Среда, 29 Април 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (54)

1 4

Мане Јаковлевски е познат по своето родољубие. Бројни се неговите дела кои ја потврдуваат неговата љубов кон татковината и преданост кон својот народ. Многу негови соработници, пријатели и познаци сведочат за активностите  на Мане во интерес на македонската кауза додека живее и работи во Берлин, како и по враќањето во татковината. Сепак можеби најдобро неговото животно дело ќе го опише Тодор Петров, негов пријател и соработник.

010Тодор Петров

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, Тодор Петров – Претседател на Светскиот македонски конгрес за посветеноста на Мане за македонските работи, за „достојниот македонски патриот“ како што го нарекува и за живата легенда на поновата македонска историја,  ќе напише:

„Македонија на Македонците, кои не се само во Македонија, туку во целиот свет и низ Европа“, е обединувачки слоган што мобилизира многу Македонци надвор од границите на Републиката, децении наназад. Неизбежен лик, во целата таа историја и миграција, е името на Манојил Јаковлески, со неизбежно досие, затоа што го следеле службите.

Манојил Јаковлески, меѓу Македонците во Европа и во светот, е познат по својот патриотизам и родољубие. Македонските работи, активностите во македонските, патриотски организации во Европа и ширум светот, повеќе пати го внеле во конспирација, заради заштита на сопствениот живот од “ловците по глави“ на политички емигранти и дисиденти од поранешна СФР Југославија.

Манојил Јаковлески целиот свој живот го минува во Западен Берлин, каде се занимава со угостителство. Со неговиот брат, Гојко, го држат култниот ресторан “Ново Скопје“, кој остави историски белег и длабоки траги, во тој дел од престолнината на Европа.

Покрај брат му Гојко, Манојил се движи во кругот на патриотските, македонски организации во Германија и во Европа: Ослободителниот Комитет на Македонија (ОКМ), Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).

Посветен на македонските работи, на Македонците и на Македонија, Манојил Јаковлески, заедно со брат му – Гојко Јаковлески, Драган Богдановски и со неколкумина истомисленици, во 1990 година ја формираат партијата Демократска партија за македонско национално единство, со предзнакот ВМРО, како ВМРО- ДПМНЕ.

И името на партијата е белег на неговата посветеност, да работи за Македонија, за Македонците и за македонските работи. Целиот свој живот го посвети на Македонија, убеден дека еден ден таа ќе биде самостојна и обединета држава, со сите свои окупирани делови.

Манојил Јаковлески живееше и сеуште живее со мисла и вера за Македонија, во нејзините етно-историски граници. Тоа не е срам ниту грев, тоа е идеја за која човек живее, во која верува со сета своја душа, со сето свое битие.

Во ресторанот “Ново Скопје“ во Берлин, на ѕидот ја имаше картата на Македонија во нејзините етно-историски граници и фотографија од апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев.

Картата на Македонија во нејзините етно-историски граници, со куса историја за Македонија, како земја на Великиот Цар над Царевите – Александар Трети Македонски, исто така, беше отпечатена во ресторанот на менито за јадење. Да читаат и да се едуцираат сите, кои сакаа да вкусат од македонската кујна и убавите јадења од ресторанот со длабока традиција.

За својата отворена политичка борба за осамостојување на Македонија од тогашната СФР Југославија, е прогонуван и постојано следен од Македонските и германските служби и тајни полиции.

И покрај се’, Манојил посведочи за суверена и самостојна држава Македонија, макар на еден дел од нејзините етно-историски граници. Го доживеа епилогот од неговата и неуморната работа на неговите соборци, како и борбата меѓу Македонците во светот и во Европа, за суверена и самостојна држава Македонија!

Конзистентен во своите ставови за Македонија, Манојил Јаковлески от секогаш беше одмерен, праведен со своите, но непоколеблив против неправдите и душманите. Бараше достојно парче под сонцето за својата родина Македонија, како што тоа и пред него, многумина патриоти и борци го побарале, се бореле и загинале за слободата и државноста на Македонија.

Манојил Јаковлески денес искрено верува, дека Македонија повторно е суверена држава, а Македонците повторно се суверена нација. Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа вистина и историја повеќе никој и никогаш не може да ги смени!

Манојил Јаковлески е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и активен во борбата за будење на свеста на Македонците во Европа и во светот. Тој е еден е од основачите на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, како и на фудбалскиот клуб „Илинден 903“.

Активно работи во формирањето на Македонската заедница за Јужна Германија, Македонската заедница за Средна Германија, Македонска заедница за Северна Германија и Македонска заедница за Берлин.

Организатор е на бројни демонстрации, за признавање на Република Македонија под уставното име од Европската Унија, во Берлин, во Бон, во Же-

нева, во Брисел...

Во Македонија, организатор е на Илинденскиот марш „Бигорски манастир –патот на црешовото топче“.

Манојил Јаковлески е активен член и на Светскиот македонски конгрес.

Во организација на македонскиот клуб „Македонија“ од Хајделберг, СР Германија, во 1992 година, Македонците во СР Германија започнуваат подготовки за семакедонско обединување во организацијата „Обединети Македонци за Европа“. Првото Собрание на организацијата е одржано на 6 и 7 февруари 1993 година, во Штупферих, СР Германија. На Собранието е донесена одлука, за обединување во единствениот Светски македонски конгрес, чиј претседател е Тодор Петров, под името Македонски конгрес за Европа.

Манојил Јаковлески учествува во работата на второто Собрание на македонскиот конгрес за Европа, одржано на 17 и 18 јуни 1995 година, во Сенденхорст, СР Германија; на третото Собрание на Македонскиот конгрес за Европа, одржано на 22 февруари 1997 година, во Синделфинген, СР Германија; на четвртото Собрание на македонскиот конгрес за Европа одржано на 25 април 1998 година, во Ремшаид, СР Германија; на петтото Собрание на македонскиот конгрес за Европа, одржано на 9 октомври 1999 година, во Оснабрук, СР Германија и на шестото Собрание на македонскиот конгрес за Европа, одржано на 17 март 2001 година, во Синделфинген, СР Германија.

На третото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес за Европа, одржано на 22 февруари 1997 година, во Синделфинген, СР Германија, Манојил Јаковлески е избран за нејзин потпретседател.

Во Македонија се враќа во 2003 година, но приврзан е за Германија, затоа што култното место „Ново Скопје“ остана белег за македонските работи во СР Германија и „амбасадор на Македонија“ пред Германците во Берлин. Манојил Јаковлески беше и остана достоен Македонец, кој се вложи во македонските работи и темелите на државноста на Македонија. За многаја лета!“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89!

Сите балкански земји вкупно имаа 45 заболени, а Македонија имаше 89! Власта мора да преземе одго...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.