Четврток, 10 Октомври 2019   
За ВМРО-вецот од Арачиново, од партиски војник до пилот
/ 10.10.2019
 
АНГЕЛОВСКИ: За ВМРО-вецот од Арачиново, од партиски војник до пилот
 Страшо АНГЕЛОВСКИ

АНГЕЛОВСКИ: За ВМРО-вецот од Арачиново, од партиски војник до пилот

Денес, 10 октомври, е Светски ден на менталното здравје. Или,што би рекле поедноставно – ден на грижа за здравјето на умот. И има ли поубав момент, токму денеска, да напишеш неколку реда за “пилотите“ од Арачиново. Со вистинска загриженост за здравјето, да напишеш неколку реда за умот на тој што го дал ветувањето за вработување на 300 (и со букви: тристотини) пилоти од Арачиново; за умот на тие што поверувале во тоа; па за умот на тој што му истекна дека човекот што го обелодени ова, млад Албанец од Арачиново, сакал да отвори штаб на ВМРО ДПМНЕ во селото; за умот на оној што уште повеќе му истекна дека не станувало збор за пилоти, туку за пилот-проекти. Да напишеш неколку реда за лудилото на умот кое го живееме последниве години.

Но, да одиме по ред:

  1. Човекот што го дал ветувањето веќе сите добро го знаеме. Ги знаеме и неговите ветувања или барем мислиме дека ги знаеме, зашто, еве, успева да не изненади уште со по некое. Се сеќаваме како тргна од село во село, од град во град, па секаде ветуваше се што можеше и не можеше да се вети. Дури, наликуваше на оној политичар од анегдотата, кој, кога отишол во едно село почнал да ветува се и сешто – патишта ќе ви направиме, амбуланта ќе ви направиме, продавница ќе ви направиме, училиште ќе ви направиме. Кога селаните му рекле – што ќе ни е училиште кога деца немаме во селово, тој, како од топ – и деца ќе ви направиме. Е така и овој нашиов, овој де, што ветуваше. И плата од 500 евра и зголемени субвенции за земјоделците и автопатишта за сите и нови студентски домови за студентите и зголемени пензии за пензионерите и водоводи и канализации и, за оние најсреќните, докторите, плата од 100.000 денари и… Па затоа, овие 300 пилоти од Арачиново пред да одат да се фотографираат за пилотската дозвола, прво нека ги разгледаат новите автопатишта и студентски домови, нека видат како изгледаат среќни пензионери со огромно покачување на пензијата, па земјоделци со високи субвенции, нека ги запрашаат оние со 500 евра плата како успеваат да ја потрошат, докторите најверојатно не ќе можат ниту да ги видат зашто со платата од 100.000 денари заслужуваат да се одморат во некој егзотичен рај… На крајот, нека си наполнат чаша вода од новиот водовод во селото и нека потслушнат како безшумно истекува водата од вц школката во новата канализација. Дури потоа, фотографијата в рака и, трк по пилотската дозвола.
  2. Оние што поверувале дека многу скоро ќе полетаат со многуте авиони што ги поседува државава, треба и да ги разбереш и да ги жалиш. Да ги разбереш, зашто во сиромаштијата секој се фаќа за сламка, па според онаа – дај што ќе дадеш, пилот, пилот, нешто да се работи за да се преживее, го прифатиле ветувањето и, нормално, го чекаат исполнувањето. Да ги разбереш зашто ако можеа високообразовани доктори да наседнат на ветувањето за 100.000 денари плата; ако можеа умни и млади студенти да наседнат на ветените нови студентски домови; ако можеа измачените земјоделци да наседнат на ветувањето за зголемени субвенции; ако можеше половина од граѓаните да наседнат на вешто креираните лаги “за живот во Македонија“, зошто пак тие би биле исклучок.

А, да ги жалиш како што, впрочем, треба да ги жалиш сите оние кои наседнаа на вешто креираните лажни ветувања, кои искрено се понадеваа дека ќе им биде подобро, а кои, за жал, за секојдневие добија сиромаштија во која целата држава од ден во ден тоне се подлабоко и подлабоко.

  1. Оние што првично смислија толку реално и вистинито објаснување дека човекот што го обелодени ветувањето за вработување на 300 пилоти да ти бил, всушност, млад Албанец, партиски војник на ВМРО ДПМНЕ од Арачиново и дека сакал дури и да отвори штаб на партијата на сред село, треба да бидат казнети од нивниот шеф. Затоа што не истражиле подлабоко и не дознале дека човекот, претходната година, од Арачиново на два пати одел во штипско Ново Село за да ја посети родната куќа на Тодор Александров за да се вдахновува со неговите идеали. Бери им го умот, рекле старите.
  2. Оние, пак, кои, откако видоа дека приказната за момчето од Арачиново како партиски војник на ВМРО ДПМНЕ не поминува и смислија, демек, трик, со кој вешто и успешно ќе не убедат дека ветувањето не било за вработување на 300 пилоти, туку за 300 пилот проекти во селото (еееј 300), нека го искористат денешниов Светски ден на менталното здравје и нека си се посветат само себе си. За нив денешниов ден нека биде неработен за да можат да се дружат самите со себе. Така ќе го сфатат вистинското значење на зборовите на Жан Пол Сартр дека, доколку се чувствуваат осамени кога се сами, значи дека се во лошо друштво.

Го пишувам ова зашто знам дека повторно, во новите кампањи за нови избори, ќе има нови ветувања. Е тогаш, измамените и прелаганите ниту ќе можеме да ги разбереме, ниту ќе можеме да ги жалиме. За да не биде како со оној кој кога отишол во болница да ја снима главата и кога докторот гледајќи ја снимката, му рекол дека нема ништо, не знаел дали да плаче или да се радува.

Затоа, ум во глава, што би рекол мудриот народ.

(авторот е претседател на МААК)

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.