Историја

Официјални лица и историчари за македонскиот идентитет кон крајот на XIX и почетокот на XX век

majka-makedonija

majka-makedonijaОфицијални личности, историчари и институции на Бугарија, кон крајот на XIX и почетокот на XX век говорат за постоење на македонски идентитет. Чудно е како денес овие изјави се занемаруваат, а некои сеуште се обидуваат да ја негираат посебноста на македонскиот народ. Што е тогаш кажано и зошто тоа се прави, може дасе види од нивните кратки изјави.

Во 1885 година, бугарскиот дипломат Атанас Шопов под псевдоним Офејков ја издава книгата „Македонија во време на илјадагодишнината на Св. Методиј“, во која го опишува развојот на бугарското црковно и просветно дело во Македонија (бугарската пропаганда н.з.).   Во неа тој ќе забележи дека “.. дури ни денес, …кога Европа би побарала македонското население да се определи и да каже на која народност и припаѓа, уверени сме, дека поголем дел од Македонија ќе ни летне од раце, со исклучок на две – три околии од северна Македонија. Сите други Македонци се готови да дадат каков сакаш пишан документ дека тие не се Бугари…” (“Македония въ време на хилядагодишнината на св. Методий”, Пловдив, 1885 г., стр. 109-110).

И самиот бугарски кнез Фердинанд I [Ferdinand Maximilian Karl Leopold Maria von Saxe-Coburg und Gotha  (Виена, 26. II 1861 – Кобург, 10. IX 1948),  кнез од 1887 до 1908 година и цар на Бугарија од 1908 до 1918 година], една деценија подоцна, недвосмислено покажува какво е неговиот став во врска со Македонија и Македонците (Ам.Ф.ПО, мф, 446, пов. бр.228, Цариград, 26.03.1896).

Во 1896 година, по меѓународното признавање за кнез на Бугарија, Фердинанд превзел широка турнеја низ Европа која ја започнал во Цариград. Таму остварил повеќе средби со официјални лица на Портата и прествници на дипломатскиот кор. 

На 6 април 1896 година (речиси во исто време кога во Солун заседава Солунскиот конгрес на ТМОРО) за време на својот престој во Цариград, Фердинанд се сретнал со српскиот дипломатски претставник Владан Ѓорѓевич. За време на разговорот била истакната потребата србско-бугарско зближување и надминување на нивните спротивставени интереси во Македонија. Во разговорот со српскиот дипломат В. Ѓорѓевиќ, кој по мајка (Марија Леко) води потекло од Клисура, Егејска Македонија, бугарскиот владетел од германски потекло потенцирал дека додека Србите и Бугарите  се расправаат за раженот додека зајакот се уште е во шумата. Во тој контекст Фердинанд  го изјавил следново:

“Во Македонија главната маса од населението ниту се Бугари, ниту се Срби, туку Славјани и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или, ако сакате, подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. Наместо да се караме за тоа дали тој е дијалект на српскиот или на бугаскиот јазик, ние треба заедно да работиме, и тоа тука (Цариград н.з), кај нашиот заеднички татко Султанот, за да им даде на своите верни поданици во Македонија такви реформи кои ќе им обезбедат човечки живот и културен развој … Ако тоа се одлучи, културата на Македонците ќе го реши прашањето кое ниедна сила не може да го реши, пак дури и ако Бугарите и Србите поради тоа на коцка го ставаат своето државно опстојување.”

Бугарскиот историчар, литературен критичар и публицист од Стара Загора, Георги И. Бакалов (1873 – 1939), близок до работничкото движење, во својата публикација „Претендентите на Македонија“ (Варна, 1890) ќе забележи: „Во селата во Македонија, ако сретнеш селанец што говори славјански и припаѓа на православната религија…деветорица од десет од овие луѓе на прашањето што се по националност ќе ви одговорат дека се Македонци и покрај што се предмет на пропагандите на трите соседни држави“

Не помалку е интересна изјавата на проф. Иван Шишманов (1862 – 1928 година). Тој е роден во Свиштов, учи во педагошко училиште во Виена (1876-1882), следува филозофија и литература во Јена (1884), во Женева (1885-1886) и завршува докторат во Лајпциг (1888). По враќањето во Бугарија тој станува еден од основачите на Софискиот универзитет и професор по општа литературна и културна историја, како и компаративна книжевна историја. Доследно тој е подначалник, началник на оддел и главен инспектор во Министерството за народно просветителство, а во периодот 1903 – 1907 година и министер во владите на Рачо Петров и на Димитар Петков. Неговото име како министер се поврзува со основањето и развојот на голем број културни институти (Народниот театар, Музичко училиште, Уметничката академија, етнографски музеј, читалишта, библиотеки и изложби).

Во есента 1903 година, францускиот публицист и новинар Гастон Рутие се сретнал со министерот Шишманов и во 1904 година објавил разговорот во книгата “La question masedoin – on doit au peuple verite”. Во овој разговор бугарскиот министер го изјавил следново:

“По десет години, ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, кои ќе треба да ги создадат со неуморна работа, ако сакаат да бидат независни од државите кои се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното. Како земјоделци, нема да им биде воопшто во интерес да се обединат со земјоделски земји, какви што се Србија и Бугарија; како индустријалци ќе сакаат да ја заштитат својата индустрија, која ќе е против нашата; конечно тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нивната администрација и на офицери во нивната армија. Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа мисли спротивното – таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии.”

Интерсено сведочење за посебноста на Македонците и нивната улога за целата бугарска нација повторно ни дава бугарски преставник Атанас Шопов во неговото писмо до бугарскиот министер за надворешни работи во 1904 година. Во писмото Шопов зборува за средбата со Хасан Фехми кој го прашува: „Дали Македонците сеуште владеат во Бугарија?“. Шопов одговорил: „Секако, голем дел од македонското население е во Бугарија, главна популација во Софија се Македоците, а голем  дел од Генералите во армијата на Бугарија се Македонци… цела интелегенција од Македонија е во Бугарија“. Шопов потоа продолжува и вели дека Македонците од секогаш биле важни за Бугарите. Впрочем, ако се набројат најзначајните личности на бугарската историја, голем дел од нив не се Бугари, туку се Македонци. Слична е состојбата и во другите соседни земји, каде македонската емиграција  во овој период исто така се обидува да ги зачува своите стекнати позиции.

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top