Македонски легенди

Крум Тошев

1sed1

1sed1

Крум Тошев

Крум Тошев (16 II. 1912 – 1976) е македонски славист, македонист и универзитетски професор.  Бил член на Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик и на првиот редалциски совет на Државно книгоиздателство на Македонија. Како професор го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозовски факултет во Скопје. Коавтор е на првиот „Македонски правопис со правописен речник“, како и автор на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование.  

Крум Тошев е роден на 16 февруари 1912 година во Прилеп. Завршил гимназија во Битола, а потоа дипломирал на Филозовскиот факултет во Белград во 1937 година. Работел како професор во Даниловград, Струмица и Слатина.

По оддржувањето на Првото заседание на АСНОМ, во периодот од крајот на ноември до почетокот на декември 1944 година Крум Тошев бил член на првата Комисијата за кодификација на македонскиот литературен јазик, која имала задача да го развие и стандардизира македонскиот литературен јазик преку воведување на македонската азбука и македонскиот правопис. И покрај промена на одредени членови, тој учествувал во работата и на дргите две Комисии за воспоставување на македонскиот јазик, азбука и правопис, кои се состанале во пролетта 1945 година.

Истата година, Крум Тошев бил член и на првиот редакциски совет на новооснованото Државно книгоиздателство на Македонија (Ред. К. Тошев и B.Иљоски – Силјан Штркот и Кузман Капидан, народни приказни, 1945 г.). Како професор го одржал првиот студентски час на новооснованиот Филозовски факултет во Скопје, во делември 1946 година. 

За време на Културната автономија во Пиринска Македонија, Крум Тошев држел предавање во Горна Џумаја за македонскиот јазик. Според сеќавањата на негов современик: „кога еден Бугарин поставил едно провокативно прашање во врска со тоа што е Македонец, а што Бугарин? Тошев, не можејќи да се воздржи му одговорил: Знаете, кога некое семе ќе се измелези, нашиот народ вели – се избугари…“

Крум Тошев бил раководител на Одделот за народна книжевност при Институтот за фолклор и прв директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, основан во март 1953 година, како наследник на институтот за фолклор и литература. Тој бил уредник на списанието „Македонски јазик“ и „Литературен збор“.  Списанието „Македонски јазик“  започало да излегува во јануари 1950 година како месечен билтен на Катедрата за македонски јазик при Филозофскиот факултет, а во првиот уреднички состав биле: Блаже Конески, Крум Тошев, Божо Видоески и Радмила Угринова – Скаловска.

Блаже Конески и Крум Тошев, како коавтор, го издаваат првиот „Македонски правопис со правописен речник“ во ноември 1950 година во Скопје. Освен тоа, Тошев е автор на повеќе учебници и читанки по македонски јазик и литература за основно и средно образование, како и поголем број научни и стручни трудови за основните карактеристики нав фонолошкиот и граматичкиот систем на македонскиот литературен јазик.

Придонес на Крум Тошев за македонскиот литературен јазик е огромен. За него Блаже Конески ќе напише: Тошев е навистина голем.Тој е во основата на она што го нарекуваме македонистика и во потесна смисла наука за македонскиот јазик.

Крум Тошев  починал во 1976 година во Скопје.

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top