Среда, 03 Декември 2014   
Узите ја пљачкосуваат Македонија

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

„Узите... преминувајќи го Дунав преплавиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, околу 60.000 такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја поплениле и стигнале до Елада.“ – пишува Јован Зонара во својата „Хроника“

Јован Зонара е византиски хроничар и теолог, кој живее од крајот на XI до средината на XII век. За време на императорот Алексеј I Комнен, кој се наоѓа на византискиот престол од 1081 до 1118 година, Зонара ја обавувал должноста на заповедник на телесната гарда и надзорник на царската канцеларија на византискиот двор. По доаѓањето на наследниците на Алексиј I Комнен на византискиот престол, тој се замонашува во манастирот „Св. Гликерија“ на истоимениот остров на Мраморно Море.

По наговор на своите пријатели пишува хроника на светотх која опфаќа период од создавањето на светот па се до смрта на Алексеј I Комнен во 1118 година. Оваа хроника која е базирана на Скилица и неговите продолжувачи, како и на некои други непознати извори, изобилува со богаство на историски податоци и е меѓу првите слични византиски историографски дела.

За македонската историја мошне интересни и многу јасни се податоците кои ги дава Зонара за времето на царувањето на Самуил, востанијата кои се случуваат по неговата смрт, како и за другите настани на територијата на Македонија.

Како и кај повеќето византиски автори од XI и XII век, така и Јован Зонара поимот Македонија го користи како административен поим за византиската тема Македонија во западна Тракија. Меѓутоа, тој говорејќи за најраната историја на Византија, Македонија ја сместува во нејзините природни, исторско-географски граници.

Пишувајќи за упадот на Узите во Македонија, во 1064 година, Јован Зонара во својата „Хроника“ тој ќе забележи:

„Узите... преминувајќи го Дунав ја преплавиле сета земја покрај реката. Имало, како што велат, околу 60.000 такви што можеле да носат оружје. Оттука упаднале во Македонија, ја поплениле и стигнале до Елада.“

Од овој запис на Зонара, може да се констатира дека Узите најпрво ја опљачкаа Македонија, па потоа преминаа во Елада. Оттука сосема јасно, како што вели д-р Милан Бошковски,  Зонара ја идентификува Македонија во своите природни историско-географското граници како сосед на Елада. Значаен е притоа фактот дека тој не го употребува терминот Бугарија за таа територија.


Исто така, за разлика од византиски историчари Јован Скилица и  Михаил Аталијат, кои говорат за нереална бројка од 600.000 души, Зонара говори дека влегле само 60.000 лица способни да носат оружје, бројка која е многу по реална. Меѓутоа, не случајно и самиот Зонара ќе истакне дека „Узите преминувајќи го Дунав ја преплавиле сета земја покрај реката“.

Разликите кои се појавуваат во овие бројки, се резултат на пристрасноста со која се одликуваат византиските историчари од овој период. Прво ја зголемуваат бројноста на непријателот и ја потенцираат големата опасност, за потоа да ги истакнат победите врз нив, моќта на византиската војска и Византија, славејќи ги притоа победите и глорифицирајќи ги славните византиски императори. Сето ова го доведува под сомнение навлегувањето на аваро-славјанските војски, односно Славјаните кои го преправиле Балканот во VI  и VII.

Што се однесува до Узите, тие спаѓаат во турската група племиња, блиски со Печенезите. Во првата половина на XI век нивните живеалишта се наоѓале во јужноруските степи. Под притисок на Куманите, кои навлегувале од Централна Азија, тие се раздвижиле и до почетокот на 60-тите години на XI век ги запоседнале областите северно од Дунав.

Во 1064 година Узите го преминале Дунав и навлегле во балканските поседи на Византија. Во истата година и Унгарците го зазеле Белград. Во 1065 година, Узите биле разбиени, поразени и потиснати. Некои умреа заболени од чума. Тие малубројни што преживеа се повлекле од овие простори или се придружија на византиската војска како платеници. Во август 1971 година Узите како платеници на византиската војска ќе учествуваат во битката против Селџуците кај Манцикерт. Во оваа битка која се смета за пресудна за подоцнежната пропаст на Византија, околу 1.000 Узи пред борбата дезертираат и се приклучиле кон своите сонародници, а византискиот император Роман Диоген бил заробен.  

Навлегувањата и пљачкосувањата на Македонија во овој период стануваат чести. Узи, Печенези, Кумани, Нормани. Во 1088 година Печенезите му нанесуваат тежок пораз на византискиот цар Алексеј Комнен, а потоа навлгуваат во Македонија, притоа вршејќи грабежи се до Филипол кого го завземаат.  Две години вршат грабежи во земјата а потоа продолжуваат низ Бугарија и Тракија.  Изворите кои пишуваат за овие настани само покажуваат еден историски континуитет на имињата Македонија и Македонци.

Инаку, кон средината на XIV век историјата на Јован Зонара е преведена на црковно-славјански јазик. Иако зачуваните ракописи се од XV век од српска редакција, врз основа на подлошката, можно е првиот превод да е направен во некој македонски книжевен центар.

 

 

На прво место

News image

Митева: Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на државата

Митева: Јасно е дека работите се тргнати во насока дека на Македонија ќе и се случат промени, Силј...

Историја

News image

Научно патување на етнографот А. Стоилов во Драмско, Кавалско и Правишко

По влегувањето на Бугарија во Првата светска војна, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.