На прво место

Струмица ја покажа разликата: ВМРО-ДПМНЕ со народот, СДС во тесен партиски круг

Македонска Нација

Македонска Нација

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС никогаш не била поочигледна отколку денес.

Додека десетици илјади граѓани во Струмица заедно со ВМРО-ДПМНЕ го одбележаа 36-годишниот јубилеј на партијата, испраќајќи порака на единство, надеж и верба во Македонија, СДС својот роденден го прославуваше далеку од народот, зад затворените порти на Бихаќка.

Тоа не е случајност. Тоа е резултат на политиките што двете партии ги водеа во изминатите години.

Седум години СДС беше власт. Седум години ветуваа живот, а граѓаните добија разочарувања. Наместо економски напредок, Македонија доби инфлација, ниски плати, иселување на младите и чувство на безнадежност. Наместо заштита на националните интереси, следуваа отстапки кои отворија длабоки поделби во општеството. Наместо правда, јавноста беше сведок на бројни скандали, афери и изгубена доверба во институциите.

Токму затоа денес СДС нема сила да излезе пред народот. Затоа нивните собири се сведуваат на тесен круг партиски функционери, поранешни носители на власта и самопрогласени елити кои со аплаузи се убедуваат самите себе дека сѐ уште имаат поддршка.

Наспроти тоа, само две години по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, атмосферата во државата е поинаква. Граѓаните гледаат влада која работи, која отвора нови инвестиции, реализира инфраструктурни проекти, ги сервисира обврските кон граѓаните и се обидува да ја врати довербата во институциите.

Луѓето не дојдоа во Струмица затоа што препознаваат енергија, посветеност и визија. Дојдоа затоа што повторно чувствуваат дека Македонија има правец и дека државата може да се развива без понижувања и без откажување од националното достоинство.

Струмица беше повеќе од прослава на роденден. Таа беше симболична потврда на довербата што народот ја дава на политиките кои носат резултати. Беше јасен одговор на сите оние кои предвидуваа поделби, разочарувања и пад на поддршката.

Од едната страна беше народот, семејствата, младите, ветераните и основачите кои заедно ја славеа идејата што пред 36 години започна како надеж за слободна и независна Македонија. Од другата страна беше партија која сѐ повеќе се затвора во сопствениот круг и која наместо одговори за иднината, нуди оправдувања за своето минато.

Затоа разликата денес не е само во начинот на прослава на двата родендени. Разликата е во довербата што ја имаат кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ својот роденден го прослави заедно со народот затоа што е меѓу народот. СДС го прослави зад затворени врати затоа што одамна ја изгуби врската со граѓаните.

Струмица испрати силна порака што не може да се сокрие ниту да се игнорира – народот е таму каде што гледа работа, резултати, визија и надеж. А таму каде што има народ, таму е и иднината на Македонија.

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top