Среда, 26 Март 2014   
Македонски населби во Руското царство во 18 век

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Населбите кои ги формираат на територијата на денешна Украина им даваат имиња од старите краеви. „Меѓу балканските топоними кои се сретнуваат има неколку македонски: Македонов, Македоновка, Македони, Скопиевка, Куманово, Малаја Каратовка, Новиј Полог и други“.

По Карпошовото востание (1689) и по поразот на Австрија во Австро-турската војна (1683 - 1699), голем број Македонци се повлекуваат во денешна Војводина и Унгарија. Соочени со опасноста покатоличување, со дозвола на Русија, еден дел од Македонците предводени од Јован Хорват се населуваат по текот на реката Дњепар, каде го формираат македонскиот хусарски полк. Тие не само што во списоците се декларираат како Македонци, туку и населбите кои ги формираат на територијата на денешна Украина им даваат имиња од старите краеви. „Меѓу балканските топоними кои се сретнуваат има неколку македонски: Македонов, Македоновка, Македони, Скопиевка, Куманово, Малаја Каратовка, Новиј Полог и други“.

Во продолжението на својот осврт за „Преселниците од Македонија во Руското царство во средината на XVIII век“ авторот М. Здравева пишува: „Преселниците со полковникот Иван Хорват се населуваат во северниот дел на Херсонската губернија. Областа која ја неселиле доселениците била наречена „Нова Сербија“. Таа била потчинета непосредно на Сенатот и Воениот колегиум. Центарот бил во Новомиргород. Со Сенатски Указ од 19 октомври 1752 година во „Нова Сербија“ може да бидат примени „само доселеници од народите... Србски, Македонски, Бугарски и Волоски“.

Меѓутоа, како што пишува Здравева, „на оваа територија Хорват затекнал преку 4.000 домови: од малоруските и слободните полкови од Запорожје 3.170, Малоруси (Украинци н.з.) од Полска и Молдавија – 195, а 643 семејства изјавиле дека тука живеат од дамнина. Со поменатиот Сенатски указ бил регулиран статусот на доселениците: платата на војниците, оружјето, пензиите за вдовиците, црквата, училиштето и друго, всушност еден вид автономија каква ја имаа граничарите во Австрија. Првиот хусарски полк кој го организирал Хорват бил наречен „Хусарски Хорватов полк“ и со него командувал Хорват, а со првиот пешадиски „Полициски полк“ командувал неговиот постар брат Михаило“.

Македонците кои пристигнувале во Русија имале силна македонска национална свест. Тие се сметале за себеси за Македонци и дека се дел од македонската нација. Документите од националниот историски архив на Украина во Киев сведочат за нивното изјаснување. Здравева за овие документи и за националното изјаснување на Македонците ќе напише: „Бидејќи Јован (Иван) Шевич и Рајко Прерадович кои дојдоа со група доселеници не сакаа да бидат под команда на Хорват, издејствуваа на 29 мај 1753 година да добијат друга територија за населување во североисточниот дел на Екатеринославската губернија, наречена „Славеносрбија“ и да организира полкови. Од царскиот Указ од 1753 година се гледа дека Прерадович формирал засебен полк од Шевич. Во списокот на Шевичевиот полк има лица од

грчка („греческую“), унгарска („венгерскую“), бугарска („болгарскую“) и влашка нација („волоскую нацию“). Во полкот на Шевич 74 лица се декларираа дека се од „македонска нација“, за кои на основа на „Фондот 1413 опис 1 зб.6 и зб. 15/3 од Централниот државен историски архив во Киев (Централний державний исторический архив), Александар Матковски го дава списокот на имињата, нивната старост, времето кога дошле во Руското царство, ниниот семеен статус, дали се писмени и јазици кои ги знаат. Постои можност дека некои луѓе од Македонија се пишувале како припадници на грчката, српската, бугарската или друга нација...“

Македонците чиј врховен командант бил Хорват не само што во списоците на доселеници се декларираат како припадници на „македонската нација“ туку и населбите кои ги формираат им даваат имиња од старите краеви. „Голем број новонаселени утврдени места во „Нова Србија“ носеле имиња од старите краеви: Чанад..., Сента.., Кањижа... Помеѓу балканските топоними кои се сретнуваат во Украина има неколку македонски: Македонов, Македоновка, Македони, Скопиевка, Куманово, Малаја Каратовка, Новиј Полог и други. Према рускиот автор Кабузан, во 1754 година во „Нова Сербија“ биле попишани 2225 машки лица од кој 124 биле Македонци“ – пишува Здравева.

Градењето населби, обработувањето на земјата и одбивањето на пљачкашките напади на кримските Татари и запорошки Козаци во почетокот не било ни малку лесно. Меѓутоа, доселениците тоа го издржаа и за релативно кратко време овие воени утврдувања ги претвориле во убави места. Тие можеле да водат економија, да тргуваат, да држат анови, стока итн. Особено се изградил Новомиргород, каде бил сместен Хорват со својата команда.

Дека доселениците добро се вклопиле во новите места сведочат и писмата кои тие ги испраќаа на своите роднини во старата татковина. Здравева како пример го наведува писмото на Лазар Серезлија од октомври 1753 година кое тој го испратил до Стеван Станковиќ во Велики Варадин: Во него Серезлија ќе напише дека „во Нова Србија имаат добри плати и добра земја. Само неговата и земјата на неговата дружина се протега во должина од три миљи, во ширина две миљи и има доволно шума, ливади и вода. Тука нас, вели, никој не не` вика шизматици, зошто Германците и католиците ги имаат истите права какви што ние ги имавме кај Унгарците. Тука е наше царство и наша влада“.

Доселениците во Нова Србија и во Славеносрбија, како што наведува авторот, ја направиле пустата земја населена и обработена. Нова Србија и Славеносрбија биле обилно потпомогнати од руската влада, која од државните приходи издвоила посебен фонд „Новосербску и Славеносербску Сумму“.

Осврнувајќи се за Македонскиот полк авторот ќе напише: „Покрај споменатите полкови постоеја и „Бахмутски козачки полк“, „Венгерский“ (Унгарски), „Грузинский“ (Грузиски), „Молдавский“ (Молдавски), а потоа се формирани уште еден Српски полк наречен „Жолт хусарски полк“, Бугарски хусарски полк, Македонски хусарски полк. Македонскиот хусарски полк (Македонский гусарский полевий полкь) е формиран на 10 мај 1759 година, а се оддржал се` до 28 јуни 1773 година. Уште во препораката на Бестјужев од 1750 година, за да бидат примени во руска служба балканските народи: Грци, Власи, Албанци, Срби, Македонци и Бугари, се нагласува дека последните три народи се еднородни со Русите. До формирањето на Македонскиот полк, населението од Македонија било запишано во веќе споменатите претходно формирани полкови за кои се вели: пополнети со луѓе од Србска, Бугарска, Македонска, Молдавска, Грузиска... нација (наполнялис людми из Сербской, Болгарской, Македонской, Молдавской, Грузијской ... нациïй“).

Со наредбата од 10 мај 1759 година на Иван Хорват му било наредено да формира уште два полка под име Македонски („Македонский“) и Бугарски („Болгарский“), во кои покрај македонскиот народ во Македонскиот полк и бугарскиот народ во Бугарскиот полк, би влегле: Срби, Власи, Грци и Молдавци. Во Македонскиот полк влегле и дел од доселените Црногорци со митрополитот Василие, бидејќи немале доволно војници да формираат посебен полк, а не е исклучено дека имало и православни Албанци. Со писмо од 11 јануари 1759 година, Митрополитот ја молел Дворската канцеларија да дозволат Црногорците да формираат засебен Црногорски полк, а за командант да се одреди Симеон Пишчевич. Иначе некои автори, меѓу кои и Александар Соловјев, сметаат дека „овие полкови претставуваат посебни племенски единици“ – пишува Здравева.

Сепак, тука треба да спомнеме дека причината што дел од Црногорците биле вклучени во Македонскиот полк можеме да ги бараме на друга страна. Калуѓерите на манастирот Морача уште во 1615 година пишуваат дека нивниот манастир се наоѓа „во западната страна на херцеговската област и пределите македонски“, а црногорскиот митрополит Мардарије во писмо од 1640 се титулира како: „Јас епископ кир Мардарије од пределите македонски, од земјата Црна Гора, од манастирот Цетиње... Мердарије, владика црногорски и на цело приморје“. Исто така, во писмото на владиката Данило Петровиќ до рускиот цар Петар Велики од 28 јануар 1712 година пишува: „...од Црна Гора регион во Македонија“ („Scritto de montenegro dela regione di Macedonija” ). На 15 декември 1714 година во Виена е издаден пасош на црногорскиот владетел и владика Данило Петровиќ на кој што пишува дека Данило е „бискуп од Македонија... од Цетиње“. Потоа во писмото на црногорскиот владател и митрополит Данило од 8 септември 1742 година до руската царица повторно се спомнува синтагмата „во пределите македонски“, како и во одговорот на руската царица од 10 мај 1744 година која што го возвраќа поздравот со истата реченица. По овие стапки оди и митрополитот Сава и црногорските главари кои во писмото од 25 мај 1752 до руската царица се спомнува „во сите страни македонски“. По ваквите титулирања, воопшто не е случајно што дел од Црногорците како племенски единици биле доделени на Македонскиот полк кој го сочинувале припадници на македонската нација.

Македонскиот полк подоцна учествува во повеќе војни на Царска Русија. Македонските војници кои во битките биле во првите борбени редови се одликувале со голема храброст.

Makedonska-nacija-1

Makedonska-nacija-2

Makedonska-nacija-3

Makedonska-nacija.4

Makedonska-nacija-5

Продолжува

 

На прво место

News image

Христос Воскресе! За многу години Велигден!

Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме ...

Историја

News image

Гоце Делчев – „Ние не бараме покровители, а уште помалку господари."

  Појавата на Внатрешната организација од Македонија и нејзината се поинтензивна антиегзархиск...

Иселеници

News image

По повод 121 година од смртта на војводата Гоце Делчев: ВО СИДНЕЈ СЕ ОДРЖА ПАНАХИДА

На 4-ти мај 2024 година, на Велика Сабота, во организаци...

Култура и туризам

News image

Велигден

Велигден или Ден на Воскресението Христово е најважниот верски празник во православниот календар. Хр...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.