|
||||
Златко Димчовиќ |
Златко Димчов(иќ) (1906 - 1994) е пилот и воздухопкивен инжинер од Македонија, еден од најуспешните цивилни пилоти уште во стара Југославија. Зборувал шест јазици и во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. По војната бил затворен на Голи оток, поради што бил избришан од воздухопловната историографија. Златко Димчов(иќ) е роден во 1906 година во Крива Паланка. Станал пилот и воздухопловен инжинер. Зборувал шест јазици. Во годините пред Втората светска војна, Златко имал брилијантна кариера. Бил прв меѓу југословенските пилоти. Од 1936 до 1939 година летал за германската „Луфтханза“. Во јануари 1940 година се запослил во Друштвото за воздушен сообраќај „Аеропут“, каде работел до почеток на војната. Со неговото доаѓање во „Аеропут“, колективот речиси се преродил, навестувајќи многу деловни успеси. Меѓутоа, по капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година, сите авиони на компанијата „Аеропут“ биле уништени, а дел од пилотите заминале по светот. Златко со неколку колеги останал во Белград. Во 1942 година планирал да замине во Турција, но во последен момент се откажал. На 27 октомври 1944 година, со чин капетан влегол во состав Воздухопловството на Народноослобителната војска на Југославија (НОВЈ). Прво летал во ескадрилата за комуникации на Врховниот штаб, потоа во транспортната група. Првиот лет на релација Белград-Софија го направил на 12 февруари 1948 година. Следувале други должности за кои бил награден и пофален. Во тие повоени години на реконструкција и изградба, тој имаше дозвола да управува со сите авиони што се користеле во тогашната југословенска цивилна авијација. Неполна половина година работел и во ЈАТ, а на 2 јуни 1950 година по принудно слетување кај Постојна бил уапсен и одведен на Голи оток. Околу причините за неговото апсење постојат многу контроверзи. Има една верзија дека наводно сакал да пребега во Бугарија со авион DC-3. Според другата верзија, додека летал со Луфтханза на релација Белград-Берлин и обратно, тој се сретнал и спријателил со советски колеги во овој германски град. Тие во една прилика го замолиле, кога веќе летал над Чехословачка, да набљудува и да внимава што се прави и какви активности има на чехословачко-германската граница. Златко не криел ништо за тоа што правел пред и за време на Втората светска војна. Тој не криел дека доставува извештаи до еден од пилотите - советски разузнавач. И се ќе било во ред да не се случила Резолуцијата ИБ. Некој, очигледно, го поткажал, па Златко завршил на Голи оток, каде останал 4 години. По излегувањето од логорот извесен период немал работа, се додека фирма која увезувала авиони и мотори не се сетила на искусниот пилот и воздухопловен инжинер кој знаел неколку јазици и го повикала за советник. Тој е автор на книгата „Пилотажа народу“ која во издание на „Народна техника“ се појавила во 1950 година. Златко Димчов(иќ) починал во Белград во 1994 година. (извор: https://www.politika.rs/scc/clanak/523690/istorija/s-plavih-visina-pravac-goli-otok) Подготвил: Т.К. |