Среда, 23 Март 2016   
СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Тоа се двете најголеми политички партии кои војувале и ќе војуваат на политичката сцена во нашата држава, но едниот војува со зборови, а освојува со дела, а другите пак војуваат во вистинска смисла на зборот.

На кратко во последниот период СДСМ е политичка партија која што си отвори фабрика за лаги и манипулации и се занимава исклучиво со лаги, манипулации, малверзации и создавање и наметнување на политичка криза се со цел уназадување и уништување на Македонската држава.

Толку за СДСМ, не би сакал да им обрнувам повеќе внимание на нив а и не ни заслужуваат повеќе!

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што на девет изборни фер и демократски циклуси ја добива довербата од македонскиот народ.

Таа е таа политичка партија која што ја бара довербата од народот врз основа на предходно направена програма на анализа и план за работа во иднина, а на крајот од мандатот како што е ред дава отчет за сработеното и сите ветени и неветени реализирани проекти .

Разликата е во тоа што оваа партија се занимава со подобрување на животот на поединците и подобрување на состојбата на нашата држава.

Разликата е во 3500 проекти реализирни до сега и уште дупло повеќе планирани во иднина само и само за македонските граѓани.

Разликата е видлива од авион.

Да не брзаме и да кажеме што е клучно што оваа политичка партија го направи во изминатиот  период нешто што беше документирано во нејзиниот отчет кој го даде пред граѓаните на Р.М.

1 .Македонија е земја со најниски даноци во светот.

2. Во државава се отворени 150 000 нови работни места.

3. Невработеноста е намалена и сега е на рекордно ниско ниво.

4. Македонија е 6-та во Европа и 12-та во Светот по добри услови и поволна клима за отпочнување на сопствен бизнис. 

5. Нешто што е спротивно за луѓе економисти е тоа што државниот буџет од година во година континуирано се зголемува, а даноците континуирано се намалуваат.

6. Враќање на работа и рестартирање на голем број пропаднати фирми од времето кога СДСМ беше апсолутна власт во државава.

7. Промоција и реализација на голем број мерки за младите луѓе.

8. Огромни и значајни инфраструктурни зафати на секој чекор и во секој предел во нашата држава.

9 .Огромен напредок и помош насочена кон луѓето на кои основа за егзистенција им е земјоделието и сточарството.

И сега ова се успесите на оваа политичка власт на кој можам да се сетам во моментов, а нема ниту време ниту место ниту пак е логично сега да набројувам кој се проетки се ветени и реализирани кој се во фаза на реализација а кој пак воопшто не биле ветени во програмата на оваа политичка партија а се реализирани по барање на граѓаните.

Кажете ми вие мене дали се сеќавате некоја друга политичка опција во државава да владеела вака и на ваков начин да се придржувала стриктно кон ветеното, тоа што е ветено мора да биде остварено и лидер кој што може да одстапи од ветеното само и само во корист на нашата држава  на обичниот граѓанин.

Ајде кажете ми дали се сеќавате на времето на владеење на СДСМ, на нивните дела или НЕ дела и дали тие некогаш за време на своето владеење се придржувале кон планот и програмата за работа или пак дале отчет за сработеното?!

Значи нема тука потреба да се објаснува, појаснува и докажува бидејќи разликата е видлива, огромна е а и богами огромни се тие 500 000 гласачи или приближно 200 000 македонски гласови повеќе за оваа политичка партија.

Да резимираме, на едната страна ветени и реализирани илјадници проетки, а на другата страна ниту план ниту програма ниту реализација на некаков проект ниту пак историјата памети за некакво позитивно дело од страна на СДСМ.

Токму затоа што ВМРО-ДПМНЕ воведе еден висок критериум на работа секој кој е или ќе дојде на власт ќе мора да ги следи истите тие критериуми, да работи со уште посилно и позабрзано темпо, а тоа пак на крај оди во корист и полза на македонската држава и македонскиот народ.

Мојата политичка определба е јасна и чиста како солза јас сум горд на минатото ама и сигурен во иднината на мојата политичка партија.

Токму затоа топло ви препорачувам дека на власт во оваа држава се доаѓа само и само со многу работа, а не со деструкција, лаги,  манипулации и малверзации.

На власт без избори не се доаѓа.

 

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.