Среда, 23 Јули 2014    PDF Печати Е-пошта
Михаил Чаков

mihail-cakovМихаил Чаков (16. III 1873 –  17. IX 1938) е македонски револуционер, соработник на Гоце Делчев и илинденски војвода. Учителствувал во село Тумба, а во ТМОРО влегува во 1897 година. Во четата на Михаил Апостолов Попето бил во периодот 1899 –1900 година, а потоа бил самостоен војвода во Петричко, Драмско, Серско, Кумановско и Велешко. Учествувал во битката кај Ножот, а потоа Балканските и во Првата светска војна. Долго време ја чува тајната за посмртните останки на Гоце Делчев.

Михаил Чаков е роден на 16 март во селото Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија. По завршувањето на VI клас во Солунската гимназија станал учител во селото Тумба. Во 1897 година, под влијание на Даме Груев и Пере Тошев станува член на ТМОРО, но и еден од најблиските другари на Гоце Делчев. По иницијатива на Делчев се формираат агитациско-организациски чети, а Чаков влегува во првата чета на Четничкиот институт. Со право може да се нарече дека прва агитациско-организациска била четата на  Михаил Апостолов Попето

Во текот од 1899/1900 година Михаил Чаков се придружува на четата на Михаил Апостолов Попето, со која ги обиколува Воденско и Ениџевардарско. Во летото 1900 година, како самостоен војвода со чета од 5-6 души, меѓу кои Алексо Поројлијата и Сотир Џумајлијчето, го обиколува реонот на Порој, Егејскиот дел на Македонија. Како самостоен војвода дејствува во Петричко  во текот на 1901/1902 година, а во Драмско и Серско  во 1903/ 1904 година.

Според спомените на војводата Чаков, тој бил непосреден сведок на битката кај Баница Серско, во која на 4 мај 1903 година загина апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Опишувајќи го настанот Чаков си спомнува дека Гоце простум ја полнел пушката и откако му свикал да се засолни, на самото легнување еден куршум го пронижал во левата града и дека паднал врз својата пушка. Меѓудругото Чаков ќе напише: „Гоце лежеше ничкум. По заповед на командирот, војниците ги превртиле убиените. При превртувањето на Гоце, командирот Тефиков, Кукушанец, пријател на Делчев од детството, веднаш го познал и рекол: Ете, то е Делчев! Еден војник, кој бил до трупот, нервозно скокнал и замавнал со бајонетот кон главата на Гоце. Тефиков бесно го турнал и наредил веднаш да се казне.“ 

Чаков се извлекол од селото Баница, а по битката со дозвола на турските власти, Гоце Делчев бил погребан заедно со Димитар Гуштанов.

Во текот на Илинденското востание во Пирин, на 30 август 1903 година, 160 востаници на здружените чети на Михаил Чаков, Јане Сандански, Јордан Сојанов и Стојан Млчанков, водат тешка борба со 600 турски војници кај црквиштето „Свете Троица“, Мелничко. По многу жртви Турците се повлекуваат, додека меѓу востаниците имало само тројца загинати. Следната борба во која учествува војводата Чаков бил нападот во ноќта меѓу 13 и 14 септември 1903 година на турскиот гарнизон во селото Обидим, во Пиринскиот дел на Македонија. Обединетите чети на Михаил Чаков, Иван Апостолов – Македонецот, Никола Грујчин и Стојан Млчанков, потпомогнати од селската милиција успеваат по шест часовна борба да го протераат аскерот од селото, а борбата продолжува во месноста „Св. Спас“,од каде аскерот се повлекува во помашкотосело Филипов, кадесе собира башибозукот од околните села.

Турската војска од Неврокоп веќе утредента почнува да ги гони востаниците кои со месното население се повлекуваат на Пирин. До судир доаѓа на 16 септември кај месноста Арамиски бунар (Ајдучки кладенец), во атарот на селото Кремен. Востаниците поддржани од селските милиции на Обедим и Кремен, пред се на обедимската милиција ја разбиваат турската војска која се движела по патот Неврокоп – Банско, кај местото Лаго.

По задушувањето на Илинденското востание, Михаил Чаков дејствува како самостоен војвода во Драмско и Серско  во 1903/ 1904 година, а потоа бил самостоен војвода во Кумановско (1905),  повторно Серско (1906) и Велешко (1907 - 1908).  Додека престојува во Серско во 1906 година, на 23 април истата година, Михаил Чаков со Атанас Спасов Даскалов (Таската Серски), одат во Баница каде тајно ги ископуваат коските на Гоце Делчев и со клисарот на црквата „Св. Никола“ Никола Мутафчиев, кој изработил сандаче за коските, ги кријат под светиот престол на црквата. Сите биле заколнати да ја чуваат тајната на сандучето.

Веќе наредната година, војводата Михаил Чеков со својата чета учествува во најголемата и најкрвавата битка водена од четите на Македонската револуционарната организација по Илинденското востание, позната како битката кај Ножот.

Во 1907 година четата на Михаил Чеков се придружува на четите на Тане Николов, Христо Цветков, Иван Наумов, Патар Ацев, Мирчеа Најденов, Атанас Попов, Секула Оравдолски и Велко Апостолов Попадиски, кои се концентрираат во Прилепскиот регион за да ги исчистат селата во Бабуна од четите на српската  вооружена пропаганда. Во реонот биле сконцентрирани околу 150 комити и околу 150 души селска милиција.

Предадени од српските агенти, на 14 јули 1907 година, на врвот Ножот, во близина на селото Ракле, Прилепско,  македонските чети се судираат со бројниот турски аскер, при што вкупните нивни загуби изнесуваат 67 загинати. По целодневни тешки борби, четите на Организацијата, меѓу кои и четата на Чеков, се повлекуваат во вечерните часови, а турскиот аскер им ја губи трагата.

По Младотурската револуција во 1908 година, Михаил Чаков се враќа во родното место Гуменџе. Но, веќе наредната година, на 10 јули 1909 година, бил уапсен и затворен во Солун.

Во 1912 година Михаил Чаков зема учество во Првата балканска војна како војвода на чета № 11 на Македонско – одринското ополчение. Учествувал во ослободувањето на Разлог, Банско, Драма, Неврокоп и Кавала, кој е ослободен без и еден истрелан куршум. Чаков исто така зема учество и во Првата светска војна, но набрзо поради болест бил ослободен и заминува во Ксанти, каде помага во издавањето на патен лист на Никола Мутафчиев, кој ги прибира коските на Гоце Делчев од Баница.

Михаил Чаков ги прибрал коските во Ксанти. Потоа ги пренесува во Пловдив и Софија и ја чува тајната се до август 1923 година, кога на барање на Тодор Александров коските на Делчев биле изложени 10 дена на поклонение во црквата „Св. Недела“ во Софија. Откако биле сместени на таванот на црквата, Илинденската организација каде Михаил Чаков активно учествува, ги превзема во нивниот дом во Софија. Коските на Делчев биле сместени во саркофаг, на кој на предната страна била испишана заклетвата на македонските генерации, коските на Гоце да бидат пренесени  во престолнината на Македонија.

Но, Михаил Чаков кој толку се грижел за посмртните остатоци на Гоце Делчев, не доживеал да се исполни аманетот тие да бидат пренесени во престолнината на Македонија.

Тој починал на 17 септември 1938 година во Софија.

 

На прво место

News image

Нема лага на СДС која не им се удри од глава

Нема лага на СДС која не им се удри од глава, лажеа за Мицкоски, Христовски и повторно се разголеа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.