Среда, 05 Февруари 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (42)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (42) 

Годините брзо минуваат. За миг зад нас остануваат низа настани кои со тек на времето бледнеат. Останува само што е запишано. Писмата, дневниците, книгите на впечатоци и др. ни откриваат низа емоции на поединци, низа од лични чуства кои тие ги доживуваат во еден одреден момент поврзан со некој настан, посета, средба и т.н.

Книгата на впечатоци на ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, неформалната македонска амбасада, ни открива не само кој бил гостин во периодот додека работел, туку што значел овој ресторан за македонската емиграција во Берлин, за Македонците кои го посетиле градот, како и за се она што браќата Јаковлевски го правеле за нив и македонската кауза. 

Авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, Киро Кипровски, листајќи ја книгата на впечатоци издвојува повеќе посвети кои не враќаат во минатото и ни ја враќаат сликата на едно време за да не се заборави. Во овие посвети испонети со емоции можеме да го прочитаме следното: 

„НОВОСКОПЈЕ“ – НЕФОРМАЛНА АМБАСАДА НА МАКЕДОНИЈА ВО БЕРЛИН

Од првиот ден, 12 јуни 1969 година, кога беше отворен ресторанот „Ново Скопје“  во Берлин, па се до последниот ден, 2 јануари 2003 година, кога престана со работа, беше „неформална амбасада“ на Македонија во СР Германијa, македонско топло катче, во кое ја лечеа носталгијата илјадници Македонци, кои беа на привремена работа во оваа европска метропола. Македонците, кои доаѓаа на гости кај роднини и пријатели или службено се наоѓаа во Берлин, во „Ново Скопје“ се чувствуваа како во својот дом и со задоволство престојуваа во ова прекрасно катче, препознатливо по македонскиот амбиент, по македонските специјалитети и вина, по македонска музика...

„Ново Скопје“ стана синоним за македонството и за македонскиот патриотизам. Неговите сопственици, ја ширеа идејата за самостојна и обединета Македонија. Македонците од нив ја учеа сопствената историја, беа воспитувани како да ја сакаат татковината и како да се борат за неа. Тука ги дознаваа новините, за се што се случуваше во нивните родни места, во услови кога непостоеја денешните современи комуникации, како што се, на пример, интернетот, мобилните телефон, виберот и скајпот. Всушност, „Ново Скопје“ беше нивната најсилна врска со татковината.

Неговите сопственици, браќата Гојко Јаковлески (Гоце Македонски) и Манојил Мане Јаковлески, тагата по родната Македонија ја преживуваа, силно и болно како и нивните роднокрајци, кој во тие времиња-невремиња заминаа по светот, зашто и тие беа дел од големата македонска, иселеничка река што тие години течеше кон Запад. Во ресторанот постоеше книга за впечатоци, во која гостите ги запишуваа своите впечатоци, ја отвораа душата ги бележеа мислите, ја отвораа душата, го лечеа копнежот кон родниот крај. Ги пишуваа впечатоците и спомените, бидејќи знаеја дека напишаното на хартија вечно ќе говори за постоењето на „Ново Скопје“, македонско катче во туѓина, во кое Македонците ја лечеа носталгијата за блиските, кои ги составиле во родната таткова грутка.

„Далеку од Македонија постои катче, ресторан „НОВО СкОПЈЕ“ - Берлин, каде секој предмет, секој дел потсетува и дише со градите и со срцето за татковината - Македонија.

Деновите минуваат, минуваат годините, остануваат само сеќавањата, впечатоците, спомените...

Сеќавајте се на нас, на миговите, часовите, деновите поминати во „Ново Скопје“ и повторно

вратете ни се“, ќе напишат сопственици на познатиот ресторан, браќата Гојко и Манојил Јаковлески.

Парче македонска почва во германската метропола

131ресторан „Ново Скопје“ – Берлин

По повод прославата на 25 – годишнината од отворањето на „Ново Скопје“, многу гости сакаат да запишат за она што го почувствувале додека престојувале во ресторанот. Од големиот број впечатоци ги одделивме следните:

„Среде Берлин, во срцето на Европа, 25 години на „Ново Скопје“ му се слави, и слава им на сопствениците што го негуваат македонското, го унапредуваат, го бранат и се борат за македонството – со успех. Со голема благодарност од семејството Николоски,“ - 13.06.1994 год. Симе, Ангела, Горан и Андреа

„Најсрдечно ви го честитаме 25-годишниот јубилеј на вашиот ресторан „Ново Скопје“ и ви пожелуваме се најдобро во понатамошниот живот и работа. Нека е благословен од Господа и со желба за поголеми успеси и постигнувања, да си дочекате и поголеми јубилеи.“ - Берлин, 13.06.1994 год., управата на МПЦО „Св.Климент Охридски“ Свештеник Методија Мирчевски

„Најсрдечно ви го честитаме јубилејот 25 години „Ново Скопје“, од името на клубот „Гоце Делчев“ – Берлин и од наше име, што заеднички го прославивме овој јубилеен ден.“ - 13.06.1994 год., Љубица Десковска и Ванчо Велковски

„25-годишниот јубилеј ви го честитаме и ви пожелуваме и понатака среќа и успех во работата.“ -  13.06.1994 год, Коле Талевски и Снеже Талевска

„25 – години во Берлин

25 - години на „ку–дам“

25 – години „Ново Скопје“

Честито и со желба

За уште подобар успех

И вечна традиција.“

13.06.1994 год. Од фамилијата на Ангеле Лазаровски

„Поминаа 25 години од како се знаеме и честиме во „Ново Скопје“, а сега од срце ти посакуваме уште многу среќа, здравје и напредок во работата и големо разбирање со сите со кои работиш. Од срце, исто така, ви посакуваме уште долги години да остане традиција „Ново Скопје“, да биде одржувано од саканата и почитувна фамилија Јаковлески.“ -  13.06.1994 год. фамилија Терзиски“

„Вам, господине Јаковлески и на вашето катче, а исто и на нашето ресторанче, ви честитаме 25 години, а воедно ви посакуваме се најдобро во понатамошната работа и Господ да ти дава напредок и големо богатство, а најмногу здравје. Сполај му. Ти пожелува фамилијата Лубески.“

„Мане, Се најубаво за твојот јубилеј. Многу здравје, среќа и успех во понатамошната работа. Со Господ напред!“ - Берлин, 13.06.1994 год. Коле и Чеслава

„Драги Мане! За твоите 25 години вложен труд во „Ново Скопје“, ти пожелуваме уште повеќе 25...25... да остане во фамилијарна традиција. ако не тука, можеби кај нас во Македонија.“ - Берлин, 13.06.1994 год. Ти честитаат, Владимир и Мирјана Георгиеви“

„Мане! Минатите 25 години, беа сигурно успешни и убави. Следните 25 уште поуспешни и посреќни, а потоа ќе се гледаме уште почесто на падините на Шар Планина и заедно ќе ги броиме овците. Се најубаво ти посакуваме тебе и на твоите домашни.“ -  13.06.1994 год. Фамилија Тримчески“

„Господине Мане, Ви честитаме за 25-годишнината на вашиот ресторан и се надеваме дека уште долго време и многу години, ќе го држите вашиот ресторан. Многу поздрав од фамилијата Димовски и од Трајан Скендеровски од Лерин.“ - Бон, 13.06.1994 година (Телеграма)

„Без „Ново Скопје“ и Мане, Македонците во Берлин никогаш немаше да бидат она што се. Мане, благодарам за гостопримството и големото срце, кое е поголемо и помило од било кое што го познавам.“ - Берлин, 11.10.1997 год. 

„Уште една пријатна вечер кај Мане Јаковлески, вистински македонски патриот. човек, кој верува и ги следи идеалите вградени во темелите на македонската државност. Особена сатисфакција за Мане е фактот, што во срцето на Берлин, со „Ново Скопје“ се доби парче македонска почва - македонска амбасада, што зрачи во германскиот главен град, не само со белината на зградата, туку со нејзината улога како средиште за собирање на сите Македонци, за сите граѓани на Република Македонија. Оваа македонска куќа не зближи и со нашите германски пријатели, бидејќи први дојдовме од 173 земји, што се претставени во дипломатскиот кор на Германија. Во име на овие убави мигови, што ја красат секогаш атмосферата во „Ново Скопје“, му посакувам на Мане Јаковлески и понатака да биде ставен во одбраната на македонската кауза и да ги гости сите добронамерни луѓе, што поминуваат низ големиот Берлин, европска и светска метропола,“ - Срѓан Керим, амбасадор на Република Македонија во СР Германија“ 

Чувар на спомените од татковината 

„За убавите мигови во Берлин. За прекрасните мигови во „Ново Скопје“. за мојот нов и понатамошен пријател, Мане,“ - Берлин, 25.09.1997 год. Доктор Оливер Несторов 

„За прекрасна средба и запознавање, со особено драг човек и голем чувар на спомените на татковината, мој, мој и засекогаш мој пријател Мане и неговото „Ново Скопје“, како и целиот персонал и миговите кои ги поминавме тука.“ - Берлин, 26.09.1997 год. Доктор Слободан Поњавиќ, Воена болница, Скопје“

„Берлин и Германија се прекрасни, но незначат ништо без пријателите и сонародниците, кои ја претставуваат Македонија, во оваа земја, па и пошироко“. Берлин, 29.09.1997 год. Со почит, Доктор Дејан Докиќ 

„Од многу големи и убави нешта во Берлин, ова место, „Ново Скопје“ за мене е најголемо. По кој знае кој пат, влегувајќи тука, со самото пречекорување на прагот, за миг го губам чувството на странец. тука ми е се поинаку, потопло, посредено и се ме потсетува на нашиот топол југ. И уште колку пати да доаѓам во Берлин, секогаш ќе доаѓам и тука. Со благодарност и почит на господин Мане и сите други во ресторанот.“ -  10.10.1997 год. Доц.д-р Добре Рупчев, Машински факултет Скопје“

„Денешниот ден по две работи е значаен за мене. На престижниот тв фестивал „Rih Europa“ беше прикажан филмот „На Балканот не се пие чај“, на кој бев драматург, а имав среќа и задоволство да го запознаам шармантниот господин Мане, за кој имав многу слушано од татко ми, и од сестра ми, која и самата беше гостинка кај Мане, пред повеќе години во Берлин. Убаво е чувството кога сме надвор од дома, да се чувствуваме како дома. а, во „Ново Скопје“ е навистина така. Некои луѓе се предодредени да не ги заборавиме, и да ни е драго што сме ги сретнале.“ -  Берлин, 10.10.1997 год. Од срце со најубави желби, Ана Шапкалиски, Скопје

„Ако Македонија ми е првата мајка, тогаш кафеаната „Ново Скопје“ е втората мајка на секој Македонец, кој ќе пристигне во Берлин. Мане ти благодариме на твоето гостопримство и твоето големо срце. Ти благодарам јас, но и сите оние кои не стигнале... „немале време“, бегајќи пред времето да ти кажаат: „ВЕЧНО БЛАГОДАРНИ“ ГОСПОДИН МАНЕ.“ - Берлин, 10.10.1997 год. Младен Крстевски, глумец- Велес

„Не верувам дека постои уметник, којшто не ја сака уметноста.

Не верувамдека постои актер, којшто не сака да игра во филм.

Не верувам дека постои Македонец, којшто не слушнал за „Големиот господин Мане“ во Берлин.Болката на секој Македонец, дека е во туѓина, за миг се лечи. Со самото влегување во кафеаната „Ново Скопје“, се чувствуваш како во својата татковина.

Нема никаква маана.

Тој е како мелем на рана.

Нема време да биде болен.

Тој навистина е голем.

Вечна благодарна на големиот Мане,

Несудената ѕвезда за „Оскар“

Весна Димитровска, Велес 

„Без „Ново Скопје“ и Мане, Берлин никогаш немаше да биде, она што е за Македонците. Мане, благодарам за гостопримството и големото срце, кое е поголемо и помило од било кое што го познавам.Берлин, 26.11.2000 год.Силвија Падори, акредитиран новинар во Германија од Редакцијата „Пулс“ 

Чувството да се биде во „Ново Скопје“ е да ја почувствуваш како дише Р.Македонија на овие простори, сигурно во прегратките на овие практични луѓе и патриоти - фамилијата Јаковлески.“ -26.11.2000 г. Димитар Тунтевски, Скопје 

„На мојот драг пријател, во чие срце има место за цела Македонија и секој Македонец“ - . 26.11.2000 год.Добрила Здравевска, Крушево 

„Посебна чест е во мојот живот да сретнам човек со големо срце, кое чука само за Македонија. тоа е Мане Јаковлески.“ - 26.11.2000год.Наде Карева, Крушево

„Каде има чесен Македонец, таму ќе најдеш многу Македонци, а каде што е Мане Јаковлески, таму може да биде само МАКЕДОНИЈА.“ - Трајче Леов, Велес

„Повторно во „Ново Скопје“, повторно прекрасно чувство, радост што сме меѓу пријатели, Македонци.“ - „Атом - мик“ Кочани, Директор,Тасе Тасев 

„Прекрасно е чувството еден Македонец во туѓа земја, да се почувствува Македонец. Ви благодарам г-дин Јаковлески.“ - Берлин, 26.11.2000 г. Ванчу Наумоски - Јани, Градоначалник на Крушево 

„Во спомен на една многу пријатна вечера во македонска атмосфера. ресторанот „Ново Скопје“ е пријатно македонско катче во Берлин.“ - 11.10.1997 год. Сашо Стефков 

„Во мојот 25-годишен престој во СР Германија, го знам ресторанот „Ново Скопје“, како колевка и заштитник на македонството и бранител на македонската кауза. Сопственикот г. Мане Јаковлески го ценам уште повеќе, заради организирање на масовните демонстрации низ Германија и Европа, за меѓународно признавање на Република Македонија. Нека овие скромни редови бидат поттик за г. М. Јаковлески за натамошни активности, за заштита на Република Македонија, затоа што и „Ново Скопје“ и г. М.Јаковлески се афирматори на Република Македонија во Берлин и пошироко! Среќно г. Мане во заштитата и афирмацијата на Македонија.“ - Берлин, 17.10.1997 год.Драшко Антов, новинар-уредник“

„Во спомен нa нашата средба со љубителот на кик Боксингот од Македонија, г. Мане, сопственик на „Ново Скопје“ во Берлин, кој ни укажа чест и помогна за реализација на двомечот меѓу Македонија - Германија.“ - Берлин,17.10.1997 год. Претседател на Кик Боксинг Сојуз на РМ (потпис нечиток)

Заштитник и бранител на македонската кауза

132факсимил од впечатокот на Стојан Андов

„Слушав убави работи за ресторанот „Ново Скопје“ во Берлин, а исто така и за неговие газди и за персоналот. Сега се уверив дека луѓето од овој ресторан, истовремено овде претставуваат своевиден дом за Македонците, ја претставуваат нашата убава кујна и нашите убави вина, а собираат и германски пријатели. заслужуват секаква пофалба и признание. Им честитам.“ - Берлин, 11.10.1997 год. Стојан Андов

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.