Среда, 27 Март 2019   
Мајката на нацијата може да ја извлече земјата од процепот во кој ја втурнаа Заевистите

1 1aСвекрва

Мајката на нацијата може да ја извлече земјата од процепот во кој ја втурнаа Заевистите.

Во изминатите речиси три децении видовме како исчезнуваат принципите, демократијата и воспоставеното меѓународно право. Видовме како центрите на моќ започнаа да применуваат двојни стандарди и наместо демократија да го спроведуваат законот на џунглата. Сеуште се свежи сеќавањата на крвавите војни во поранешна Југославија, потоа нападите на Ирак, Авганистан, Либија, Сирија и т.н. Да не ги заборавиме воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Кумановските настани на 9 и 10 мај 2015 година, како и насилното доаѓање на Заевистите на власт и промената на уставното име спротивно на вољата на народот.

Сето ова покажува дека границите се менливи и дека ќе се менуваат според теркот на центрите на моќ без притоа да се прашуваат малите народи. Едноставно се распаѓа стариот поредок со кој доминираше Западот. Обединетите нации го губат своето значење, а се повеќе во светот се воспоставува законот на џунглата. Инсталираните марионетски власти полека но сигурно го менуваат личниот опис на своите држави по теркот на центрите на моќ.

Заевистите кои го сменија личниот опис на македонската држава, името и идентитетот на македонскиот народ, се типичен пример на надворешна инсталација, марионетска власт, која воопшто не мисли на интересите на својот народ. Сега, како што обвинуваат од соседството, таа пак се меша во внатрешните работи на други држави и извезува нестабилност во регионот.

Од осамостојувањето на земјата до денес, Социјалдемократите за да дојдат и да се одржат на власт се користат со законот на џунглата. Тие континуирано се во спрега со националистите и подземјето. Така за одредени концесии, како што беше со Тиранската платформа, социјалдемократите или Заевистите, ќе се обидат и со престојните претседателски избори.

Заевистите како да неможат да сфатат дека со секоја своја постапка (прифаќањето на Тиранската платформа, договорот со Бугарија и спогодбата со Грција) му нанесоа огромна штета на македонскиот народ. Така покрај промената на името на државата, околу двеста национални институции и организации мораа да го менуваат името, меѓу кои и МАНУ. Така да сега сите етнички заедници во земјата си имаат свои институции (албански, турски, влашки, ромски и т.н.), а само македонците немаат свои, туку национални.

Со ваквите постапки, Заевистите сами го бришат македонскиот народ од картата на Европа, иако тоа е народ чие постоење од антиката до денес го потврдуваат Библијата и низа други документи. Истовремено со остапување на македонското културно наследство на соседните народи кои се разликуваат од Македонците, Заевистите прават уште еден невиден злочин во поновата историја на македонскиот народ.

Заевистите во последните години од кога дојдоа на власт во земјата посеале зол плевел, зачетник на злото, чија  горчина ја чуствува секој човек во македонската држава. Единствено вистинската вера во Бога, сплотувањето на поделеното македонско ткиво и надежта во подобро утре сега се поставува како главен спас на Македонците.

За да се спречат Заевистите во своите намери, бидејќи тие никогаш не се откажуваат од злото, ниту пропушта нешто од својата подлост и замисла, потребно е насочување и ангажирање на секој свесен Македонец. Имено, во сојуз со доброто, потребно е злото да се сосече во корен, а семето на злото да биде претворено во пепел. Со божествениот оган на вистината наполно да биде уништена Заевистичката хидра на змејовидната и многуглава безбожност сместена во џунглата каде не владее правото.

Македонскиот народ мора да се обедини за да се спаси од Заевистичкото зло. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок и незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Завистите ја турка земјата. Всушност на овие луѓе мора да им се прости и тие мора да се привлечат за македонската кауза, пред сегашната власт тотално да ја уништи македонската куќа. Ако треба нега бидат и повторно покрстени, но македонскиот народ мора да се спаси.

Оние, пак, што остануваат во злото на џунглата, привлечени од митото и корупцијата, болни од непокајување, божјата црква и македонскиот народ ќе ги отсече како изгниени и сосема погубни делови и ќе ги предаде на вечна осуда и ќе фрли врз нив проклетство.

За да се спаси од џунглата во која владее безаконие, овој пат на македонскиот народ му е потребна мајка на нацијата, жена која го знае правото и која е способна да ги собере своите заблудени македонски синови за да го исчисти злото кое го посеаја Заевистите.

Во моментот Гордана Силјановска Давкова е единствениот претседателски кандидат кој може да го обедини македонскиот народ и да ја извлече земјата од процепот во кој ја втурна власта на Зоран Заев.

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.