|
||||
Од минатото на Тиквешкиот крај |
Виновата лоза: Овој крај посебно е значаен како лозарски реон и нема место во цел овој регион каде што виновата лоза така би успевала и со таков одличен квалитет, како што тоа успева во Тиоквешкиот крај. Едноставно можат да му се приклучат областите околу Струмица, околу Раец кој со својата географска положба на тиквешкото подрачје. Најраспространета е лозата со црно грозје, а белото грозје е доста ретко. Од црните сорти на грозје доминираат: никодинка, нишавка и тиквешка лоза. Најквалитетно грозје се одгледува во околината на село Росоман, а најубавото вино во село Камен Дол. Само тиквешкиот округ можел да даде околу 2 милиона оки грозје (една ока тежи еден килограм и 280 гр.). Песокливите предели и околните ридови би требало да бидат засадени со винова лоза и со овошни дрвја, со што нема да биде толку пусто во овој крај како што е денес. Во Кавадарци во есен бербите на грозје знаеле да бидат многу богати. Од разни краишта доаѓале трговци да купат грозје, шира и вино. Сето тоа било транспортирано кон Солун, а еден дел кон Скопје и кон Белград. До 1913 гопдина Тиквашијата била под винова лоза. Дали филоксерата дали воените операции кои таму се одвивале за време на Првата светска војна, биле причина за пропаѓањето на виновата лоза, не знам. Денес Тиквешијата речиси и да нема винова лоза. Пустите ридови се пржат под сончевиот жар, чекајќи повторно да бидат засадени со винова лоза. Филоксерата претставува растителна вошка со големина од 1 мм, која живее во коренот и во листот на виновата лоза и се вбројува во најопасните болести на виновата лоза, бидејќи го напаѓа коренот. Оваа болест предизвикува сушење на пенушката и угинување на растението. Виновата лоза заразена од филоксерата по четвртата година целосно е уништена. Лозарството во Македонија било поштедено од првиот налет на оваа болест во 1878 година. Оние кои ја посетиле Тиквешијата до отпочнувањето на Балканските војни се сеќават на зелените површини посадени со винова лоза. Таа била гордост за Тиквешани бидејќи оваа болест по неа била препознатлива на целиот Балкански Полуостров. По записите на патеписецот и геоморфологот Фран Туќан за време на неговото патување во Кавадарци стои дека за прв пат по долг период на континуиран пораст на производството на грозје, вино и ракија во Тиквешијата, 1913 година се памети како исклучително лоша година за лозарството. Во записот се вели дека до Балканските војни во целиот тиквешки реон преовладувало зеленило од бројните лозови насади, кои особено биле застапени во месностите „Смилица“, „Белите камења“, „Раштани“, „Белград“, „Думовица“, „Витачот“ и други места. Веднаш по војната во целиот Тиквешки крај започнале да се забалежуваат цели кругови уништени лозја, и тоа токму во овие месности, каде што се наоѓале најубавите лозови насади. Болеста на виновата лоза, позната како филоксера, за кратко време направила вистинска пустош во овој крај, а богатото и зелено тиквешко поле набргу добило тажен изглед. Кавадарци во 1916 година, раскажува Богдан Филипов ...Поминавме низ Марена село, со 60-70 куќи. Кавадарци има околу 6000 жители, од кој, покрај христијаните, има и помашки и турски куќи. Градот наликува на големо село со неколку поголеми беговски куќи. Големата зграда на општинската управа (конакот) е сосема разурната од Србите. Ни најдоа добар стан кај тукашните трговци, а за јадење ќе одиме кај окружниот управител, Ѓоро Николов, кој има гостилница и готвачка. Ноќта спиев лошо поради многубројните мушички. Утредента, вторник, излеговме малку во градот, направивме наколку снимки, а потоа отидовме во црквата „Св. Димитрија“, изградена 1838 година. Во дворот на црквата имаше надгробна плоча во сив варовник висока 153, широка 55, дебела 8 см., од горе со триаголен фронтон, во него под кругот арка со две колони грубо изработени женски фигури, под нив, во квадратно поле, копачка со два краја, под него, во одделно поле, грчки натпис, 7 реда букви, височината на буквите 5 см, последниот ред 3 см. Надгробната плоча била ископана во нивите околу Кавадарци. Во дворот на училиштето сега во окружната управа, се наоѓа мермерна плоча, висока 66 см, широка 65, дебела 9 см, на долниот крај профилирана со 4 фугури (првата и третата жени, втората и четвртата – мажи), десните раце им се наоѓаат на градите, а со левата го држат крајот од наметката, сите имаат десен спиенбеин со долна облека и мантија, мажите со сандали, првата женска фигура со забрадена шамија на главата, одозгора 2, одоздола 3 запфемлоцхер (на превесот). Постаарите икони во црквата се од 1839 година до 1841 година Во западнииот дел во внатрешниот простор на црквата се наоѓа надгробниот споменик на Поп Анѓел Поповиќ. Денеска е многу жешко, по ручекот имаше малку дожд, па малку и се разлади. Приквечер отидовме во Ваташа, каде уште пред 60-70 години имало печастница и каде што со своите достигнувања живеел познатиот Даскал Камче. Што се однесува до интензивното присусувто на големиот број римски споменици кои ги најдов во околината на Кавадарци и во Градско, многу јасно кажуваат, дека во римсииот период целиот овој крај бил густо населен и дека овдешното население стекнало многу високо културно ниво. Од Кавадарци прибрав еден многу важен споменик од 17 век, со потекло од Полошкиот манастир, како и еден римски надгробен споменик од мермер со интересни релјефни структури. Од книгата „Вистински приказни за вечни саќавања, Кавадарци 1900 – 1945)“, од Зорка Тиодорова Младеновиќ, Кавадарци 2010 г. (Подготви Марко Китевски) |