., претпоставуваме дека иконите за бугарскиот храм се насликани во неговото скопско ателје каде ги работел и иконите за скопските цркви.

Неговите следни чекори ги следиме во гостиварскиот крај, каде за иконостасот во црквата Св. Марена во село Зубовце, ја насликал престолната икона со претставата на св. Марена која е потпишана и датирана во 1859 година. Во истата година е изведен и иконостасот во црквата Св. Петка во Гостивар, каде Дичо ги насликал престолните икони, но ги работел неколку години претходно, од 1853 до 1856 година.

Од ноември 1859 до март 1860 година Дичо Зограф продолжува со работа во соседна Србија каде во црквата Св. Троица во Врање работи на икони за целиот иконостас. Големиот зафат во овој храм се смета за еден од најзначајните во Дичовото иконописно творештво. Од истата година е и скоро објавената престолна икона Исус Христос Седржител, изработена за црквата Св. Никола во с. Брчево, струшки регион. Веднаш по завршувањето на обемната работа за храмот во Врање, од втората половина на 1860 г., повторно со Дичовите дела се среќаваме во Скопје каде работи во храмот Св. Богородица, како што погоре беше наведено, а потоа слика две икони за црквата Св. Константин и Елена, исто во Скопје. Првата икона Богородица со Христос и светители (кат. 13) е потпишана и датирана: и^ рбки дичд ^шгрдфд девор... 1860 декември 2, а втората Воведение на Богородица и светители, каде во средината на иконата меѓу двете зони, Дичо го оставил својот потпис и ја датирал: и^т» рЅки Дичд ^грдфд 1861 февр\(АрТл 14. Следниот месец, на 23 март 1861 г. го завршил и последното засега познато дело за црквите во скопскиот регион, иконата со светителските претстави на св. Никола и св. Стефан (кат. 14), за манастирската црква Св. Пантелејмон, с. Нерези.

dico-zograf-2

dico-zograf-3По големата творечка ангажираност во Скопје и скопскиот регион, од следната 1862 г., па се до крајот на 1864 г., Дичо својата зографска активност ја префрла во Охрид. Во црквите во Охрид покрај богатото иконописно творештво, работел и живопис во некои од нив: Св. Никола - Геракомија, Св. Богородица - Челница, Св. Богородица Перивлепта, Успение на Богородица - Каменско, Големи Св. Врачи, Св. Никола - Долна Влашка Маала. Во периодот додека творел во охридските цркви, во 1862 г., добива нарачка за изработка на две престолни икони за црквата Св. Архангел Михаил во село Ташмаруништа, струшко и во 1863 г. за три икони од иконостасот за црквата Св. Петар и Павле во Кула, Бугарија. Дичо при престојот во Охрид добивал и приватни нарачки, како на пример сликаната флорална декорација - кантарос со цвеќе (што се повторува скоро на сите парапетни плочи од иконостасите на кои работи Дичо), насликана во нишата на приемната просторија во куќата на семејството Робевци, за кое семејство ја насликал и иконата со Седмочислениците, а за браќата Прличеви во 1864 г. ја насликал иконата со Богородица Слаткоцелујушта.

Следниот Дичов чекор не води повторно во гостиварскиот крај каде во црквата Св. Илија во село Селце, работи на живописот кој бил завршен 1864 г. и иконостасот кој целосно е комплетиран дури во 1866 година. Таа година повторно се навраќа во Охрид каде ги слика парапетните плочи за иконостасот во црквата Св. Богородица Перивлепта и продолжува со своите соработници во реканскиот крај, каде за црквата Успение на Богородица во село Гари, заедно работат на иконите за иконостасот и живописот. За првпат во истата година работи и во тетовскиот регион, во црквата Св. Илија во село Стенче каде ги работел иконите за иконостасот. Веќе следната, 1867 г., Дичо повторно е ангажиран во струшкиот крај каде работи голем број икони за црквите Св. Богородица во село Вевчани и Св. Богородица во село Боровец. При крајот на истата година ја завршува и нарачката за три икони за црквата Св. Илија во село Градец кај Видин, Бугарија. Иако од средината на 1867 г., Дичовата продуктивност се намалува, сепак големиот мајстор продолжува со создавање и следната 1868 година, враќајќи се повторно во Бигорскиот манастир ги слика портретите на јеромонах Теодосиј и игуменот Јоаким во машката трпезарија. До скоро постоеше мислењето дека овие два портрети се последно Дичово дело, но неодамна во селото Белица, кичевско, беа откриени засега последните потпишани и датирани икони, завршени во месец септември 1868 г. За откривање на нови творби на зографот после 1868 г., па се до неговата смрт 1872/73 г., ќе се потрудат идните истражувачи и почитувачи на неговото дело.

Развојот и постојаното надградување на својата уметничка, духовна и јазична култура, големиот мајстор во големи размери го рефлектира врз својата богата ликовна дејност. Неговиот ликовен развој може да го следиме во неколку фази. Првата фаза ги опфаќа

годините околу 1850 г. и неколку години пред тоа, а постојано може да се следи се до 1860 г. Иако на почетокот од оваа фаза тој е се уште под големо влијание на своите учители, зографите Михаил и Димитрија - Данаиил од Самарина, сепак, се гледа постепената потреба од ослободување на геометриското градење на формите, точно предвидливиот преод на инкарнатот од светло во сенка и нагласувањето на барокни декоративни елементи. Но, од друга страна, имаме тенденција за чиста и јасна линија, минуциозна обработка на деталите на облеката, трудејќи се притоа да создаде свој препознатлив манир при сликање на ликовите. Се судрува и со проблеми во решавање на анатомските пропорции на телото, посебно во сцените со повеќе фигури. Но, веќе во втората преодна фаза од средината на 50 - те години почнува да се чувствува посигурно владеење со линијата, послободно владеење при градирање на колоритот, а притоа почнувајќи со пофункционално користење на светлината при нагласувањето на волуминозноста на формите. Во овој период, како куриозитет се издојува почестото користење на златната позадина, посебно на престолните икони. Во третата фаза, од 1860 г., па се до последните дела од 1868 г., веќе се чувствува вештата рака на искусен мајстор, не само при моделацијата на формите со контролирање на интензитетот на боите, туку ја доведува до совршенство и обработката на портретните карактеристики на светителските ликови, а внесува и мноштво декоративни детали на облеката на светителите, како низи од бисери и златни ленти по рабовите и украсни аграфи на наметките. Величината на овој зограф не се состои само во сигурното работење со бојата и линијата, туку и во неоспорно доброто владеење со димензиите на површината на која работи. Заклучокот е дека сосема е невидлива разликата во квалитетот при обработка на иконите или композициите од ѕидното сликарство, што секако е обележје само за врвните мајстори на зографскиот занает. Исклучителните карактеристики на оваа личност (несопирливата желба за нови ликовни и духовни спознавања, необјасниво големиот број на квалитетни создадени дела и влијанието кое го има врз своите ученици и соработници), сами од себе ја наметнуваат потребата за што поинтензивно понатамошно разоткривање на делото и личноста на најталентираниот зограф во македонската црковна уметност на XIX век.

dico-zograf-4

Викторија Грозданова Коцевски,
историчар на уметноста

Премин портал

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.