Среда, 15 Септември 2010    PDF Печати Е-пошта
Леонид Јанков - Гевгелиска легенда

leonid-jankov-1ЈАНКОВ, Леонид (с. Мачуково, Гевгелиско 10.III.1878 г. – Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.) – македонски револуционер, еден од плејадата македонски борци кој пожртвувано го посвети и даде својот живот за македонското национално ослободително дело. Учествувал во многу борби против Турците, во кои покажал беспримерна храброст, физичка сила и голема стрелачка вештина. Со своите јуначки дела, како заштитник на македонското население и нивните имоти, станал еден од најомилените и најпочитуваните народни борци во Гевгелиско. Леонид Јанков уште како релативно млад, влегува во редовите на Организацијата и станува раководител на ревулуционерен комитет во с. Мачуково. По извесно време станал комита и десетар во четата на војводата Аргир Манасиев. Загинува млад во неравноправна борба со турската војска во 1905 година, во близина на селото Ѓавато, кај месноста Ѓуров Дол.

Во втората половина на 19. век, во селото Мачуково одалечено само 4 км од Гевгелија на 10 март 1878 година бил роден Леонид Јанков. Селото Мачуково кое било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. како и половина Гевгелија биле дел од чифлик, кој бил во сопственост на жена позната како Анамката, позната по својата суровост. Во првата половина на XIX век, со напуштањето на тимарско-спахискиот систем и појавата на „доброволно“ одземање на земјишните парцели од селаните и заграбување на општинското и државното земјиште од страна на спахиите, се создаваат таканаречени чифлизи, со кои почнале да господарат нови стопани наречени чифлик-сајбии, а македонските селани стануваат чифлигари. Чифлиг-сајбиите можеле да го продаваат или пак да купуваат и да го прошируваат својот имот.

Тешката криза и анархијата која го зафатила турскиот државно-правен, политички и економски систем ја принудува централната турска власт да спроведе реформи со Гилханскиот хатишериф (1839 -1853) и Хатихумајунот (1856 – 1878), со кои се прокламирала полната равноправност пред законите на сите граѓани, без разлика на вера, народност и положба, како и полна сигурност на животот, честа и спечалените имоти на сите поданици. Во пракса овие два документа тешко можеле да се спроведат поради отпорот кои го давале конзервативните преставници на султанската власт. За да се заштитат животот и честа од османлиската бруталност, како и да ги заштитат своите имоти, селаните поставувале оружени чувари, таканаречени падари.

Таткото Трајко и мајка Ката, го школуваат својот син Леонид, кој спознавјќи ја османлиската бруталност, како и под влијание на учителите кои агитирале против турската власт, многу бргу осознал дека само со оружена борба може македонскиот народ да се ослободи од многувековното турско роство. Движејќи се со својот татко, а понекогаш правејќи му и услуги, Леонид уште како млад, се запознал со идеите и целите на Македонската револуционерна организацијата. Набрзо тој се придружува кон Организацијата и станува раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. Истовремено на почетокот на XX век тој е еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти.

Тешката положба на македонското население во османлиското царство, принудува голем број Македонци со пушка во рака да се кренат против безаконието кое владеело. Со формирањето на револуционерните селски чети, а по завршената воена обука, многумина од селото Мачуково се најдоа во четите на Сава Михајлов и Аргир Манасиев. Во овој период столб на Организацијата во селото бил Генчо Лазаров Ортаков, а организациски работи им биле препуштени на Јанковци. Набргу Леонид Јанков, како и многумина од селото Мачуково, се придружува кон револуционерните чети.

Од април 1900 година Христо Чернопеев е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел е создавање селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирче Икономов, Никола Дечев и други идни истакнатите дејци на ВМОРО. На 4 февруари 1901 година четата на Чернопеев е опколена во селото Бајалци од 500 турски војници и води голема 14-часовна борбам во која загинува и Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Додека народот се гордеел со храброста која ја покажале нејзините синови, дотогаш османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците.

После битката турската власт презела големи репресивни мерки. Поткажани од лица алчни за пари и непријателите на македонскиот народ, биле затворени многу селани, а меѓу нив бил и Леонид Јанков. Околу 2000 лица биле затворени и изложени на најсурово испрашување, малтретирање и тепање. Од нив 444 лица биле осудени на робија од една до сто години. Бидејќи иследните органи не можеле да докажат некоја револуционерна активност, повеќето биле пуштени по шест месеци, а меѓу нив и Леонид Јанков.

Откако Леонид бил пуштен од затвор, знаеќи дека работи за организацијата, бил постојано следен од турската власт. Дознавајќи преку својот турски пријател Емишин, кој го издава во уќуматот, Леонид ќе го ликвидира шпионот Ристо Дојчинов, и ќе се приклучи на четата на Аргир Манасиев. Бил одреден за десетар а во 1902. година за околиски војвода во Гевгелија. Оваа чета ги заштитувала македонското население, се борела против грчката пропаганда, ликвидирала нејзини претставници, а потоа се борела и против бугарскиот врховизам и пропаганда.

За време на Илинденското востание во 1903. Година, Леонид учествувал во изведувањето на повеќе диверзантски акции против турската војска. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во октомври 1903. година и по престанувањето на борбените активности, Леонид со четата на А. Манасиев се префрлил во Бугарија.

Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов, се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, каде на подрачјето на Богданци развиваат голема активност. Неговата активност внимателно ја следи турската власт. Откако дешифрирале едно писмо кое било упатено од градското раководство до Леонид, турската војска го опколила просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол. Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на Турците.


Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.

За јуначки дела Леонид Јанков, за неговата бестрашност и итрина, народот во гевгелиско испеал повеќе песни од која најпознатата е „Трба, Трби Гевгелија“.

 

На прво место

News image

Пендаровски во суштина е кукавица

Мицкоски: Додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус која г...

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Волф Ошлис: МАКЕДОНИЈА

ЕНЦИКЛОПЕДИСКИ ПРИЛОГ ЗА МАКЕДОНИЈА

Култура и туризам

News image

Археологија на македонскиот дух

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ I) (27)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.