|
|
ЗА ХЕРОИНАТА ГОРДАНА ДИМОВСКА: „СМЕЛО И ГОРДО ПО СТАПКИТЕ НА ГОЦЕ, ЈАНЕ, ДАМЕ.....“ |
Tи жено! (за сите жени на светот) Долг, трнлив и неизвесен беше твојот пат до денешното големо и силно твое ЈАС! Со векови, чекор по чекор за да стигнеш на овај дел од маршутата, за да го имаш тоа што од раѓање ти припаѓа. Оспорувано ти беше, неправдите беа дел од твојот живот. Обезвреднета, омаловажувана....ТИ. Застана во првите борбени линии во ликот на Клара Цеткин, Роза Луксембург, заедно со многу други од родот твој.ТИ ЖЕНО, сама ги извојува своите битки.....низ долг пат. Твојата борба никогаш не забрши. Војуваш и денес.Во средниот век те нарекуваа „Вештерка “, тоа беше симболична или иронична слика за тебе, за твојата женска идентификација! Те спалуваа на клада. Без суд. Без порота Без право на одбрана. Од тогаш па се до денес, социјалната детерминација и играњето на улоги одредени од колективната( не ) свесна свест, полека, смислено, наменски и метастазирано во секоја пора и мимикрирано во секаква форма го обземаат глобалното женско тело или колективната женска свест и твојата женска енергија. Несвесно, денес по протек на многу време, твојот вложен труд, силна поддршка, уште посилни пари за некаква си родова еднаквост, ти не успеваш, можебии не сакаш да видиш дека биеш битка со ЗАМИСЛЕН ПРОТИВНИК. Mажот уште помалку е твој непријател. Пројавувањето на креативноста, способност, вештина, талент, духовност, биле, се и секогаш ќе бидат состојби на ултимативен ризик, до тој степен што сериозно се наметнува прашањето: Дали КЛАДАТА е измислена за спалување или за терминирање на овие појави или за заштита на БОГОБОЈАЗНИОТ свет од демонски сили и влијанија? Дали стигматизирањето на ДЕМОНИЗМОТ на вештерката е всушност страв од способна, вешта, талентирана, успешна, реализирана, силна жена со идентитети опшествен статус? И и и и, кој стои зад ТОА? Или......... Зад сите војни, неуспешни битки, растурени кралства, паднати круни, изгубени тронови, загубени територии, империи....атентати, завери, абдицирања, на глобално ниво, кој стои? кој е наш најголем непријател? МАЖОТ секако НЕ! Жените денес сме доведени во состојба на негирање на сопствената суштина, она што како групна енергија ни е заедничко, па одредува и первертира во некакви квазиформи на делување и постоење. Колку и да е бунтовно, реакционерно, ослободена од предрасуди, дденешната жена денес, сепак е во функција на СЕБЕ- НЕГИРАЊЕ, не во буквална смисла на зборот. Ако човештвото (мажот и жената подеднакво) страда од НЕСПОСОБНОСТ и ОТСУСТВО на желба да се прифати тугиот успех, ЖЕНАТА СТРАДА ОД ЖЕНА. Да се биде жена е голема привилегија. Затоа што, ако си жена, ТИ СИ СЕ НА ОВАА ПЛАНЕТА. Да се пишува за Гордана Димовска е уште поголема привилегија. Затоа што ТАА е создадена од многу такви СЕ’ кои сплотени во симбиоза, претставуваат една совршена целина на исклучително вредни нешта присутни на едно исто место со неверојатна можност на заедничко беспрекорно функвионирање. До перфекција. А тоа не е само привилегија, СРЕЌА Е. 1. Ја запознав сосема случајно. Во една пригода, преку мојата пријателка Љубица Поповска која долги години живее во Мелбурн, Австралија. Повод беше разговорот кој со Гордана Д.Телефонски го водевме на тема, нашите ангажмани, посветеност и љубов кон создавањето на литературни дела како дел од радио емисија чиј автор, водител, и уредник беше Гордана. Разговорот траеше подолго од вообичаен телефонски разговор, го водевме во раните утрински часови по наше македонско време и ништо не беше тешко. Како да сме оделе во исто училиште, со таква леснотија се поставуваа прашањата, течеа одговорите, како да се тоа две , се мисли на нас двете, долгогодишни пријателки кои разговараат за свој заеднички проект. Тоа беа и се мигови кои никогаш нема да ги заборавам. А мина многу време. Многу. Постојат нешта кои заради сопствената вредна суштина остануваат вечно запишани во нашата мемориска картичка. И посилно и од тоа. Никогаш не избледе впечатокот од нашата телефонска средба. Остави длабока трага во мене. Засекогаш. Гласот од далечина, отворено навестуваше моќност на жената, сопственик на тој глас, дека се работи за редок човек, со уште поретка дарба и талент за многу големи нешта. И со години ме поттикнуваше да сторам нешто, да направам смел чекор со кој ќе го овековечам нејзиното дело. Од телефонската слушалка одекнуваше нејзиниот ентузијазам, нејзиниот труд како темел на секое создавање, нејзината особена скромност во истакнувањето на сопствените квлаитети за кои говорат сите нејзини долгогодишни активности, посветени на љубовта кон родната земја, јазикот, суштината на нејзиниот живот и цел на постоење, нејзината огромна емпатија кон се она што е МАКЕДОНСКО..... Така и започна. Го следев нејзиниот творечки чекор, често пати со свои авторски трудови беше учесник во наши домашни и меѓунанродни антологии, се повеќе ја воочував големината и вредноста на нејзините книжевни остварувања, грандиозноста на нејзиниот талент. Ме фасцинираше нејзината силна љубов за Македонија и МАКЕДОНШТИНАТА. Никогаш лично не ја запознав. Но тоа не беше пречка да ја посетувам страницата на нејзиниот Фејзбук профил и да пронаоѓам извор за нови инспирации за веќе родената идеја во мене. Ќе пишувам роман. ЗА ОВА ГОЛЕМИНА ОД ЧОВЕК, ЌЕ ПИШУВАМ РОМАН. Во сопствениот творечки опус, имам три романи, посветени на наши тројца писатели- поети кои се значајни за нашата литература и книжевност. Романите се издадени 2018тата и 2023тата. Оваа година ја започнувам со романот посветен на нашата МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ, писателот и поетесата Гордана Димовска која заслужува нејзиното име да биде овековечено како стожерник и темел на убавиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ПИСМО И СЕМАКЕДОНСКИОТ КНИЖЕВНО ЛИТЕРАТУРЕН ЗБОР. Нејзиниот лик, творечки габарит, нејзиниот моќен талент, нејзината љубов и посветеност кон МАКЕДОНСКАТА КАУЗА ја прават подеднакво значајна колку и ПЕТРЕ. М. АНДРЕЕВСКИ, ГАНЕ ТОДОРОВСКИ, СЛАВКО ЈАНЕВСКИ, АНТЕ ПОПОВСКИ, ЛАЗО КАРОВСКИ и други наши познати и признати книжевни дејци. Гордана Таке од книгата: ЗА ХЕРОИНАТА ГОРДАНА ДИМОВСКА |