|
||||
За магapињата во политикaтa и млaдитe кои бегaaт од магapињата – 3aeв без една причина да биде премиер |
Пишува: Светислав ВасевНационална агенција за европски образовни програми и мобилност – Ако првпат го слушате името на оваа институција најверојатно мислите дека преку истата се финансираат образовни проекти, обуки и се помага размената на студенти – Да тоа треба да е така, НО оваа институција командувана од директорката на Заев, Лидија Димова, наместо со влог во младите, вложува во магариња и нивна дресура.Очигледно сите начини за испумпување на пари од буџетот се исцрпени, па сега ќе слушаме за проекти како, тренирање на папагал за имитација или вежбање на коњ за јавање. Ништо не е за изненадување со владата која дава 83.000 евра за тренирање магаре, а во меѓувреме секој ден по некој наш, ваш близок си заминува од Македонија. Сигурно имате некој познат со просек 10 кој седи дома невработен или знаете некој талентиран средношколец кој не може да замине на некој престижен универзитет затоа што неговите немаат пари, младите од двата примери седат дома затоа што парите кои треба да завршат за нивна едукација или вработување владата ги троши за од сите нас да прави магариња. Никако поинаку не може да се сфати грантот од 83.000 евра за дресура на магаре, со кој владата преку својата агенција со која директорува сега популарната Лидија Димова дава европски пари за измислени проекти на сопартиец, брат на пратеник на СДСМ. Срамот за Македонија е дотолку поголем, затоа што некој во Брисел дал пари, одвоил од својот буџет за развој на државава, за младите тука, а власта на Заев од петни жили се труди како да смисли нов метод да ги злоупотреби тие пари, и наместо за младите да завршат за магарињата на братот на Диме Велковски, пратеник од СДСМ. А урлаа дека ќе враќаат 600.000 млади кои се иселиле од Македонија, оставаа патики пред влада, драматизираа, излажаа народ, кој можеби за миг поверува во лагите на Зоран Заев, кој дојде на власт и освои толку гласови затоа што јаваше на бранот на младинското незадоволство. И не само што не вратија ниту еден од тие 600.000 млади, туку и нови иселија со нивната магарешка политика. Секој ден некој млад човек си заминува од Македонија. Секој ден сме се помалку. Власта буквално ги убива младите, им го убива духот и надежта дека нешто ќе се смени, ќе тргне на подобро. И ќе продолжиме да собираме пари за операции преку пораки, и децата ќе учат во прокиснати училници, и многу деца ќе немаат лап топ за да ја следат наставата, и многу млади ќе седат дома без работа, а уште толку ќе ја напуштаат Македонија, се додека на сите не ни стане јасно дека оваа магаре политика со магариња во политиката, која од нас сака да направи магариња треба да си замине. Тоа не може да се случи преку ноќ или затоа што нас не ни се свиѓа, затоа е потребен активизам, кревање на гласот против сите овие неправди, против сите кои од државата и од сите нас направија магариња. |