Македонски легенди

Георги Томалевски

1sew1

1sew1

Георги Томалевски (16. Ⅸ 1897 – 28.IV 1988) е раскажувач, романсиер, публицист, есеист. Како млад емигрирал во Бугарија, каде што завршил гимназија и физика на Софискиот универзитет. Работел долго како просветен работник.  Во литературата влегол мошне млад и оставил богат прозен опус. Се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката и го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в.

Георги Томалевски е роден на 16 септември 1897 година во мијачко семејство во Крушево, тогаш во Отоманската империја. Неговиот татко Христо Димов Томалевски бил претприемач, по потекло од Галичник, а неговата мајка Коца Георгиева од Гари Тој е брат на Наум Томалевски, член на Задграничното претставништво на ВМРО и на Димитар Томалевски, исто така активист на ВМРО. За време на Илинденскпто востание во 1903 година, во домот на нивните родители во Крушево, била прогласена Крушевската Република. Денес таа е Музеј на Илинденското востание и Крушевската република.

По задушувањето на востанието целото семејство Томалевски емигрирало во Софија, Бугарија. Таму Георги учел во ОУ „Св. Свети Кирил и Методиј“, каде учител му е Евтим Спространов. По смртта на неговиот татко во ноември 1913 година, студирал на Техничкото училиште во Софија, каде што бил соученик со Христо Смирненски.

За време на Првата светска војна (1914 – 1918) бил службеник во Бугарската воена мисија во Берлин, а неколку години по завршувањето на војната, во 1925 година Георги дипломирал на Физичко-математичкиот факултет на Софискиот универзитет, насока физика и астрономија.

Претходно, во 1923 година, Георги Томалевски бил регрутиран од неговиот брат Наум во Македонската младинска тајна организација  (ММТРО). Станал член на Крушевското добротворно братство, на Македонскиот младински сојуз, на Македонското студентско друштво „Вардар“ и објавувал написи во списанието „Родина“ и во други периодични списанија поврзани со македонските организации.

За време на расцепувањето на ВМРО на михајловистичко и протогеровистичко крило, тој ги поддржувал протогеровистите, меѓу кои бил и неговиот брат Наум.

Во литературата влегува мошне млад и остава богат прозен опус. Се посветил на македонската тема системно и континуирано. Мошне поволно прифатен од критиката, се стекнал со престижен статус во бугарската литература на ХХ век. Го сметаат за еден од најистакнатите бугарски мајстори на есејот во периодот меѓу двете светски војни во ХХ в.

Автор е на повеќе дела меѓу кои:  Душата на Македонија, есеј, (1927); Огнена земја, раскази за Македонија, (1928); Самуиловото наследство, историска повест, (1929); Крушовската република, херојски уметнички летопис, (1954); Мајсторот Стојан Везенков, повест, (1964); Воденските мајстори, новели, (1965) и др.

За студијата-есеј „Душата на Македонија“ (1927, 1941) и збирката есеи „Секојдневни чуда“ (1941), Георги Томалевски добил награда „За најдобро книжевно дело во 1941 година“.

„Животот во ропство, немањето можност преку колективно, слободно разгледување на познатите проблеми го научија Македонецот да си го тргне својот пат и во најтешките часови од животот да се потпира на сопствената сила. Ова е убавината на Македонците, ова е и нивниот пад!“  – се вели во извадок од книгата есеи објавена во 1927 година во Софија. Тој поната му ќе напише: „Македонецот, гранка на словенското дрво, немајќи време и услови на друг начин да го изрази своето богато духовно искуство, ја нашол легендата, бајката, ги нашол дури и неискажаните зборови, начинот, воздишката како израз на самиот себе, како креативност во неговото секојдневие. Овој манир, овој сјај и напнатост на зеницата на окото е музиката на македонската душа, ова е плашливото движење на неговата рака на нејзините затегнати жици.“

Георги Томалевски се пензионирал во 1958 година како наставник по физика. Починал нa 28 април 1988 година во Софија.

1Tihomir Подготвил: Т. Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Мито Алексовски Клавчов – Македонецот што цел живот ги носеше Шештево и Македонија во срцето

Мито Алексовски Клавчов е роден во 1937 година во селото Шештево, Костурско, во Егејскиот дел на Македонија, а починал на 19 август 2018 година во Полска, на 81-годишна возраст. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Полска и сведок на трагедијата на децата бегалци. Животот на […]

Перо Коробар – борец, публицист и чувар на споменот за Кочо Рацин

Перо Ангелов Коробар (29 март 1916 – 29 октомври 2004) е македонски национален и политички деец, првоборец, општественик и публицист. Неговиот животен пат ги поврзува народноослободителната борба, изградбата на македонските културни институции и залагањето за македонската национална култура во Пиринскиот дел на Македонија. Посебно место во неговото творештво заземаат животот и делото на Кочо Рацин, […]

Методија Андонов-Ченто – првиот претседател на слободна Македонија

Методија Андонов-Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година во својот роден град, од рак на желудникот. Завршил средно трговско училиште, а во 1926 година отворил бакалско-угостителски дуќан. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Уште од младоста, Ченто […]

Андон Дончевски – легендата на Вардар и првиот селектор на самостојна Македонија

Андон Дончевски – чичко Дончо е несомнено една од најголемите фигури во историјата на македонскиот спорт, но и вистински жив синоним за патриотизам и чувар на македонскиот идентитет во дијаспората. Неговиот пат – од врвен голгетер до стратег на историски спортски успеси и обединувачка личност на македонската заедница во Мелбурн – претставува автентична македонска сага […]

Трајче Петкановски

Трајче Петкановски – учител и организатор на народноослободителната борба во Велешко Трајче Петкановски (7 октомври 1919 – 6 август 1943) е македонски учител, партизан и организатор на народноослободителната борба во Велешко. Член на првата партиска ќелија на КПЈ во Азот, тој загинал на неполни 24 години во борба со бугарската полиција и контрачетниците. Неговото име […]

Паисиј Хилендарски

Паисиј Хилендарски (1722–1773) бил православен монах и една од клучните фигури на бугарската национална преродба. Неговото најпознато дело, „Историја славјанобугарска“, завршено во 1762 година, се препишувало и се распространувало, поттикнувајќи интерес за историјата и за народниот идентитет. Паисиј е роден во 1722 година во Самоковската епархија, веројатно во Банско. Живеел во време на османлиска власт […]

Христо Чернопеев – војводата кој животот го врза за македонското револуционерно дело

Христо Чернопеев (16 јули 1869, Дерманци – 5 ноември 1915, Криволак) бил илинденски војвода и еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Соработувал со Гоце Делчев и Јане Сандански, раководел со чети на Организацијата и учествувал во Илинденското востание. Неговото име е поврзано со повеќе значајни настани од револуционерната борба во Македонија. Чернопеев потекнувал […]

Благоја Деспотовски – Шовељ (1919–1941): Млад живот положен за слободата на Македонија

Борец на Првиот скопски партизански одред, кој на само 22 години загинал во борбата против бугарската фашистичка окупација. Благоја Деспотовски – Шовељ е роден во Дебар во 1919 година, а загинал на 7 октомври 1941 година во Скопје. Неговиот краток живот бил исполнет со работа, бунт против неправдата и решителност да се бори за слободата […]

To top