Македонски легенди

Наум Наумовски – Борче

1NaumNau1

1NaumNau1

Наум Наумовски – Борче (1. IV 1920 – 28. IX 1960) е македонски комунистички деец, првоборец и народен херој. По Априлската војна во 1941 г. се вратил во родниот град и како член на МК на КПЈ во Крушево веќе од мај работел на подготовките за вооружено востание. Прво бил политички комесар на Крушевскиот НОПО „Питу Гули“, а потоа заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска НОУБ, на Втората македонска НО бригада, на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и политички комесар на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Во два мандата бил градоначалник на Скопје: во 1950 и од 1956 до 1960 г. 

Наум Наумовски е роден на 1 април 1920 г. во Крушево. По основното образование, завршол два класа гимназија во Прилеп, а потоа со семејството се преселил во Белград. Таму завршил нижа гимназија, а потоа од 1938 до 1940 г. работел во фабриката за авиони „Рогожарски“.  

Тој се приклучул на работничкото движење и учествувал во штрајкови. Таму се запознал и со Мирче Ацев. Поради учество во штрајк во фабриката каде работел бил затворен на Ада Циганлија. Во 1940 г., по излегувањето од затвор станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). 

За време на Втората светска војна Наум учествувал во Народноослободителната борба во Вардарска Македонија.. По Априлската војна во 1941 г. Наум се вратил во родниот град и од мај 1941 година работел на подготовките за вооружено востание. Под партизанското име „Зеко“, прво бил член на МК на КПЈ во Крушево. а од пролетта 1942 година бил политички комесар на Крушевскиот партизански одред „Питу Гули“.  

Со почетокот на зимата, кон крајот на 1942 година, Наум се илегализирал, а потоа заминал за Западна Македонија под италијанска окупација, каде што под партизанското име Борче заземал повеќе високи функцци во македонската војска.  

Наум Наумовски – Борче бил заменик политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на баталјон во Првата македонско-косовска НОУБ, на Втората македонска НО бригада (од јануари 1944), на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и политички комесар на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ и член на ГШ на НОВ и ПОМ. Исто така бил и делегат на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 г.).  

По Ослободувањето Наум Наумовски Борче бил републички и сојузен народен пратеник, секретар на Сојузниот совет на Народното собрание на ФНР Југославија, член на Владата на НР Македонија, член на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија (ССРНЈ), член на Претседателството на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ), член на Извршниот комитет на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Македонија (ЦК на СКМ), член на Централниот комитет на Сојузот на комунисти на Југославија (ЦК на СКЈ). Во два мандата бил и градоначалник на Скопје во 1950 и од 1956 до 1960 г.

Наум Наумовски – Борче починал на  28 септември 1960 година во Скопје.

Тој е носител е Партизанска споменица 1941 и други одликувања меѓу кои: Орден заслуга за натопд од прв ред, и Орден за храброст. Со Орден на народен херој на Југославија одликуван е на 29 декември 1951. 

1Tihomir Подготвил Т. Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top