ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН
Во Македонија биле познати разновидните верзии од раскажуваните и предаваните чуда на Светата Дева. Еден успешен превод на оваа омилена литература направил македонскиот просветител од 18-от и 19-от век – Јоаким Крчоски. Покрај своите четири дела печатени во Будим, ја објавил и многу интересната содржина во книгата „Чудеса пресвјатија
Богородици”, објавена во 1817 година, и која доживеала голема популарност, заради собраните чуда, што ги правела
заштитничката на сите луѓе – Богородица.
He случајно книгата „Чудеса пресвјатија Богородици”, доживеала повеќе изданија во 19-от век. Самото дело е превод од елински (грчки) јазик и тоа третиот дел од составот „Арматолон сотириа” од светогорскиот монах Агапиј Ландос Критски, објавена во Венеција во 1641 година. Агапиј ги собрал чудата на Богородица, позајмувал и од грчки и од италијански книги.
Meѓутоа, преводот на македонски јазик Јоаким Крчоски не го направил од Агапиј директно, туку од српскиот превод на истото дело од Виќентие Ракиќ, објавено во Венеција во 1808 година, како што откри X. Поленаковиќ. Б. Конески ја разјасни структурата на чудата, бидејќи бројот на чудата не се совпаѓа со тие на Ракиќ, ниту по редослед, ниту по број.
Меѓу 66-те чуда се наоѓа и тоа под број 11, во кое е засведочен популарниот средновековен расказ „Девојката без раце”. Неговата noпуларност ја засведочува и самиот Крчовски. Во Галија на царот му се родила убава ќерка Марија, но набргу по нејзиното раѓање починала нејзината мајка царица.
Царот се преженил за друга жена. Таа била убава, но многу лоша и кога царот отсуствувал од дворецот го убедувала слугата да ја убие убавата ќерка на царот и да и ги исече рацете како доказ за злосторството: „Утро да ја земеш и речи ù како да ја водиш на теферич и отведи ja y планината да ја убиеш. И за нишан да ù отсечеш руките, да ги донесеш.”
Во шумата Марија ги замолила слугите, откако сфатила дека ја водат на судиште: „И ви заклинам вас у имја пресватија Богородици, што е родила истинаго Бога и судију всјех, немојте ме убивати. A ако сакате моите руки да ги носите на нишан, а вие отсечете ми руките и носете ги. И тури си руките на едно дрво и ги отсекле и ги отнесле на царицата, и им дала многу дарове.”
Марија боледувала во планината и ја нашле група благородници. Во неа се вљубил синот на еден благороден човек и, иако била без раце, го убедил татко си да ја земе за сопруга. Кога таа била трудна, синот заминал на натпревар со коњи, што го организирал царот, таткото на Марија. Маштеата го забележала убавото момче, го привлекла во дворецот и ја дознала од него судбината на пасторката Марија.
Нејзината лоша мисла, иако дознала дека во меѓувреме Марија родила две близначиња, испратила по слугата на нејзиниот сопруг писмо до таткото негов, како да е составено од неговиот син, и му соопштила дека Марија била крадливка и затоа и биле отсечени рацете.
Во писмото „тој наредил” да ја убие жена му. Таткото се сожалил и ја оставил со двете деца на истото место, каде што ја нашол син му. Еден пустиник ù ја отстапил на Марија пештерата и ја хранел секој ден со плодови и корени. Кога се вратил дома, домаќинот сфатил што се случило. Во меѓувреме, Марија постојано и се молела на светата Дева и таа и се јавила во вид на видение и ù ги повратила двете отсечени раце.
Потоа, Марија „сета ношт стојала и чинила благодарение Богоматери, и читала „Богородице дјево радујсја’, како и секиј пат имала хадет, с великим умилением и сокрушением срдца.” Сопругот ја одвел жена си и децата дома, ја прославиле сите присутни Богородица, а свекорот прославил празник во нејзина чест. Татко и’ на Марија ја открил повторно својата ќерка. Ја спалил втората сопруга на голем оган, а зетот го прогласил за свој наследник и цар. Марија останала мила и срдечна сопруга, благодарение на спасителката и чудотворката дева Марија.
Продолжува