Среда, 18 Март 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (48)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (48)

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески од авторот Киро Кипровски, повеќе видни личности говорат за Мане Јаковлевски. Покрај поранешните амабасадорите д-р Срѓан Керим, м-р Мартин Треневски и д-р Панде Лазаревски, во книгата е забележено и мислењето на поранешниот амбасадор Стојан Карајанов.

Мане Јаковлевски и Стојан Карајанов се другари од детството. Нараќајќи се на спомените од детството чии траги не се бришат, како и потоа кога како возрасни заедно работат за интересите на македонската држава, Карајанов за Мане Јаковлевски ќе напише:

908Манојил, Славица, Васил Пујовски, Стојан Карајанов и Самоил Јаковлески

„Нашата приказна за пријателството со Мане Јаковлески, започнува во училишните клупи, како шестоодделенци во училиштето во Врапчиште. Мане роден зубовчанец, а јас дојденец по скопскиот земјотрес. Од тие школски денови, врежани се спомените од моите посети на неговата куќа во Зубовце, која целата мирисаше на овошје и на жолти дуњи наредени на полиците, и на ведрите лица на неговите родители – олицетворение на добрина и вредни домаќини.

Животните патеки не однесоа на сосем различни страни, за да се вкрстат повторно на почетокот на 80 –тите години на дваесеттиот век во Гостивар.

Зад нас остана младешкото време, и на средбата по толку години, се видовме како сериозни и семејни луѓе, но со неизбришани траги од детството.

Првата честитка и посета за моето именување, како директор на Спомен домот на културата „АСНОМ“ во Гостивар, дојде токму од него. И тој чувствуваше задоволство, што ете, нашата генерација се пробива, низ едно многу неодредено време, полно со неизвесности.

Со изострено чувство за патриотизам и љубов кон Македонија, водевме долги разговори, претчувствувајќи го на некој начин крајот на старата држава, во која оптимизмот на Мане предничеше и беше поубеден од нас, дека треба навистина да се подготвиме за новото време, во кое Македонија најпосле ќе стане самостојна и независна.

На крајот од таа 1989 историска година, за светот и Европа, го посетив во Берлин. И во таа далечина, семејниот ресторан „Ново Скопје“, живееше со македонскиот дух, чинише дел од македонските простори, преселен во големата европска престолнина. Полн со пријатни чувства и нови сознанија, го напуштив Берлин, на само неколку часа пред уривањето на Берлинскиот ѕид. Знаев, дека пак ке се вратам.

Мане остана во Берлин, верен на својата идеја и целиот исполнет со активности го формира: македонскиот клуб, Црковната општина и на големо задоволство на Македонците во Берлин, проработе и телевизија со програма на македонски јазик.

Во тоа време, по неговото враќање во Гостивар, наше свратилиште стана неговиот ресторан „Солун“, каде што се водеа сите разговори и каде што го формиравме Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, со желба да се вклучиме и да дадеме свој придонес во новото историско време, полно со неизвесност и противречности.

Неуморен и постојано активен, не покани во два наврати да гостуваме со театарски претстави, за нашите сонародници во Берлин. Домот на културата со задоволство ја прифати поканата, настапувајќи во преполната сала, под негово покровителство. Ова беше за прв пат, една театарска група да гостува во Германија, со театарска претстава што беше повод, македонскиот клуб во Берлин, по иницијатива на Мане, да формира и своја театарска дружина.

Кога се работеше за проекти од културата, Мане секогаш беше верен следбеник и несебичен спонзор. Првиот аматерски видео филм во Р. Македонија го сними токму СДК АСНОМ, со материјална поддршка од Мане. Филмот стана гордост на градот, а најголемиот дел од сцените се снимаа токму во неговото родно Зубовце.

Гледано од денешна дистанца, Мане остави траен белег на настаните, не скршнувајќи ни малку од своите првобитни и осведочени идеи, кои се веќе реалност, а за да се постигне сето тоа, во едно бурно време беше потребна храброст, одлучност и пред се неизмерна љубов и верба кон татковината. Сето тоа Мане го имаше, го носеше и го носи во себе. Пријателството е благодет и постојано треба да се надоградува. Нашето трае, непоматено и необременето.“

(продолжува)

Цела книга: https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.