Македонски легенди

Христо Тенчов

1le123

1le123 Христо Тенчов

Христо Тенчов (22. II 1872 – 1953) е македонски емигрант, лекар и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Работел како училипен лекар во Солун,, а по Втората балканска војни емигрирал во Софија. По Младотурската револуција, тој го лекувал и Јане Сандански, по извтшените два атентати врз него во 1908 и 1909 година во Солун, Тој е еден од Македонците кој го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија, објавен во средината на септември 1944 година.  

Христо Гоцев Тенчов или Тенчев е роден во 1872 година во јужномакедонски град Кукуш, Егејскиот дел на Македонија, во семејството на трговецот Гоце Тенчов, кој бил убиен за време на патување во 1883 или 1885 година. Христо е најстариот брат на Иван Тенчов – фармацевт, и Димитар (Мито) Тенчов – стоматолог, и двајцата членови на ВМОРО. Неговиот најмлад брат бил Кирил Тенчов, кој завршил финансии .

Христо Тенчов учел во Кукуш, а потоа во 1892 година завршил седми клас на Солунската машка гимназија. Студирал медицина во Нанси, потоа на Сорбона во Париз, каде што дипломирал во јануари 1901 година. Се вратил во Солун, каде работел како училишен егзархиски лекар се до 1912 година. Како училишен лекар ги опслужувал  интернатите во двете гимназии до 1911 година, а во 1911 година бил назначен за лекар во педагошкото училиште. Тој ги лечел и пациентите надвор од градот, а често бил повикуван на консултации кога имало тешки случаи, заедно со странски лекари во градот.

Тој се приклучил на ВМОРО и лекувал многу ранети македонски револуционери . На Серскиот окружен конгрес во 1905 година бил избран за претседател на Солунскиот окружен комитет. Тој водел аптека во Солун и таму му пружил прва помош на Јане Сандански во два наврати при обидите за атентат против него по Младотурската револуција.

Во првиот напад, на 4 септември (стар стил) во 1908 година, по укажаната помош др. Христо Тенчов го сместил Јане во италијанската болница. По вториот напад, на 14 август 1909 година,  тој го извадил куршум што бил во близина на срцето и го одвел во истата болница.

Др. Христо течно зборува старотурски, арапски, латински, француски, англиски, германски, турски и руски јазик. По основањето на Народната федерална партија во 1909 година, тој бил вклучен во нејзиното раководство.

За време на Втората балканска војна во 1913 година, Д-р Христо Тенчов го напуштил Солун и привремено престојувал во Софија. За време на Првата светска војна бил мобилизиран во Александрополис. После тоа конечно се преселил во Софија заедно со сопругата и трите деца, каде што се до смртта се занимавал со медицина.

Во 1944 година го потпишал „Апелот до Македонците во Бугарија“ кој е објавен во средината на септември 1944 година и преставува обраќање на 29 поранешни дејци на ВМРО (обединета) и на ВМРО (протогеровисти), до македонските иселенички организации во Бугарија. Во него, се говори за постоење на самостојна македонска нација, се поддржува АСНОМ, како и вклучувањето на Демократска Федерална Македонија во Демократска Федеративна Република Југославија. Исто така, се посочува дека „македонската емиграција во Бугарија водела крвава борба во своите редови против агентите на фашистичката политика на освојување“ и главна задача била да се исчистат емигрантските организации од нивните „фашистички“ раководства.

Христо Тенчов починал во 1953 година во Софија .

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top