Македонски легенди

Божидар Татарчев

pecat-na-ck

pecat-na-ckБожидар Андреев Татарчев (9. XII 1870 – 26. X 1940) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, масон и хирург. Медицина завршил во Берлин (1892), а хирургија специјализирал во Париз и Лондон. Активно соработувал во Балканскиот комитет, основан во Англија (1903) за да ја запознава светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците. Бил активен во Сојузот на македонските емигрантски организации, а како хирург работел во Софија (1905-1922), а потоа во Битола до 1926 г..

Божидар Татарчев е роден на 9 декември 1870 година во Ресен, во семејството на Андреј Татарчев. Негови братучеди се Христо и Михаил Татарчев, исто така активни дејци на Македонската револуционерна организација.

Основното образование Божидар го стекнал во родниот град, а во 1882 година заминал со братучед Христо Татарчев во Пловдив каде завршиле гимназија. Во 1887 година, двајцата братучеди заминале во Цирих, каде студирале медицина. Студиите потоа ги продолжиле на Универзитетот „Фридрих Вилхем“ во Берлин. И двајцата дипломирале во 1892 година, а потоа полагале државен испит во Цариград, по што се стекнале со право да практикуваат лекарска пракса во целата Отоманска империја.

Во 1892 година д-р Христо Татарчев бил назначен за лекар во машката гимназија во Солун, а д-р Божидар Татарчев за училишен лекар во Скопје. Но, набрзо Божидар заминал за Париз, каде во периодот од 1893 до 1895 година специјализира гинекологија и хирургија. Божидар потоа ја продолжил сапецијализацијата во Англија, каде се усовршувал околу десет години, до 1905 година. Во овој период, покрај професионалното усовршување, тој развил широка општествено револуционерна дејност.  

Д-р Божидар Татарчев ја преставувал Македонската револуционерна организација и активно соработувал со Балканскиот комитет, формиран во Лондон во 1903 година. Основната цел му била да ја запознае светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците и со револуционерната борба на Македонската револуционерна организација.

Во текот на 1903 и 1904 година, по задушувањето на Илинденското востание, како преставник на македонски народ тој говори на многубројни митинзи на Балканскиот комитет во Англија, како и на меѓународниот митинг во театарот „Сара Бернар“ во Париз на 12 октомври 1903 година.

Во 1905 година, дошол во Софија, каде ми помагал на американскиот новинар Артур Смит да влезе со чета во Македонија. Од 1905 до 1922 година, Божидар работел како хирург во Александровската болница, а за време на Балканските и Првата светска војна тој е се наоѓал на фронотот како воен хирург.

На основачкиот собир на македонските бегалски братства, кој се одржал од 22 до 25 ноември 1918 година во Софија, тој бил избран за потпретседател на Извршниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Во февруари 1919 година Комитетот испратил до Париската мировна конференција “Мемоар”, во кој се бара присоединување на Македонија кон Бугарија или Самостојна Македонија под покровителство на големите сили. С-р Божидар Татарчев ги застапувал позициите на обновената ВМРО автономистичка на Тодор Александров.

Во октомври 1920 година на Вториот голем собор д-р Божирад Татарчев е избран за член на Извршниот комитет на Сојузот на македонските братства заедно со д-р Иван Каранџулов, Никола Стојанов, Христо Станишев, Наум Томалевски, Никола Дишков, Петар Глушков, Јаков Јанков, Славејко Матов и Христо Попов.

Во 1924 година д-р Божирад Татарчев се вратил во својот роден крај, кој се наоѓа под власт на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Првично живеел во Ресен, а потоа во Битола, каде што почнал да ја практикува лекарската професија во локалната католичка болница. Станал многу популарен меѓу сонародниците. Меѓутоа, српските власти го засилиле притисокот врз него и во август 1926 година не му дозволуваат да продолжи со лекарската пракса. Во инцидент при тешка операција го изгубил видот на едното око.

Д-р Божидар Татарчев под притисок на српските власти бил принуден повторно да бега од својата родна земја во Бугарија, каде потоа работел до пензионирање како окружен лекар во Ќустендил. Починал на 26 октомври 1940 година во Софија.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top