|
|
Македонија нема да дозволи дестабилизација на земјата |
Мал дел од албанската заедница во Македонија не ги почитува македонската химна, грб и знаме. Меѓу нив сеуште има кои сонуваат за создавање на т.н. Голема Албанија. Ова обилно го користат преставниците на ДУИ кои откако станаа опозиција, со закани за дестабилизација, се обидуваат да ги заштитат високите претставници од партијата кои се огрешиле со законот. Така на Денот на одбележувањето на албанското знаме 28 ноември со пукотници од огнено оружје беше газено и запалено македонското знаме во Скопје. Во ОУ „7 Март’ во Челопек, со поддршка на родителите и наставниците, деца облечени во униформа со амблем на УЧК-албанска паравоена организација од конфликтот во 2001 година парадираа со играчки пушки во рацете. Пред седницата на Уставниот суд Законот за употребата на јазиците ДУИ држеше „стража“ пред институцијата и се закани дека „секое нарушување на уставната еднаквост е нарушување на мирот, стабилноста и заедничкиот напредок.“ Се јави и албанскиот премиер Еди Рама кој вели дека „албанскиот јазик не е прашање на закони во Македонија, туку она што ја одржува земјата. Тоа го повтори и албанскиот амбасадор во земјата, што преставува класично мешање во внатрешните работи во земјата. Со оглед дека во 2017 година ДУИ беа согласни законското решение да биде согласно „Венецијанската комисија, а денес се против мислењето на истата, да се преиспита Законот за јазиците, се поставува прашањето која е пораката која ДУИ ја испраќа кон македонските граѓани. Иако самите имаат изјавено додека беа на власт дека Охридскиот договор е исполнет, повторното повикување на него дека не се почитува укажува дека се размислува за да се избегне одговорност од криминалот пред македонските судови и за обединување на Албанците во една држава. Очигледно е дека ако не се во власта или ако не се заштитени во своите криминални активности, тие размислуваат да се вратат во 2001 година кога се бореа за отцепување на територии. Но со тоа тие работат против членството на земјата во ЕУ и против НАТО. Со оглед дека се закануваат со дестабилизација на земјата, а со тоа и на јужното крило на НАТО, во време кога во Украина и на Блискиот исток се водат војни, тие директно одат против Вашингтон и Брисел. Македонија не размислува да дозволи било каква дестабилизација на земјата, во која ќе страдаат и двете страни. Македонските безбедносни структури заедно со своите стратешки партнери внимателно ги следат и ги острануваат заканите по мирот и безбедноста. Добро е што ДУИ нема некоја голема поддршка во албанската заедница, бидејќи повеќето се свесни дека во таков случај најголеми губитници ќе бидат тие. Тие се свесни дека во земјата уживаат такви права какви што немаат малцинствата во ниту една друга држава во Европа. Исто така се свесни дека оние што ги туркаат во отворен конфликт, први ќе ја напуштат државата со „чесно“ заработените пари, како што се случи во Украина. Основните човекови права им припаѓаат на сите луѓе и тие се неотуѓиви зошто никој нема право некому да ги одземе без разлика на националноста, сепак Македонски народ, негова држава, историја, јазик и култура се реалност која мора сите да ја почитуваат за да нема тензии. Секое игнорирање на овој факт го враќа регионот во минатото кога македонското прашање беше јаболко на раздорот, и причина за војни. Тоа важи и за ДУИ. Наместо закани и дурдеџиски работи од 19 век, потребно е да работат на интегративните процеси и прогресот на целото население во земјата. Само така ДУИ ќе стане фатор за просперитет не само во албанската заедница туку и во целата Македонија. Затоа е потребно да ги елиминираат заканите и да работат на интегрирање, почитување на химната, грбот и знамето и на крај и за почитување на нашата заедничка Македонија!. |