На прво место

Македонија со раст од 3,1 проценти меѓу првите пет економии во Европа

Позитивните економски показатели, потврдени и од Евростат, им пречат на СДС, затоа што во нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, а инфлацијата рушеше рекорди

Непријатно е да се слушаат претставниците на СДС како зборуваат за економија, инфлација и животен стандард, имајќи ги предвид резултатите што ги оставија зад себе по седум години власт.

Нивните настапи оставаат впечаток дека не им одговара Македонија да бележи економски напредок, економијата да се стабилизира и постепено да се развива.

На денешната прес-конференција тие практично изразија незадоволство од растот на бруто-домашниот производ од 3,1 проценти, што претставува седми квартал по ред во кој економскиот раст е над три проценти, односно континуитет кој започна по заминувањето на СДС во опозиција.

Фатмир Битиќи, како еден од најгласните критичари на актуелните економски политики, очигледно тешко го прифаќа фактот дека македонската економија покажува знаци на стабилизација и одржлив развој.

Бруто-домашниот производ на Македонија во првиот квартал од 2026 година порасна за 3,1 проценти, што ја позиционира државата меѓу првите пет економии во Европа според растот. Тоа не е оценка на Владата или на ВМРО-ДПМНЕ, туку податок потврден од релевантни европски институции, меѓу кои и Евростат.

Дополнително, во април годинава индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на истиот месец лани, а за помалку од две години се отворени околу 16.000 нови работни места.

Овие податоци, очигледно, не им одговараат на СДС, Венко Филипче и Фатмир Битиќи, кои зад себе оставија економија оптоварена со проблеми, ослабени институции и сериозни финансиски предизвици.

Тие имаа седум години можност да ги подобрат условите за живот на граѓаните и да создадат посилна економија. Наместо тоа, граѓаните се соочуваа со постојано поскапување, намалена куповна моќ и рекордна инфлација.

Во периодот кога Битиќи беше вицепремиер за економски прашања, инфлацијата достигнуваше двоцифрени стапки, а животниот стандард беше под сериозен притисок. Економскиот раст во 2022 година изнесуваше нешто над два проценти, далеку од денешните резултати.

Кога веќе Битиќи зборува за куповната моќ, вреди да се направи споредба меѓу тогаш и сега.

Во 2022 година килограм компири чинел 40,70 денари, а денес просечната цена е 43,91 денар. Но, со тогашната минимална плата можело да се купат 442 килограми компири, додека денес може да се купат 593 килограми.

Јаболката во 2022 година чинеле околу 59 денари за килограм, при што со минималната плата можело да се купат 304 килограми. Денес просечната цена изнесува 71,83 денари, но со актуелната минимална плата може да се купат околу 362 килограми.

Слична е состојбата и со шеќерот. Во 2022 година килограм шеќер чинел 44,67 денари, а денес 44,92 денари. Разликата е во тоа што тогаш со минималната плата можело да се купат 403 килограми шеќер, додека денес може да се купат речиси 580 килограми.

Овој тренд е присутен кај најголем дел од основните прехранбени производи и јасно покажува дека куповната моќ на граѓаните е значително повисока во споредба со периодот кога СДС беше на власт.

Затоа, на Фатмир Битиќи и на сите во СДС кои не веруваат во успехот на државата, им порачуваме дека ќе продолжат да се соочуваат со резултати кои не им одговараат. Позитивните економски показатели, развојот на стопанството и новите инвестиции ќе останат приоритет и ќе бидат сè повидливи во периодот што следува.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top