Среда, 05 Август 2009   
Манифестацијата Илинденски марш 1978 година
img600_1Пладнето на 31 јули во далечната 1978 година тројца млади луѓе, качени на коњи, пристигнале во Крушево. Никој не знаел од каде се ниту по кој повод се дојдени. Сите претпоставувале дека се од околните места и најверојатно се подготвувале за некој настап по повод големиот празник Илинден, кој таа година го прославувал 75-годишниот јубилеј. Меѓутоа, кога внимателно ќе се загледале тројцата млади коњаници, веднаш паѓало во очи дека тие не се дојдени по нечие државно сценарио, туку самоиницијативно, тука, во Крушево, да им оддадат признание на големите Илинденци.

Покрај тоа, нив никој не ги пречекал ниту ги удостоил со добредојде. Но, и покрај тоа, тројцата млади луѓе гордо, возвишени на своите коњи, мирно го продолжиле патот кон Крушевското Езеро. Таму тие имале намера да се сместат и да се одморат, бидејќи на тоа место нивните сожители од Г. Лисиче секоја година се собирале и традиционално, со песна и оро, заеднички го прославувале големиот празник. Од нивните очи бликала среќа, но и радост што се тука, во Крушево, во градот на славните илинденци, за кои тие толку слушале и се воодушевувале од нивните хeројски борби. Тоа биле млади луѓе на возраст од околу дваесеттина години. На прашањето од присутните (кои во моментот се нашле на местото на настанот) кои се и од каде се, како од рафал сите тројца извикале:

- Ние сме од Горно Лисиче, Скопско, се викаме Гоце Стефковски, Борче Стефковски и Борис Змејковски.
Дојдени сме да им оддадеме признание на илинденските херои. Тргнавме од Горно Лисиче на 28 јули и преку Брезница - Здуње - Македонски Брод - Сланско - Дреново пристигнавме во Крушево. Сами се организиравме. Оваа скромна опрема што ја гледате на нас е лично наша и купена од наши пари. Тоа е наш долг кој нашите родители уште од мали ни го заветоа:

„КОГА ЌЕ ПОРАСНЕТЕ, ДА ОДИТЕ ВО КРУШЕВО, ДА СЕ ПОКЛОНИТЕ НА СЛАВНИТЕ ИЛИНДЕНЦИ, НА СЛАВНИТЕ МАКЕДОНЦИ, КОИ ЦЕЛ СВЕТ ГИ ЗНАЕ ПО НИВНИТЕ НАТЧОВЕЧКИ ХЕРОЈСТВА ЗА СЛОБОДАТА НА СВОЈАТА ДРЖАВА - МАКЕДОНИЈА“.
Овие отсечни зборови малку ги збуниле присутните, но истовремено предизвикале и восхит поради нивниот младешки занес и идеал дополнет со нивната нескршлива желбата да им оддадат почит на илинденците.

Веднаш по пристигнувањето тројцата лисичани се соочиле со еден нерешлив проблем: каде да ги сместат коњите. Ова прашање станало уште посериозно кога кај нив дошле претставниците на локалната општинска власт и локалната полиција од Крушево. Претставниците на општинската власт им рекле дека било забрането да се чуваат коњи на тој простор. Наспроти нив, полицајците веднаш започнале да ги распрашуваат и да бараат одговори на прашањата: зошто се дојдени, кој ги испратил и сл. Небаре станувало збор за криминалци. Целава оваа игра била со цел тројцата коњаници, облечени во комитски носии и со традиционални македонски обележја, да се изолираат и протераат за да не бидат забележани и за да не предизвикаат интерес кај многубројните посетители што се очекува-ле да пристигнат во Крушево на 2 август.

Постоела опасност да бидат вратени назад па дури и приведени и протерани од Крушево. Но, во тој момент во заштита на младите лисичани застанал Владо Карески, внук од брат на Никола Карев, кој отсечно, без страв, со неколку потези на нозете го полегнал и уништил тутунот во својата нива и им рекол на полицајците дека младите лисичани можат слободно да ги остават своите коњи на него-вата нива, која тој им ја ставил целосно на располагање.

„Ова е моја земја и одовде не може никој да ве избрка. Слободно врзете ги коњите и бидете горди на овој ваш патриотски чин” - им порачал гласно сите да го чујат. Настанала една мачна ситуација. Полицајците не знаеле што да прават. Затоа полека се повлекле. Гоце, Борче и Борис ја постигнале целта - дошле во Крушево и се поклониле на великаните на Илинден. Величенствен бил тој ден не само за нив, туку и за сите лисичани од Скопско. Гордо прозвучила веста во Г. Лисиче за пристигнувањето на младите коњаници во Крушево. Но уште погордо и повеличествено бело сознанието дека тоа е прв таков изведен марш во цела Македонија токму на Илинден. Оттогаш па натаму ова место станало култ не само за тројцата млади лисичани, туку и за сите жители на Г. Лисиче, Крушево и цела Македонија.

По величенствено изведениот марш и по постигнувањето на поставената цел, младите коњаници се вратиле во своите домови во Г. Лисиче. Но, веднаш се соочиле со една непријатна ситуација, бидејќи уште истиот ден биле притворени во скопската Полициска станица „Беко”. Покрај нив биле притворени и нивните најблиски, за кои полицијата се сомневала дека биле организатори и поттикнувачи на маршот. Најголемиот сомнеж, сепак, паднал врз Стефковски Пандил, познат патриот и храбар борец за македонската вистина не само во Г. Лисиче, туку и во цела Македонија и пошироко, организатор на повеќе илегални патриотски организации и спроведувач на многубројни акции за растурање на летоци со антијугословенска содржина, а за слободна и обединета Македонија.
Во притвор биле држени три дена. Од страна на инспекторите се ределе прашања: кој ги испратил, со каква цел, небаре станувало збор за криминалци или за државни непријатели од најопасен вид. Немоќни да го оправдаат притворањето на младите патриоти, а со цел да изнудат информации за наводна вмешаност на странски служби и непријатели на тогашната држава Југославија, полицајците започнале да ги тепаат притворените лица. Но и тоа не помогнало. Биле пуштени без образложение, а не било покренато ниту кривично гонење.

Така завршила оваа голгота поврзана со историскиот марш кој ќе влезе во аналите на македонската историја. По предлог на полицијата, а со одлука на судот, било забрането натамошното одржување на маршот, кој според иницијаторите требало да прерасне во традиционален. Оваа забрана траела цели дваесет години, сe до 1998 година.

А сe започнало во далечната 1973 година кога во разговорите меѓу повеќето младинци во с. Г. Лисиче со огорченост било прифатено сознанието дека патриотскиот морал кај најголемиот дел од Македонците е опаднат на сметка на пројугословенската политика на тогашното раководство на Македонија. Не можејќи да го гледаат сето тоа, тие се договориле да преземат повеќе илегални акции преку растурање на летоци и друг пишан пропаганден материјал со цел да се обратат до целиот македонски народ и да го поттикнат и подигнат неговиот опаднат македонски морал и патриотизам. Во подготовките за оваа акција учествувале: Зоран Цветковски, Гоце Стефковски, Љупчо Костовски и Борис Змејковски.

Материјалите биле подготвени и напишани од оваа група младинци. Во летоците се изразувало револт кон тогашната југословенска власт која со вешти пропагандни активности македонскиот народ го заробила во безбојниот југословенски систем на братството и единството. Истовремено се повикувал целиот македонски народ да застане на патот на неговото тотално обезличување и денационализирање, да го воздигне својот македонски идентитет и да ја зачува автохтоноста на својот македонски јазик и култура, кои се повеќе се губеле и бледнееле во општото југословенско сивило.

Значајно е да споменеме дека во овие летоци се барало и обединување на сите насилно одземени територии на Македонија од страна на соседните шовинистички балкански држави и нивно обединување во една држава. Истовремено, се повикувало и се барало да им се дозволи на Македионите во овие делови да ги уживаат сите национални, културни и јазични права кои насила со законите на тие држави им биле одземени.

Но од засега сe уште неразјаснети околности, акцијата, која се подготовувала во најголема тајност, била откриена од полицијата и не се реализирала. Организаторите на акцијата биле притворени, но поради нивната неполнолетност, набргу потоа биле ослободени.

Високите национални цели и задачи кои членовите на оваа група се обиделе да ги спроведат преку акцијата со фрлање на летоци во 1978 година се трансформирале со организрање на Илиденскиот марш, легална акција, за која групата сметала дека нема да предизвика сомнеж кај полицијата, а ефектите за постигнување на патриотската цел ќе биле уште поголеми.

Конечно, во 1998 година била исправена неправдата со легалното организирање на првиот Илинденски марш. Иницијатори за обнова на овој марш биле: Зоран Цветковски, Гоце Стефковски, Гоце Трпковски, Борче Василевски и Ванчо Богоевски. Истовремено, основачи на Здружението биле и учесниците во првиот марш во 1978 година - Гоце Стефковски, Борче Стефковски и Борис Змејковски. Новоформираното здружение било наречено „Илинденски марш 1978 година”. Првите два марша, во 1998 и 1999 година биле организирани и спроведени од страна на Месната заедница “Горно Лисиче” со полно разбирање и залагање на претседателот на Месната заедница Зоран Цветковски, којшто воедно бил и еден од иницијаторите за возобновување на маршот. Здружението во почетокот било и работело во составот на месната заедница во Г. Лисиче, со што се обезбедиле и запазиле законските процедури за неговото непречено опстојување и спроведување на зацртаните активности. А за да се запази традицијата и да не се изгуби значењето на првиот марш во 1978 година Владо Каревски, кој во меѓувреме починал, му оставил во аманет на својот син Борис Каревски (пред да умре) оваа желба тој да ја реализира. Оваа последна таткова желба синот Б. Карески ја испочитувал и го спровел заветот на татка си. Со посебен договор тој на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978 година”, склучен на 4 мај 2001 година, му подарил една идеална половина од недвижен имот - ливада од 1566 м2 во трајна сопственост. Ливадата се наоѓа на местото викано „Гобелово”. Со истиот договор Борис Карев станал редовен и почесен член на Здружението и учествува во сите подготовки околу реализирањето и спроведувањето на сите досега одржани Илинденски маршови.

Денес на тоа место Здружението има изградено еден објект во кој се сместуваат учесниците, гостите и стоката за време на одржувањето на Илинденскиот марш. Планирано е подоцна овој објект да стане значаен туристички и рекреативен центар во кој ќе летуваат и ќе се одмораат многубројни посетители. Така, на најдобар начин сите посетители и гости ќе се запознаваат, напојуваат и восхитуваат од сето она што некогаш и денес го правеле и прават жителите на с. Г. Лисиче за доброто на својата татковина Македонија.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.