Среда, 24 Октомври 2012   
Македонците од 18 век себеси се декларирале како потомци на Античките Македонци!

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Постојат голем број податоци за огромниот кр­вен и културен удел на античките Македонци во денешната маке­донс­ка нација од кои некои веќе ги наведовме. Оттаму, воопшто не е чудно што голем број Македонци во поблис­кото минато себеси се декларирале како потомци на античките Маке­донци, а истото тоа го тврделе и поедини странски авторитети.

Наспроти сите антимакедонски пропаганди, античко-маке­донс­кото етничко потекло масовно било прифа­ќа­но од страна на Маке­дон­ците во 19 и 20 век и за истото све­дочеле и  еминентни странски дејци, кои во тоа време престојувале во Маке­донија.

Еден од нив бил и францускиот барон Франсоа де Тот, кој ра­бо­тел во Цариград во 18 век (конкретно од  1768 до 1775 година) како главен изведувач на град­бите на важни објекти каде имал ангажирано по­го­лем број работници Македонци. Во своите “Спомени” тој за­пи­шал:

“Прибрав и сместив покрај работните места 1500 Маке­дон­ци...

Матковски Александар: “Македонија во делата на стран­с­ките патеписци 1371-1777”, Скопје, Мисла, 1991).

Во продолжение тој пишува дека Македонците биле неуморни во работата и дека затоа им дал слободни ден. Потоа тој пишува како некои од нив отишле во една кафеана и почнале да пеат песни за по­бедите на Александар Македонски, па вели:

Дваесет и двајца Македонци,секој со пушка на рамо,дојдоа ту­­­ка и собрани во една крчма пееја песна за победите на Александар “.

Во продолжение читаме дека еден од Македонците излегол од ка­феа­ната и налетал на група од деведесет турски морнари. Франсоа де Тот во продолжение пишува:

“Еден од моите работници ги напушти своите другари и оти­де да подиши воздух, се проближил до брегот каде ги видел но­во­ис­то­­­варените вооружени до заби. Еден од нив горд на бројноста што неговата војска му ја обезбедуваше, се приближил до Маке­до­нецот и му удрил шлаканица со сета сила. Овој без оружје за да се одмазди за својата навреда и ненавикнат на турскиот јазик, му дал само знак на шампионот кој го нападнал за да го почека бидејќи требало да се врати. Тој се вратил во крчмата, не им рекол ни збор на своите дру­гари, си ја зел пушката без тие да го забележат и се вратил на бре­гот каде што Турците сe уште се наоѓале. Таму го препознал својот противник и покажувајќи му го својот образ му дал знак повторно да почне. Но, Турчинот кој веќе имал пиштол в раце, испукал од не­посредна близина, меѓутоа не го погодил Македонецот, а овој за час му ја ставил цевката од пушката на стомакот и пукнал, но и са­миот загинал од 80 куршуми што ги испукале другите Турци. Ова пукање го привлекло вниманието на останатите дваесет и еден Ма­ке­до­нец. Виделе дека недостасува еден од нивните другари. Се воо­ру­жиле и се стрчале кон брегот. Пристигнувајќи таму, го виделе својот другар спружен крај еден Турчин и без распрашување ги на­паднале непријателите, убиле деветмина на самото место, а дру­гите ги потиснале кон морето со таква брзина што еден дел избе­гал со чамец, а друг пливајќи. Така, овие “храбри луѓе”  дошле до бро­дот, го пресекле јажето и се спасиле, бегајќи во морската шир. Двај­ца Македонци беа пратени кај мене и ме известија за ова. Тргнав вед­наш кај првиот министер, каде што се јавив како тужител во врска со навредата нанесена на работниците на замоците”.

Во продолжение читаме дека везирот се налутил и рекол дека загинале девет муслимани, а само еден неверник и дека тоа биле мно­гу жртви. Франсоа де Тот сепак инсистирал да се обезбеди сигур­носта на работниците, на што везирот смеејќи се, му рекол:

Добро. Со Вашите 1500 Македонци вие би ја освоиле зем­ја­та. Вашиот начин да се чувате зарем не вреди повеќе од оние кои јас би мо­жел да ви ги пружам?”

Гледаме дека во описот на овој настан Франсоа Де Тот сво­и­те работници секаде ги именува како Македонци. Фактот што тие пееле песни за победите на Александар Македонски е силна инди­ција за нив­­ната етничка свест, а во прилог на ова оди и шеговитата забе­леш­ка на вези­рот според која Франсоа де Тот со своите Македонци сакал да го “освои светот” (што може да биле алудирање на антич­ките Македонци од времето на Александар Македонски).

 

На прво место

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.