Среда, 24 Април 2024   
ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

1ulus3

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

„Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна беше многу голема, посебно откако се создадоа сосема нови околности со создавањето на новата македонска држава

Јас ни во книгата не можам да ја искажам таа дејност целосно, но толку колку што имам кажано, чувствувам дека го исполнувам својот долг кон моите сонародници, кон моите пријатели и другари со кои заедно работевме во македонските организации и друштва. Меѓу тие мои сонародници во САД јас поминав цели 56 години што значи таму ја поминав сета моја младост и најплодните години од мојот живот. Многумина од моите пријатели и другари денес не се меѓу живите“.

Прашање: Вие како активен учесник сте и најдобар сведок на сите тие процеси што се одвиваа меѓу нашите иселеници. Кои се основните карактеристики на тие процеси и превирања, посебно меѓу двете светски војни?

Одговор:  Идејата за организирање на Македонците и за формирање македонски друштва во САД и Канада како да ја наметнуваше самиот живот. Македонците сакаа и мораа да бидат заедно во новата средина и меѓусебно да се помагаат. Формирањето на одделни друштва се засили посебно по Првата светска војна. Во развитокот на националната и политичката свест на Македонците во САД и Канада голема улога одиграа и македонските просветни клубови. Подоцна овие клубови и друштва се обединуваа во сојузи како посилни и помасовни организации.

Првата досега позната организација на македонските доселеници во САД се појави во Чикаго 1901 година и таа беше еден вид огрнаок на ВМРО. Така и се случи што Илинденското востание беше на организиран начин поддржано и помогнато од македонското иселеништво.

Посебно место во животот на македонската емиграција зазема дејност на Македонскиот народен сојуз (МНС), подоцна МАНС формиран во 1931 година, кој се напојуваше со идеите на ВМРО (Обединета). Македонскиот народен сојуз во САД и Канада не само што ја помагаше борбата на сите свои браќа и сестри во Македонија за национално ослободување, туку во исто време се бореше и против сите неправди што постоеја во новата татковина.

Треба да се каже дека меѓу двете светски војни меѓу македонската емиграција се обидуваше да дејствува и организацијата на Ванчо Михајлов, отрвин прикривајќи ги своите вистински цели. Меѓутоа, не остана незабележана антинационалната и реакционерна дејност на оваа групација, така што огромното мнозинство чесни иселеници јавно ја осудуваа.

Прашање:Какво беше определувањето на Македонците спрема НОБ? Како воопшто беше доживувана НОБ и создавањето на слободната македонска држава што дојде подоцна со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година?

Одговор: За време на Втората светска војна, особено по иницијатива на Македонско-американскиот народен сојуз во сите делови на САД беа основани месни комитети од страна на Македонците за помагање на антифашистичката борба. Македонците воспоставуваа блиски контакти со своите во Македонија и во Југославија каде што се водеше жестока борба за ослободување.

Една од позабележителните акции во тоа време беше и Меморандумот за решавање на македонското прашање испратен до американското Министерство за надворешни работи, во кој, покрај другото, се истакнуваше историската вредност на одлуките на Второто заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година и на одлуките на Првото заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година.

По ослободувањето, македонските иселеници го поздравија создавањето на новата македонска држава и побрзаа да &  ја упатат својата помош. Најголема акција во таа смисла беше онаа во врска со изградбата на болница во Скопје. Средствата за болницата ги собираа таканаречените болнички македонски комитети.

Прашање: Вие сте основач на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Што ве поттикна да ја формирате оваа Фондација, која веќе работи многу години и со нејзина помош Универзитетот го завршија повеќе млади вредни луѓе?

Одговор:  Уште пред 25 години јас почнав да размислувам што е најдобро да направам со својот имот и дојдов до заклучок дека ќе биде најполезно ако му го подарам на својот македонски народ, зашто тој ми е најблизок во срцето. Така мислеше и мојата сопруга Славка. 

Затоа во 1977 година ние ја основавме Фондацијата „Атанас Близнакоф” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. При формирањето на Фондацијата работевме јас, Димче – Мире, Томе Буклески, ректорот на Универзитетот и професорот Иво Пухан. Целта на Фондацијата е да дава стипендии на талентирани студенти. Досега повеќе од 35 студенти имаат завршено образовнаие, благодарение на стипендиите што ги добиваат од Фондацијата што го носи моето име. 

Нека мојот подарок, моите мисли и чувства, се вдахнат во душите и срцата на нашиот македонски народ, нека биде така што сите да мислиме и работиме за општото добро на целиот народ како да работиме за себе лично. Само кога мислиме и работиме за народот како за себе, само тогаш ќе има братство и единство меѓу сите нас.

Треба да работиме за доброто на Република Македонија зашто само така ќе го исполниме заветот на нашите постари поколенија, на нашите дедовци и татковци, на сите оние Македонци и други народи што ја пролеаја својата крв, го дадоа својот живот за слободата. Моја голема желба е Фондацијата вечно да продолжи за да им дава наука намладите момчиња и девојки. Во иднина повеќе од двеста редовни студенти ќе се стипендираат од мојата Фондација, се вели во интервјуто.

По излегувањето од печат на оваа книга, одгласот беше голем и книгата најде свое место и меѓу читателите. Така со оваа проблематика се зсапознати и учениците. Еве едно писмо од ученици, што Атанас Близнаков го прими.                

1ulus33

Почитуван другар Атанас Близнаков,

Ние сме ученици од I клас, УСО „Јосип Броз – Тито”, културо­лош­ка струка, членови на организационата група која го подготвува XVI-от Барбисов час.

Во изминатиот период работната група на ЏВИ Барбисов час (една група за изложба и една за организација на часот) извршија повеќе подготовки за часот чија тема е „Дејноста на Балканскиот комитет за одбрана на жртвите од Белиот терор во Париз”. Така беше посетен Тома Кутурец кој во ИИИ деценија на нашиот век живеел во Париз и соработувал со Ганчо Хаџипанзов. Во наредните месеци групата за организација на часот има задача да организира средба со вас како автор на делото „Спомени за дејството на Македонската емигрантска организација во САД и Канада” за што неодамна имаше и промоција.

Ние прочитавме делови од вашата книга и го најдовме податокот дека Барбис се сретнал со група Македонски иселеници 1934 година во Париз. Тоа е од посебен интерес за нас. Желба ни е преку средбата со вас да се запознаеме со активност на македонската емиграција за афирмација на борбата на македонскиот народ за национална и социјална слобода.

Средбата ќе ја организираме меѓу 1.ИВ. и 1.В. за што дополнително ќе ве известиме. Драго ќе ни биде ако сте расположени да дојдете меѓу нас, но доколку поради одредени причини бидете спречени ние ќе ве посетиме.

Средбата можеме да ја одржиме во Матицата на иселениците од Македонија каде што ќе се сретнеме и со д-р Иван Катарџиев, редактор и автор на коментарот на книгата „ВМРО Обединета, предавници на македонското дело” во издание на „Култура” 1985/86 година. Нашиот класен раководител е Даница Павловска. За евентуални информации телефоните во училиштето се 224-944 и 211-082 кај раководителот“.

Класна заедница I клас во УСО „Јосип Броз – Тито” – Скопје, група за организација на часот.

Класен раководител Д. Павловска (потпис)

28.III.1988 г. Скопје

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Велика сабота - исчекување на благодатта на Неговото Воскресение

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со и...

Историја

News image

Гоце Делчев – „Ние не бараме покровители, а уште помалку господари."

  Појавата на Внатрешната организација од Македонија и нејзината се поинтензивна антиегзархиск...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.