Македонски легенди

Арсени Јовков

arseni-jovkov

arseni-jovkovАрсени Јовков (25. III 1882 – 14. IX 1924) е македонски поет и публицист, општественик, револуционер, учесник во Илинденското востание, преведувач, филмолог. Како литерат се пројавува во првите две децении на ХХ в., во периодот на својот престој во Бугарија. Редактор е на весниците „Илинден“, „Пирин“ и „20 јули“, а по 1923 г. решително се одредува на страната на македонската левица. Издал две поеми: „Проклетина“ (Варна, 1905) и „Љуљебургас“ (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови „Илинден“. Тој е првиот македонски филмски сценарист, според чие сценарио е снимен документарниот филм „Македонија во слики“ во 1923 г. и е автор на сценарио за игран филм „Илинден“

Аресни(ј) Танасков Јовков (псевдоними Пејко Селички, Стар Чинар) е роден на 25 март 1882 година во струшкото село Селци. Тој е син на Атанас (Танасков) Јовков кој долги години се бори против месните бегови, а негов вујко е писателот Војдан Чернодрински. Се образува и завршил гимназија во Битола. Уште како ученик во Битолската гимназија, некаде околу 1900 г., почнува да пишува поезија, речиси истовремено со својот соселанец, Војдан Чернодрински.

Во пресрет на Илинденското востание, во престрелка со Турците, загинал таткото на Арсениј. Сеуште средношколец, Арсениј се враќа во Дебарско и влегува во Македонската револуционерна организација. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како секретар на војводата Атанас Тасе Христов. Се бори во Дебарца и  Кара Осман, а по загинувањето на неговиот брат Нико Јовков, Арсени станува војвода на неговата чета.

Арсени Јовков по востанието емигрирал во Бугарија, каде го основа и раководи Дебарското братсво во Софија. Својата духовна сила тој ја посветува на творењето, на поезијата, но најмногу на новинарството. До Балканските војни Арсениј издал две поеми: „Проклетина“ (Варна, 1905) и “Љуљебургас“ (Варна, 1912). Во ракопис му се останати повеќе песни и поеми меѓу кои романот во стихови “Илинден“.  

Како што се неговите творби се исполнети со вонредна лирска топлина, така и живот на Арсени е исполнет со огромна љубов кон Македонија. Тој е верен следбеник на илинденските идеали и како доброволец во Македонско-одринското ополчение учествува во Балканските војни, а потоа во Првата светска војна бил назначен за кмет на Приштина (1917 – 1918).

По 1921 година  Арсениј Јовков е еден од раководителите на Илинденската организација, основач и уредник на весникот „Илинден“ (1921 – 1923). Во весникот пишува воведни статии и други материјали против поделбата на Македонија.  По забраната за излегување на весникот “Илинден“, весникот се преименува прво во “Пирин“ (1923 – 1924), а потоа во “20 јули“ (1924). Арсени работи како редатор во новоименуваните весници на Илинденската организација.

Арсениј Јовков во текот на својот живот се јавува како литературен критичар, преведувач и филмолог. Во 1923 година заедно со Георги Занков, по свое сценарио, Јовков го снима документарниот филм „Македонија во слики“. Во овој филм, кој се сретнува уште како „Македонија“ се прикажани и снимки од пренесувањето на останките на Гоце Делчев во црквата „Света Недела“. Исто така, тој е автор и на сценариото за игран филм „Илинден“.

По 1923 година Арсениј Јовков решително се одредува на страната на македонската левица. Тој е еден од авторите на Меморандумот на Илинденската организација од 17 април 1924 година со кој се протестира против прогонот на македонските дејци од страната на бугарката влада на Александар Цанков. Исто така, позитвно се однесува кон Мајскиот манифест од 1924 година и идејата за обединување на левите и десните македонски патриотски сили. Оттука тој прв во Бугарија го публикува Мајскиот Манифест.

По убиството на Тодор Александров (31 август 1924), Арсени Јовков ја напушта Софија и заминува за Македонија, но е убиен на 14 септември 1924 година во Горна Џумаја (Благоевград), Пиринска Македонија, од страна на прврзаниците на Ванчо Михајлов.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top