Среда, 17 Ноември 2010    PDF Печати Е-пошта
Димитрија Чуповски

Dimitrija_CupovskiДимитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8. XI 1878 – Ленинград, СССР, 29. Х 1940) – е македонски деец, еден  најистакнатите афирматори на македонската национална мисла. Димитрија Димов Чуповски за време на својот живот се сретнува како поет, публицист, редактор, книгоиздавач, картограф, историчар, лексикограф и културен деец кој ги основал и бил претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), потоа на Словеномакедонското национално просветно друштво „Св. Кирил и Методиј (1912–1913), член и основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924). Исто така, бил потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации. Димитрија Чуповски ќе остане забележен во историјата како еден од најголемите борци за самобитноста на македонскиот народ како и за обединувањето на Македонија и конституирање во национална држава на македонскиот народ.

Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во угледно семејство на македонски револуционери – автономисти, во селото Папрадиште, Велешко.  Роден е како посмртче, по убиството на татко му од страна на албански платеници. Откако неговото село било изгорено од албанските качаци, на десетгодишна возраст се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Се школува во родното село и во Крушево, каде го научил и молерскиот занает.  Заминува со своите браќа на печалба во Софија каде го продолжува своето образование во 1892 година. Во тогаш новосоздадената бугарска држава дење работел, а ноќе учел во Вечерната школа на македонските „лозари“. Во присуство на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други македонски студенти, борбата за правата и слободата на македонскиот народ станува негов иден животен пат. Своето образование го продолжува во Вечерната светосавска учителска школа во Белград во периодот од 1892 до 1895 година, каде што членува во ученичкото друштво „Вардар“  во 1893/94 година.

По завршувањето на своето школувањето во Белград, Чуповски се вработува како учител во во своето родно село, Папрадиште. По крткотрајното учителување во учебната 1895/96 година, тој е затворен поради неговата револуционерна активност. Успева да избега и преку Белград заминува во Русија. Таму го продолжува своето образование во Духовната семинарија во Новгород и во Семферопол, во периодот од 1987 до 1900 година.

Во 1902 година го основал Македонското научно-литературно другарство (МНЛД) во Санкт Петербург. Како претседател на МНЛД започнува низа активности преку кои ја запознава руската и европската јавност за вистинската состојба во Македонија. Држи низа предавања во Другарството и надвор од него, на кои ги пренесува желбите на македонскиот народ за самостојност и сопствена држава. За состојбата во Македонија води разговори со руските власти, со Турската и Австро-унгарската амбасада. Во 1905 и 1911 година патува во Македонија заради подготовки за отварање училишта на македонски јазик. Во овој период, односно во 1909 и 1910 година, како сопственик на посредничкото биро „Трудовиј посредник“, го издава годишникот „Дѣловой Петербургъ“.

Во предвечерјето на Балканските војни, Чуповски настапува на јавни собири и е присутен во рускиот печат, а по започнувањето на војната доаѓа во Македонија. По пристигнувањето во Скопје и Велес заедно со Петар Поп Арсов, Иван Поп Јорданов и други интелектуалци создаваат јадро на борбата на македонскиот народ за создавање на македонска независна држава. Акцијата која ја започна Чуповски се пренесува и во Солун, каде Ризо Ризов и Павел Шатев ги организираат симпатизерите и активистите за спроведувањето на акцијата на Чуповски и другите револуционери од Велес и Скопје. Како резултат на овие активности се организира општомакедоноска конференција во декември 1912 година на која се бара ослободување на македонскиот народ и создавање на независна и обединета Македонска држава. Од конференцијата Чуповски добива полномошно за да може да ги застапува интересите на македонскиот народ пред Европа, а истовремено се заклучува неговата мисија да се подржи со широка пропаганда како во Македонија така и надвор од земјата.

Активноста на Чуповски во Македонија е спречена од српските, грчките и бугарските власти, кои отворено му претат и го протеруваат од земјата. По враќањето во Русија, Чуповски се јавува во овој период со статии за завојувачкиот карактер на војната и за македонската државност. Тој во текот на Мировната конференција во Лондон го истакнува фактот дека во војната против Турција учествувале равноправно илјадници Македонци, па поради тоа бара од сојузниците да му дозволат на македонскиот народ да создаде сопствена држава.

За подобро запознавање до македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна држава, во март 1913 година ја објавува првата карта на македоноски јазик во боја „Карта Македониіа“ и заедно со Меморандумот на Македонците од 1 март  1913 година ги праќа до Лондонската конфереција и до рускиот печат. Три месеци потоа, на 7 јуни 1913 година потпишан е „Меморандум на Македонците“ кој е испратен до владите и јавноста на балканските држави,  а веќе на 9 јуни 1913 година се појавува и првиот број на списанието „Македонскiй голосъ“ („Македонски глас“).

Двата меморандума на Македонците од Петроград, покрај тоа што беа упатени во Лондон, Софија и Атина, беа објавени и во списанието „Македонски глас“, во тоа време единствено гласило на македонскиот народ. Списанието „Македонски глас“, кое Чуповски и МНДЛ го издаваат на руски јазик, е најзначајна периодична публикација на македонската национална мисла. Ова списание кое до 20 ноември 1914 години е отпечатено во 11 броја, преставува важен и единствен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојување на националната слобода на Македонците.

Иако апелот на македонскиот народ, изразен во Меморандумот на Македонците од Петроград, беше глас во пустиња, кој се изгуби во грмежот на топовите кои ја пустошеа Македонија, Чуповски и македонската колонија не престанаа со своите активности. Покрај многуте официјални акти Чуповски заедно со К. П. Мисирков, од името на Петроградската и Јужноруската македонска колонија, поднесуваат до рускиот министер за надворешни работи  опширен Меморандум од 14 август 1914 година. Потоа заедно со Наце Димов во 1915 година, преку Друштвото за помош на почетници литератори, артисти, уметници и научници на Русија организираат Словенски лазарет за ранетите руски војници. Во 1916 година Чуповски се обидува повторно да дојде во Македонија, но завршува неуспешно на романската граница. Со почетокот на Октомвриската револуција во 1917 година,, пропаѓаат и обидите на Македонскиот револуционерен комитет за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република.

Борбата за самостојност и за национална држава на македонскиот народ на Димитрија Чуповски не престанува се до неговата смрт. Подготви македонско-руски речник, кој нестигна да го заврши, а пропаѓа заедно со ракописот на лексиконот за историја, етнографија, јазик, фолклор и културата на Македонија   во бомбардирањето на Ленинград во 1942 година. Умира на 29 октомври 1940 година во Ленинград. За време на погребот неговиот ковчег бил покриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 година, а на крстот неговиот син ги испишал зборовите:

„Борец за правата и слободата на македонскиот народ“,

зборови што самиот Чуповски ги испишал на брат му Наце.  Неговите коски со државни свечености беа пренесени од Ленинград во Скопје во 1990 година.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.