Среда, 04 Март 2015    PDF Печати Е-пошта
Гостиварскиот дијалект е близок до македонскиот стандарден јазик

janko-bilbiloski
Јанко Билбилоски- советник по македонски јазик во Бирото за развој на образованието

Киро Кипроски

Години по ред Ваша преокупација се истражувањата на историските настани од различни периоди на поширокиот регион на Гостивар, кои ги сместивте во неколку книги. До какви сознанија дојдовте?

- Гостивар како главен центар на Горни Полог, Маврово, па и реканскиот крај, секогаш бил атрактивен за живеење од економски, социолошки, културен, односно целокупен општествен аспект. Овој крај бил населен уште од неолитот во раната бронзена доба, за што говорат разни материјални откритија. Низ вековите минувал низ бурни времиња кои оставиле длабока трага во целокупниот општествен живот на населението од Гостиварско. При крајот на 17век, во времето на австро-турските војни, овој крај (Горни Полог) останал речиси празен, ненаселен. Во минатото низ вековите буквално секое село од овој крај имало по неколку црковни објекти околу кои се случувале сите позначајни настани (за арно и за лошо). Денес во селата каде што овие објекти не постојат, за нив евидентни се преданија, топоними, дури се знаат и имињата на светци на кои црковните објекти биле посветени. Гостивар и неговиот поширок регион недоволно се откриени од историски, археолошки и етнолошки аспект.

Последните две книги Ви се од сферата на воспитно-образовниот процес, која тематика ја обработувате во нив?

- Во последниве години, мојот интерес целосно е насочен кон воспитно-образовната дејност што, всушност, е и мојата базична професија. Како што кажавте, во тој дел имам издадено и две книги „Актуелни теми од современиот образовен менаџмент“ и „Следење и вреднување на работата на наставниците“. Во нив пишувам за: училишното водство, менторството во училишното работење, системите на контрола и наградување, видовите планирања, етичкото однесување. Како советник во Бирото за развој на образованието, мојот интерес е насочен кон стручното оспособување на воспитно-образовниот кадар.

„Следење и вреднување на работата на наставниците“ е последното Ваше дело кое излезе од печат пред нецела година. Нешто повеќе за него...

- Секој човек вклучен во процесот на одредена работна активност, за која зема одреден надоместок во вид на плата, во текот на работењето низ различни форми и процеси е следен и вреднуван колку квалитетно ги извршува своите работни обврски. Па така, и просветните работници за својот работен ангажман земаат плата и секако тие треба да се следени и вреднувани колку успешно ги извршуваат своите работни задачи. Конкретно, во овој мој последен публикуван труд се имам задржано на компетенциите поврзани со успешното работење на наставникот, следењето и вреднувањето на работата на училиштето, веродостојното и поткрепено следење и вреднување на работата на наставникот и секако, кој ги врши следењето и вреднувањето на воспитно-образовниот кадар во училиштата.

Каква е употребата на македонскиот литературен јазик и писмо во Гостивар?

- Во однос на употребата на македонскиот литературен јазик во Гостивар, би кажал дека во голема мера зависи од степенот на образование, како и од работното место на говорителот. Оние што се со повисок степен на образование или вработени во администрацијата се трудат да го употребуваат стандардниот македонски јазик. Гостиварскиот говор по своите фонетски особености и по својата граматичка структура спаѓа во западното македонско наречје и може да се каже дека прилично е близок до македонскиот стандарден јазик. Како позначајни особености кои го карактеризираат гостиварскиот говор во однос на македонскиот стандарден јазик, би ги издвоил: употребата на темниот вокал (полувокал) ? кој се јавува како рефлекс на ?пример: п?т, р?ка, с?бота, овој полувокал во гостиварскиот говор се јавува и како придружен член на стариот вокален ликвид л, пример: п?лно, в?лна, в?лци, евидентна е и замената на согласката ќ со ч, пример: куча (куќа), че (ќе), врача (враќа), испуштање гласови на крајот од зборот: дур’ (дури), дал’ (дали), ушт’ (уште), мешање на кратката заменска форма за индиректен предмет „?“ (женски род) со „му“ (машки и среден род), пример: наместо „? кажа на Билјана“ често се употребува „му рече на Билјана“. Има и други особености, но за нив во друга прилика.

Утрински Весник

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.