Среда, 19 Јули 2017   
Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

nob-pom

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оперативни зони и изготви планови за активноста на партпзанските одреди. Воено-политичката активност во првата половина на 1943 година се карактеризира со формирање нови и бројно зголемување на постојните партизански одреди и во тој период дејствуваат Кичевско-мавровскиот, н Вториот кичевско-мавровски (Албанскиот) партизански одред; потоа, одредите „Дамјан Груев", „Гоце Делчев", „Добри Даскалов", „Сава Михаилов", Брегалничкиот, Кумановскиот, Скопскиот и Шарпланинскиот, а во Азот партизанската група, остаток од одредот „Димитар Влахов".

Споменатите партизански одреди развиваат голема активност. Оружените борби опфатија поголем дел од Македонија, беа создадени неколку жаришта: Мавровско - Кичевско -Дебарца, Битолско - Преспанско, како и во реоиите иа плаииинте Кожуф п Козјак. Окупаторот во почетокот на 1943 година презема мерки за спречување на развојот на Народноослободителната борба. Воените акции на окупаторот во пролетта п летото на 1943 година - во реоните на Мавровско - Кичевско, Кожуф п Козјак - се завршија со неуспех.

Паѓањето на фашистичката влала во Италија (25. VII 1943) ја навести капитулацијата на Италија. Поради тоа, за да се исползува капитулацијата иа Италија, на Преспанскиот состанок на ЦК КПМ  (2 август 1943) е донесена оллука главните вооружени сили ла се сконцентрираат на терпторијата под италијанска окупација (Гостивар, Кичево, Дебар, Дебарца, Сгруга). Исто така, на Преспанскиот состанок било констатирано дека се создалеии услови воената организација да добие нов квалигет, односно да се создадат воени единици способни да дејствуваат на целата трриторија на Македонија, но и пошироко.

Во овој период во западна Македонија беа ослободени Мавровско. Кичевско и Дебарца, едновремено беше загрозен сообраќајот на комуникациите Гостивар - Дебар, Кичево - Струга. Се формираа нови партизански единици, во кои влегуваат и прогресивниот дел од албанскиот народ. Во почетокот на август 1943 година бил формиран мешовит Македонско – Албански одред.

Донесуваме дел од летокот што се однесува на формирањето и акциите иа 1-от мешан македонско-албански одред. Докуметот е без дата и потпис, но според содржината произлегува дека е од август 1943 година и е издаден од Штабот на 1-та оперативна зона. Во Соопштението за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона, меѓудругото стои напишано:

... Во разгрштајнето на воружената Народно-ослободителна борба на Македонскиот народ голем чекор е сторен што е во борбата искалено борбеното единство и братство на Македонското и Албанското население. Како корона на ова единство е формирането на смешаниот одред Македоно-Албански. Овој одред на 4. VIII си го здоби и својето крштеније.

Одредот напагја на карабинеријата при електричната централа во село Вруток (7 км. од Гостивар). После силниот напад на партизаните окупаторот е натеран на предавајне. Пленети се 1 маршал (подофицер - з.з.), 2 бригадира, и 5 карабинера, како и: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвера, чебиња, храни и разен друг материјал.

На 4.VIII. нападната е една колона на пат Маврово - Гостивар. Разбиени се 3 камиона и 1 блиндиран аутомобил со окупациони полицаји и војска. Бројот на убиени и ранети е голем.

... успешно изведени акцији одредот е удвоен со масовиот прилив на доброволци Македонци и Албанци.

Македонските и албанските партизани со вооружената борба против окупаторот го кој братството на Македонското и Албанското население. Во село Равен (арнаути) партизаните Македонци и Албанци носени се на раци от Арнаутите со извикувајне: да живее братството на Македонците и Албанците." (АМ. - Ф. НОБ. К. 16, арх. ор. 717.)

Успешните акции и приливот на нови борци даваат нов квалитет на борбата на македонскиот народ за ослободување на земјата. Особено значајно е што на 18 август 1943, на Славеј Планина, Штабот на II оперативна зона го формира од одредот „Дамјан Груев" и од новопридојдените борци, Првиот баталјон „Мирче Ацев" - прва регуларна воена единица на македонскиот народ. Отпочнува процесот на создавање војска на македонскиот народ. Овој акт е од посебно значење за македонскиот народ. Создавањето на војска означува нов квалитет во воената организација и услов за понатамошно успешно водење на оружените борби, гаранција дека ќе се сочуваат придобивките што ќе се извојуваат во текот на востанието и револуцијата.

Излегувањето на Италија од војната суштествено се одрази на натамошниот развиток на ослободителната борба на територијата под италијанска окупација. Единиците од Првата и Втората оперативна зона ја разоружаа италијанската дивизија „Фиренца"; слободните територии се проширија во една која го опфати просторот од Буковиќ и Влајница (јужно од Гостивар) до теснината кај с. Ботун (северно од Охрид и Струга) со два слободни града Кичево и Дебар, а Германците воспоставија власт во Тетово и Струга.

Капитулацијата на Италија (9. IX 1943) го забрза процесот на формирањето нови воени единици, така што во текот на септември и октомври 1943 година во Македонија дејствуваа девет баталјони, шест партизански одреди и повеќе диверзантски групи.

Исто така, капитулацијата на Италија донесе промени и во квислиншката гарнитура во Албанија. Проиталијанската квислиншка влада беше сменета и заменета со прогерманска. Се променија и државните симболи на Албанија и официјалниот назив на државата: од Албанско Кралство во Држава Албанија; се објави паѓањето на дотогашната влада, а на нејзино место беше поставен Привремен комитет. На 23. IX 1943 година се избра регентски совет од 4 лица, а подоцна регентскиот совет за претседател на владата го постави Реџеп Митровица.

Размавот на ослободителното движење во 1943 година предизвика големо вриење сред албанските маси. Некои бајрактари по капитулацијата на Италија поведоа преговори со штабовите на НО војска за да се приклучат кон партизанските одреди, други се држеа неопределено да добијат во време, за да можат согласно со ситуацијата да се определат.

Резервираноста на албанските челници го користат Германците, кои поддржувани од реакционерните сили на западните држави, вршеа разновиден притисок (политички и поткуп со злато) врз бајрактарите со цел да ги оттргнат од влијанието на ослободителното движење, да ги мобилизираат и организираат за борба против НО движење. Некои од бајрактарите ја продолжија соработката со НО движење, други останаа неутрални, додека добар дел им даде поддршка на балистичките сили, а некои и минаа во нивните редови. Ова им даде поттик на Германците да обрнат посебно внимание на балистичките формации под раководство на Џемо и Мефаил. Тие ги вооружија и во нивните редови вклучија воени инструктори.

Во западна Македонија по капитулацијата на Италија, квислиншко-административниот и полицискиот апарат се распадна, чиновништвото ги напушти работните места, затворениците избегаа од затворите. Промената во Албанија по капитулацијата на Италија ја исползува бугарската влада, окупирајќи во Преспанско повеќе од 20 села, а германската врховна команда за западна Македонија создаде разни воени команди и доведе воени единици од составот на 21 планински корпус од Албанија.

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 338 – 341; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 484-485;)

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.