|
||||
На 15 јули граѓаните ќе стават крај на погубните политики на СДСМ и Заев |
Повеќе од три години СДСМ владее преку најкорумпирана влада, влада полна со криминал и корупција. Неколку месеци коси пандемијата, а поради неспобноста на СДСМ бројот на новозаразени рапидно се зголемува. Поради Заев и Филипче болниците се преполни и во услови кога во целиот регион падна бројот на заболени од корона. Катастрофалниот начин на менаџирање на кризата од страна на Филипче и Заев донесе и до здравствен и до економски крах. Граѓаните беа сведоци на коа како Заев дава „пас“ за криминал и учествува во рекет. Во време кога многу граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите примања, Нина Ангеловска се подновила со стан од 100 000 евра. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата. На 15 јули граѓаните ќе ја дадат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ ќе остане запаметена како најнеспособна влада во Република Македонија до сега. ВМРО-ДПМНЕ |