Македонски легенди

Атанас Тешовалијата

Atanas Teshovski

Atanas TeshovskiАтанас Шабанов – Тешовалијата (1860 – 12. V 1905) е македонски ајдутин, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Кресненското (1878/79) и во Илинденското востание (1903). Бил член на ТМОРО, борец во првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата. Како неврокопски војвода, ги прогонувал врховистичките чети (1901–1902). Загинал во борба со османлиската војска.

Атанас Шабанов е роден во 1860 година во селото Тешово, Неврокопско, Пиринска Македонија. Останува неписмен. Учествува во Кресненското востание во 1878/79 година.  Во 1897 година излегува ајдук во Пирин и учествува во четите на војводите Дончо Златков и Кочо Муструкот.

Во летото 1899 година во селото Горно Броди, Атанас Тешовалијата се среќава со Гоце Делчев и под негово влијание влегува во редовите ТМОРО. Тој се приклучува на првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата.

Делчев и Ѓорче изработиле Правилникот за четите на ТМОРО, но поради недостаток на командувачки кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите ајдути и ајдутски војводи меѓу кои: Атанас Тешовалијата, Кочо Мустракот, Апостол Петков – Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Георги Бродалијата и други.

Имено, во 1901 година Атанас Тешовалијата е назначен за војвода во Неврокопскиот реон. Во овој период тој врши организациска работа и ја проширува мрежата на Организацијата основајќи комитети во сите села  на неговиот реон.

Во текот на 1901/1902 година, како неврокопски војвода, Атанас Тешовалијата ги прогонува врховистичките чети. Во април 1902 година ја присоединува четата кон Јане Сандански во село Банско за заедничка борба против врховистите и станува еден од најверните соработници на Ј. Сандански.

На 7 јуни 1903 година здружените чети на војводите Атанас Тешовалијата, Димитар Кашиналијата, Георги Спанчовалијата, Христо Танушев и Стојан Филипов, водат борба со турските војски кај врвот Голеш (Валовишта).

За време на Илинденското востание во 1903 година, Тешовалијата дејствува во својот крај. Спроти Крстовден, заедно со војводата Стојан Филипов ги прекинуваат телеграфските врски помеѓу селата Куманич и Долно Броди. На 26 октомври 1903 година, чета на Тешовалијата која брои 20 луѓе, била нападната од 200 војници на османлиската војска. Во борбата загинале 4 востаници и 20 припадници на турскиот аскер.

По Илинденското востание Тешовалијата останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници.

На 12 мај 1905 година (ст.ст.), Атанас Шабанов – Тешовалијата загина при враќањето од од обиколката на Серско, кога кај врвот Али Ботуш (Пирин Планина) паѓа во заседа на турската војска. Во огорчена борба која траела цел ден загинале војводата заедно со повеќе свои четници.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top