Македонски легенди

Кузман Сотировски – Чокалија

Sotirovic-Kuzman

Sotirovic-KuzmanКузман Сотировски (срп. Ситировиќ) – Чокалија (16.X 1908 – 25. VII 1990) е македонски фудбалер и прв македонски олимпиец кој играл за Кралството Југославија (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците до 1929 г). Фудбал почна да игра во подмладокот на Белградскиот спорски клуб (БСК), а во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец. Познат како Чокалија, тој ги бранел боите на Белград и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 – 1931), за која постигнал два гола.

Кузман Сотировски е роден на 16 октомври 1908 година во тетовското село Стенче. Тој имал тројца браќа кои во 1913 година заминале на печалба во Белград, каде отвориле фурна и никогаш не се вратиле во селото. Еден од браќата при посета на родното место му донел на Кузамн топка, која ја купил во Букурешт. Таа била првата топка во селото и првото искуство.  

Љубовта кон топката продолжила и по доаѓањето во Балград, каде младиот Кузман почнал да игра фудбал во подмладокот на Белградскиот спортски клуб (БСК). Набрзо влегол во првиот тим и во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец во лигата (шест гола од пет натпревари). Четири пати со својот тим го освојувал првенството на Југославија.

Кузман бил со низок раст и осредни физички карактеристики. Како играч на напаѓачката тројка (водач на нападот), тој најчесто играше од “втората линија”, каде како добар техничар вешто ги избегнувал судирите со противниците и итро ги наоѓал најдобрите решенија. Ведрата  природа на итриот Кузма се одразувала во неговата игра и спортскиот дух на теренот.

Кузман Сотировски – Чокајлија ги бранел боите на градската селекција на Белград на 19 натпревари и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 – 1931), за која постигнал два гола. Всушност, тој е првиот Македонец кој заиграл за репрезентацијата на Кралството СХС, потоа Југославија, и првиот фудбалер од Македонија кој учествува на Олимписките игри.

Првапат за репрезентацијата Кузам играл заедно со уште четири дебитанти, на натпреварот Југославија – Романија, кој се одиграл на 6 мај 1928 година во Белград за Куп на пријателски земји.  На напреварот во кој Југославија победила со 3:1 (3:0), тој дал два гола.  Истата година, со репрезентацијата учествува на Олимписките игри во Амстердам, каде по поразот од Португалија со 2:1, Југославија отпаднала од понатамошното натпреварување.

Својот последен натпревар за репрезентацијата на Југославија, Кузман Сотировски – Чокајлија го одиграл на 4 октомври 1931 година во Софија, на Балканскиот куп, на кој Југославија беше поразена со 3:2.

Инаку, Кузман  Сотировски – Чокајлија, по завршување на првенството 1927/1928 година, како најдобар голгетер заминал да игра во Франција. Тој играл за францускиот фудбалски клуб ФК Сет (1928-1932), а потоа во СК Монпелје. По престанувањето со активната игра, Кузман останал да живее во Париз.

Кузман  Сотировски – Чокајлија умира на 25 јули 1990 година во Париз, во 82 година. Неговите посмртни остатоци се погребани на Новите гробишта во Белград.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top