Македонски легенди

Ванчо Србаков

Vancho Sarbaka

Vancho SarbakaВанчо Србаков (XIX век – 24. IV 1905) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.  Активно учествува во подготовките и за време на Илинденското востание. Се бори против српската пропаганда во Поречието и Кичевско. Две години по Илинденското востание, загинува јуначки при обид да го пробие обрачот на турскиот аскер кај кичевското село Цер.

Ванчо Мицков Србаков е роден во село Вранештица, Кичевско (XIX век). На млади години емигрирал во Браила, Романија, каде работел како фурнаџија. По повикот на Македонската револуционерна организација македонската емиграција да се подготви за востание и да се врати во Македонија, на почетокот на 1903 година, Ванчо вооружува своја чета во Софија, со која се враќа во родниот крај.  

По доаѓањето во земјата, Ванчо Србаков се вклучува во редовите на Македонската револуционерна организација и влегува во четата на Никола Русински, каде четува и неговиот брат Христо Србаков. Ванчо потоа бил назначен за подвојвода и со четата го обиколува Кичевскиот крај. Во овој период четата на Русински како подвојводи во своите реони покрај В. Србаков, дејствуваат Јордан Пиперката, Веле Марков, Ѓурчин Наумов – Пљакот, Ѓорѓи Сугарев, Тале Христов и други.

На Смилевскиот конгрес, Ванчо Србаков, Георги Пешков, Јанаки Петров и Цветан од Световраче се избрани за членови на Кичевското раководно тело. Ванчо зел активно учество во подготовките за борба со османлиите, како и за време на Илинденското востание. Во неговата чета за време на Востанието се наоѓа Патар Радев – Пашата.

Според планот за нападот на Кичево, војводите Лука Ѓеров, Арсо Мицков, Наќе Јанев и Ванчо Србаков, со околу 500 востаници точно на Илинден на полноќ, извршиле напад од сите страни на турскиот логор во месноста “Јурија”. Во овај напад востаниците имале успех. Меѓу турското илаве се создала паника и се упатиле кон калето во центарот на градот каде била сместена редовната турска војска и штабот, од каде одговориле со силен оган. Во овие борби востаниците се повлекле без загуби, додека илавето имале загуби од 18 мртви.

По нападот на Кичево, иако било планирано, војводата Ванчо Србакот не го нападнал анот во село Ижиште, но со својата дружина се упатил кон Македонски Брод и на 3 август го нападнал теќето Хад’р-баба, позната како текија. Турскиот аскер разбеснат од овие неуспеси следниот ден со големо засилување нападнале на селото Рабетино, во месноста Разбоиште. Во овај судир војводата Ванчо, заедно со селскиот војвода Кочо Матески-Куршумот успеале да ги истераат турските башибозуци и за прв пат ја прогласиле слободата во селата од Рабетинска река. Радоста траела само кусо време. На 9 август, турскиот гарнизон од селото Ижиште извршил силен напад на селата во Рабетинска река, при шро востаниците биле поразени. Потоа  Србаков, Џеров и Максим Ненов воделе тешки борби со турските војски и арнаутскиот башибозук во Кичевско. По задушувањето на Востанието, Србаков се повлекол во Софија.

Во 1904 година, војводата Ванчо Србаков повторно се враќа во Македонија со четата Георги Поп Христов. Тој со четата останува во Кичевскиот и Поречието, а секретар на четата му е Атанас Албански од Горно Јеловце. Во текот на октомври истата година соединетите чети на чело со Даме Груев се спротивставуваат на четите на српската вооружена пропаганда. По разбивањето на четите, Ванчо, заедно со Петар Ацев, едвај успева да се спаси.

Две години по Илинденското востанаие, во текот на ноќта меѓу 23 и 24 април 1905 година, војводите Христо Узунов, Ванчо Србаков и Пецето, придружувани од 14 добровооружени четници, биле опколени од турскиот аскер кај кичевското село Цер. Војводата Ванчо Србаков решил со фрлање на бомби да се пробие, но на неколку чекори од куќата бил погоден. По долга целодневна борба, за да не им паднат живи во рацете на Турците, Христо Узунов и четниците се самоубиваат. Сите се закопани во заедничка гробница.

Ванчо Србаков загина, но споменот за него ќе остана во народната песна.

Војвода Ванчо Србаков

Ајде пишти пиле пишти пиле
Рабетинска река.
-Ајде помош давај, брате Ванчо
Ние изгинавме, живи не фатија.
-Ајде држи, држи млад, Пешо Паша,
Живо не давај се.
-Ајде и да држам, брате ле Ванчо,
Корка леб немам, ниту џепана.
-Ајде држи, држи, млад Пешо Паша,
Живо не давај се, сам утепај се.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top