Среда, 24 Февруари 2010    PDF Печати Е-пошта
Коле Неделковски
Коле НеделковскиГлас од Македонија

О, трајте, трајте, тирани ниедни!
Доста се тија лаги и злоба -
пакостен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.
Таа ете веќе векови цели
пишка и стенка од волци гости-
за брата вијат кој да го дели,
за да му глода сувите коски.
Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д' издигне славно свој род без врева.
Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј - на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.


"Глас од Македонија", глас тревожен за неразбраното Македонско минато на Македонската сегашност, на Македонската вистина.

Литературното дело на Коле Неделковски иако е скромно и по обем и по квалитет, е мошне значајно. Основната нитка на поезијата е влијанието на народната поезија, а мотивите најчесто му се патриотски, исполнети со лиричност.

Коле Неделковски е истакнат македонски поет и револуционер кој живее и твори меѓу двете светски војни. Роден е на 16 декември 1912 година, во селото Војница, близу до Велес, во сиромашно земјоделско семејство, како Никола Крстев Неделков. Гимназија завршил во Велес. Поради недостиг на материјални средства, што беше карактеристично за најголемиот број македонски семејства во периодот меѓу двете светски војни, Коле беше принуден да го напушти школувањето. Во потрага по елементарна егзистенција заминува во Скопје и му се посветува на молерскиот занает и го посетува трговското училиште.

Со поезија почна да се занимава како ученик во велешката гимназија Љубовта кон литературата му ја всадува неговиот чичко Илија Војницалија, кој беше поет и имаше богата домашна библиотека, Како поборник против неправдите што и се нанесуваа на работничката клаа, своетотворештво - песните и животот ги посветува на напредното синдикално движење.

Во 1938 година на страниците на “Илустрација Илинден” објавена е неговата прва песна “Стојан војвода” (“Стојан на Ордановци”). Една година подоцна во Македонскиот книжевен кружок другарува со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други познати Македонски револуционерно- книжевни дејци. Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка “М'лскавици”, со која го поддржува трендот на пишување Македонска поезија со Македонска тематика и употреба на Македонски литературен јазик.

Во 1940 година станува член на диверзантска група “Млади антифашистички борци”. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга “Пеш по светот”. Само десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живееше.

Останува неразјаснето дали беше фрлен од полицајците или самиот скокна преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдуваат само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот.

По Втората светска војна, на местото на настанот е поставена спомен плоча, која подоцна исчезнува.

Коле Неделковски е еден од најреволуционерните поети во Македонската литература. Неговата песна Глас од Македонија е една од најпознатите револуционерни песни во Македонската литература.

... Неделковски се пројавува како интелектуално и општествено ангажирана личност. Освен што го посетува неделното трговско училиште, тој развива и забележителна активност како синдикален деец. Меѓутоа, длабоко во неговата душа се уште тлее љубовта кон литературното творештво.

Иако писмената активност на Македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни е многу намалена, сепак веќе во 30-те години на 20 в.повторно заживува пишувањето на македонски јазик во тогашна Бугарија и во тогашна Југославија и покрај тоа што можностите за објавување на текстови на Mакедонски јазик се многу ограничени.

Во Бугарија Македонскиот јазик е забранет за официјална употреба, а асимилаторската политика на Бугарија имаше за цел да го уништи македонскиот национален идентитет. Во овој период Пиринска Македонија претставува глува провинција во составот на бугарската држава. Македонскиот културен живот во Бугарија доаѓа до израз преку активноста на македонската имиграција во Софија, организирана преку Македонскиот литературен кружок. Меѓу позначајните книжевни појави од овој период се издвојуваат поетските збирки од Коле Неделковски: М’скавици (1940) и Пеш по светот (1941).

Во 1932 година, на 20 - годишна возраст, по повод смртта на еден другар, Коле ја пишува песната "Проштално писмо" која, за жал, не е зачувана. Веќе во наредната 1933 година, крајно разочаран од неможноста за духовен развој на македонскиот национален индивидуалитет, поради репресијата на великосрпските власти, Неделковски по кратко задржување во Атина имиргрира во Бугарија.

Надежта дека во бугарската метропола ќе обезбеди материјална егзистенција и услови за слободно раскрилување на творечките потенцијали на духовен и национален план, на самото место ја согледува како нереална. Разочаран од положбата во која се наоѓа македонската имиграција во Бугарија и противречностите на некои македонски средини, Коле Неделковски се повлекува во себеси и паѓа во длабока депресија.

Но, неговите душевни неспокојства по извесно време ќе исчезнат, благодарение пред се на силната љубов кон поезијата и кон македонското народно творештво. Денски работи како декоратер, а во долгите ноќи проучува материјали од минатото на својот народ. Преку Зборникот на Миладиновци деноноќно другарува со Македонската народна песна, а во тоа време ги пишува и своите туѓински изгнанички песни. Во периодот од 1933 до 1938 година посетува повеќе образовни курсеви со цел да го дополни испуштеното во своето образовно оформување.

Од првиот стих – ПОЕТ

Коле Неделковски започнува во јули 1938 година, кога во органот на Илинденската имигрантска организација, списанието "Илустрација Илинден" ја објавува песната "Стојан Војвода".

Во есента истата година, по формирањето на Македонскиот литературен кружок во Софија, Коле станува негов активен член. Творечките немири на Неделковски најдоа плодно тло во средината на неговите истомисленици и врсници: Никола Јонков - Вапцаров, Антон Попов, Михаил Сматракалев, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Митрев и другите.

Во наредниот едногодишен период Коле објавува уште пет песни, а во 1940 година ја објавува и првата стихозбирка "Молскавици", посветена на мајка му, која содржи 16 песни.

Делото на Коле Неделковски претставува инспирација и за повеќе современи македонски поети. Зборувајќи за создавањето и активноста на Македонскиот литературен кружок во Софија (1938 - 1941), академик Гане Тодоровски, во една пригода ја подвлече мошне јасната позиција на поетот во однос на националното прашање.

Вљубеникот во народната поезија на сопствениот народ и предвесник на новото време, Коле Неделковски, во август 1941 година ја објавува својата втора стихозбирка "Пеш по светот", посветена на младите Македонски борци. Покрај истоимената поема, ова дело на Неделковски содржи уште седум песни. Тие претставуваат израз за борбен извик на поетот против големата опасност од фашизмот. Песната "Глас од Македонија", во тој однос, претставува своевидна апотеоза на македонскиот народ на неговите вековни страдања и национални стремежи.

Токму во миговите на поетска раскриленост и револуционерна развиоренсот во служба на македонското револуционерно ослободително дело, на втори септември 1941 година, во екот на полициската рација трагично ќе загине, оставајќи голема празнина кај Македонскиот народ.

Коле Неделковски загина како член на диверзантската група во Софија која имаше задача од една страна да предизвика извесен неред среде побеснетите фашисти, а од друга да ги натера револуционерните сили да се дигнат на отворена борба против фашизмот. Таа задача Коле ја презеде со готовност и гордост. И во таа смисла даде се од себе.

Коле имаше два објекта над кои требаше да изврши атентат. Тоа беше редакцијата на весникот "Зора" и германската воена радиостаница во квартот "Подуени".

Првиот објект, за кој лично Коле направи подробен план, влегувајќи два-три пати во приземните простории на редакцијата, брзо беше изоставен поради недостаток на неопходното доволно количество експлозивен материјал. Оваа идеја беше замената со планот за атентат над директорот на весникот - Данаил Крапчев. Се разбира, атентатот пак да се изврши во зградата на редакцијата, но во кабинетот на директорот, за да се изрази незадоволството не само против личноста на Данаил Крапчев, туку пред се, против профашистичката редакција на тој весник.

Вториот објект Коле направи обид да го разурне на први септември приквечер. Но... на 2 септември, весниците објавија дека Коле загинал. При обидот на полицијата да го блокира квартот околу зградата во која живееше и да го уапси фрлил една пеколна машина против нив, а потоа се фрлил од прозорецот на својот стан. Не е исклучено да бил проследен од полицијата во обидот да ја изврши задачата над германската радиостаница, меѓу 4 и 5 часот, а постои веројатност полицијата случајно да го открила вршејќи претрес во блокираниот кварт. Меѓу другото, постојат индиции дека е извршено предавство од некој студент, кој живееше до неговата соба.

Коле Неделковски загина по јуначкиот пример на солунските атентатори. Не затоа што тој беше индивидуалист, туку затоа што нивното дело беше за него синоним на револуционерно јунаштво. Не зашто тој ги носеше нивните "гемиџиски" идеи, туку затоа што тој исто беше романтичар со бескрајна љубов кон својот народ и кон неговата борба за слобода и правда.

Зборник за Коле Неделковски

Институтот за Македонска литература и Институтот за Македонски јазик објавија зборник на научни трудови посветени на животот и делото на Коле Неделковски. Зборникот содржи материјали од научните собири одржани по повод одбележувањето на јубилеите од смртта на Коле Неделковски.

Зборникот насловен како "Коле Неделковски- живот и дело" ги содржи следниве излагања: "Коле Неделковски поет и борец" од Јованка Стојановска-Друговац, "Краток портрет на македонскиот поет-страдалник и револуционер Коле Неделковски" од Георги Сталев, "Нови навраќања кон Коле Неделковски" од Васил Тоциновски и "Лирскиот ангажман на Коле Неделковски" од Лорета Георгиева-Јаковлева.
 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.