Македонски легенди

Анастас Митрев

anastas-mitrev

anastas-mitrev

Анастас Митрев (1884 – 1952) е македонски деец, учител и борец за македонската самостојност. Учествувал во Младотурската револуција и бил делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Во 1911-1912 година во Солун го редактирал весникот “Учителски глас”, орган на организацијата на македонските учители. По балканските војни заминал во емиграција, каде што, имал забележително учество во активностите на Временото претставителство на Внатрешна организација. Заземал истакнато место во движењето и соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев, Крсто Раковски, Димитар Влахов и др.

Анастас Митрев е роден во 1884 година во охридското село Завој. Се школувал во Охрид и Пловдив, а потоа некое време учителствувал во Кичево. Во есента 1908 год., поради учество во Младотурската револуција, Егзархијата го назначила за учител во Лерин. Уште при првата обиколка на Леринско тој увидел дека таму е тврдина на будниот македонски дух, гранитна македонска карпа на која се разбиваат нападите на грчката пропаганда.

Во Леринско, Митрев ги затекнал македонските војводи Ѕоле Стојчев од с. Баница, Пандил Шишков од Екши-Су; Крсто Љондев од Неокази, Пеце Христов од Неолјани и др., кои се одликувале со дисциплина, самоувереност, разумност, самостојност, меѓусебно помагање и солидарност со животот на народот. Во истиот дух била и учителската организација и учителите, главно млади и полни со ентузијазам. Анастас влегува во тесни врски и со Македонската револуционерна организација.

Во есента 1908 година, Анастас Митрев и охриѓанецот Никола Пасков, новоназначениот егзархиски училишен инспектор за Леринско, формираат локалната организација на Сојузот на бугарски конституциони клубови (СБКК). За претседател бил избран Пасков, а за секретар учителот Митрев. Отфрлајќи ги штетните централни директиви, конституциониот клуб во Лерин прераснал во вистинско народно движење кое политички и идејно се ориентирало кон Народната федеративна партија.

Во 1909 година, по контрапревратот на султанот Абдул Хамид, кога СБКК прифаќа позиција на неутралност, Митрев и останатите Лерински функционери преминуваат на страната на Народната федеративна партија (НФП), а Митрев е делегат на основачкиот конгрес на НФП од Охрид. Митрев и другите македонски дејци работат во интерес да ја зачуваат територијалната целост на Македонија, бидејќи се свесни дека во спротивност таа ќе стане објект на завојување на грабливци инспирирани од надвор, кои што ги бараат богаствата на Македонија.

Во 1911  и 1912 година, Анастас Митрев работи во Солун како главен уредник на весникот “Учителскиот глас”, орган на организацијата на македонските учители. По Балканските војни заминува во Прага каде се стекнува со високо образование, а потоа се населува во Бугарија.  

По завршувањето на Првата светска војна, Митрев учествува во работата на „Привременото преставништво на поранешната Внатрешна организација“, кое објавува Апел до македонскиот народ и до емиграцијата во Бугарија за постигнување на единство во барањето за самостојна и обединета Македонија. Ополномоштен делегат бил испратен во Париз да ги застапува македонските интереси, да го пренесе барањето за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна неутрална држава.

Анастас Митрев имал забележително учество во активностите на Временото претставништво. Соработувал во весникот “Освобождение” и во други прогресивни весници во Бугарија. Заземал истакнато место во движењето и во борбите на македонската прогресивна емиграција во Бугарија каде соработувал со Јане Сандански, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Павел Шатев, Михаил Герџиков, Александар Динев, Крсто Раковски, Димитар Влахов и др.

А. Митрев пројавува категоричниот однос кон историската условеност и корените на појавата на македонската нација. Во летото 1919 година, пред многубројната македонска емиграција во Деде-Агач, тој на јавен собир истакнал дека борбата на ВМРО во минатото била националноослободителна борба на македонскиот народ против официјалната политика на бугарската држава.

По разочарувачкиот крај на мировната конференција во однос барањата на „Привременото преставништво на поранешната Внатрешна организација“, која ги претставувале и желбите и очекувањата на голем дел од македонскиот народ, оваа организација се распуштила и поголемиот дел од нејзините членови се пасивизирале, дел од нив во своите ставови се приближиле со левоориентираните партии во Бугарија, додека еден дел се вклучиле во општествено-политичкиот живот на Бугарија. Анастас Митрев поради своите сфаќања станува симпатизер на ВМРО (Об.).

Во текот на Втората светска војна, Анастас Митрев останал доследен Македонец, но и антифашист. Во 1947 година, по 34-годишна емиграција се вратил во Македонија. Работел во Институтот за национална историја. Публикувал неколку историографски трудови, меѓу кои е и првата биографија на Христо Узунов и други трудови. Починал во Скопје во 1952 година.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top