Песни за Македонија

„Елегии за тебе“ од Кочо Рацин

Македонска Нација

Вчера си појдов, наминав
низ таја гора зелена
под тија буки високи
по ќилим сенки широки.

Одев со глава замаен
наведната, мртов, зачмаен,
одев со грутка на срце
и каракамен на гради.

Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат – ти плачеш,
сонцето грее – ти темнееш.

Ако ги криеш коските
на дели млади јунаци
тука што лежат по тебе
за тија темни дубрави –
зошто ги таеш песните?
Зошто по тебе дрвјата
и на дрвјата гранките
и на гранките лисјата
шумолат скришно таговно?

Таму горе на небото
зора руди, земја буди,
ден морави шири крила
и алова точи свила,
таму зора црвенее –
мое срце ми црнее.

Ископајте длабок бунар
извадете ладна вода
натопете лути рани
да не горат, да не болат.

Зоро златно и румено!
Зоро слатка посестримо!
Ти изгреваш на далеку –
да ли еднаш ќе изгрееш
силно, силно, дури милно
над долови и над гори
над полиња и над реки
над мојата татковина?

Два брега – двата стрмнини.
А од брег на брег танок мост.
Под мостот вода морава –
тече и мие ранава.

Тече од векот вековит
и нова и се` нова по нова,
тече, а тука маките
се` стари и се` постари.

Тече и влече со себе
сичко што стои пред неа,
а на брегови животот
чмае у троскот зараснат!

Течи си водо студена!
Течи си – рони брегови!
Течи – и нам низ срцето
нели и крвта ни тече?

Скотски е, скотски животот аргатски
у темно заѕидан,
до скот сме синко попритиснати
на овој свет убав.

Кој ни ги скрши белите крилца
крилца на галаби бели?
Кој ни замати извори бистри
извори на души чисти?

И кој раздвои, и кој раздвои
човек од човек со ѕид?
И кој направи, и кој направи
човек на човека роб!

Та човек од човек
да страда
и тегне
и бега
од лулка до гроб?

Ти да знаеш, паметуваш
и ем да си на ум да имаш –
работник си – и работник
ти ќе паѓаш и се дигаш.

Луњи ли ќе пусти дојдат
сонце ли ќе јасно грејне –
патиштата, патиштата
пред тебе се на борбата.

Како сртта вечна што е
така борба долго трае.
Но од смртта е по силна
по патиштата борбата!

Исцедете, ограбете
пот и труд и меса голи,
уста пуста затворете
да не каже оти боли.

Очи црни ископајте
да гледајат не давајте,
раци машки прекршете
срце лудо наранете.

Угаснете и светлини!
Мрак ќе биде – каракамен.

Има, има – в темнината
нешто живо пак да свети:
има болка на душата
има души наранети.

Болка боли – болка гори
болка пече, душа мори.
А болката кога свети –
тешко, тешко, тешко клети!

Најново од: Песни за Македонија

Илинден – наш светол празник

Гори желба и љубов кон таа земја, исконска и света, желба утрешниот ден да биде подобар од вчерашниот. До кога потајни надежи и желби? Народот чека и копнее по подобра и среќна иднина. Ете, пак 2 август – Илинден дојде. Илинденскиот пламен блесна како вчера да беше и нѐ потсети на борбата крвава и тешка. […]

Толе Паша

Толе Паша Зад висока брего е Крушевица село,во фамилијата Кулиќеви се роди машко чедо.Името Стојан нунката му го даде,со благослов голем – јунак да биде. Борба да води за народот свој,доживотно да се бори тој,на насилниците да им стави крај,народот свој да добие Божји рај. Во летно време воловарче оди,со дедовците Толе дружба прави,разни приказни […]

Илинденска од Никола Јонков Вапцаров

Никола Јонков Вапцаров Илинденска Вината не беше наша, таа кај друг се крие, и туѓи прсти тогаш стотонска вина сторија! Но штом ќе дојде ден и штом ќе треба, ние за сè ќе ѝ раскажеме на мајката историја. Започнаа со раце гнасни на народот во душа да му џбараат, но гневот беше толку нараснат, та […]

Кога македонската песна ќе одекне во Егејска Македонија, срцето чука посилно

Постојат мигови кога зборовите не се доволни. Кога една песна, едно оро и една развеана насмевка кажуваат повеќе од илјада говори. Такви се сцените што повторно се гледаат во многу места низ Егејска Македонија – сцени што ја будат гордоста, ја враќаат надежта и потсетуваат дека коренот може да биде притиснат, но не и уништен. […]

„1762 лето“ – „В Охрида од Цариграда дошел салаор“: бесмртната песна на Григор Прличев за трагедијата на Охридската архиепископија

Повеќе од два и пол века по укинувањето на Охридската архиепископија, стиховите на Прличев продолжуваат да одекнуваат како сведоштво за една историска неправда и како потсетник на вековната борба за зачувување на духовниот и националниот идентитет. Токму затоа „1762 лето“ не е само песна за минатото, туку и порака до идните поколенија дека народот кој […]

„1762 лето“ – „В Охрида од Цариграда дошел салаор“: бесмртната песна на Григор Прличев за трагедијата на Охридската архиепископија

Повеќе од два и пол века по укинувањето на Охридската архиепископија, стиховите на Прличев продолжуваат да одекнуваат како сведоштво за една историска неправда и како потсетник на вековната борба за зачувување на духовниот и националниот идентитет. Токму затоа „1762 лето“ не е само песна за минатото, туку и порака до идните поколенија дека народот кој […]

Македонски народни песни од село Зарово, Солунско Егејска Македонија

Селото Зарово се наоѓало североисточно од градот Солун, на растојание од околу девет часа одење, односно приближно 45 километри. Припаѓало на Лагадинската околија и било сместено на едно извишување на Карадаг, односно Круша Планина. Се граничело со селата Негован, Богородица, Висока, Берово и со реката Богдана. Богатата народна традиција на ова македонско село била предизвик […]

Кон Струма

Автор на песната Кон Струма е Атанас Раздолов, роден во Разлог во 1872 година. Бил учител, револуционер и деец на македонското ослободително движење. Во своите песни често ги обработувал темите на слободата, националното будење и страдањата на Македонците под туѓа власт. Неговото творештво претставува значаен дел од македонската револуционерна и родољубива поезија од крајот на […]

To top