Песни за Македонија

Кон Струма

Автор на песната Кон Струма е Атанас Раздолов, роден во Разлог во 1872 година. Бил учител, револуционер и деец на македонското ослободително движење.

Во своите песни често ги обработувал темите на слободата, националното будење и страдањата на Македонците под туѓа власт.

Неговото творештво претставува значаен дел од македонската револуционерна и родољубива поезија од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Кон Струма

Ој ти, Струма, тивкотечна,
љубов вечна и срдечна,
прими, потем препрати ја
до браќата поробени —
препрати ја, позлати ја
со зборови позлатени:

„Со молење престанете!
Сите простум застанете!
Дојде доба, дојде време
ние да се совземеме,
да застанеме на пат
на тој душман што, како ат,
преку леи и тумбази
слободата ни ја гази.

Дружно да се поткренеме,
да викнеме: ‘Дојде време!’
И додека ‘ај’ се зборне,
врагот да го сотреме од корен!“

 

Најново од: Песни за Македонија

Со маки сум се родила

„Со маки сум се родила“, позната и во машката форма „Со маки сум се родил јас“, е една од најпрепознатливите македонски народни песни. Таа ја изразува длабоката тага на човекот што од раѓањето до смртта живее со мака. Во таа лична исповед, поколенија Македонци ги препознавале сопствените загуби и тешкиот живот на својот народ низ […]

„Едно име имаме“ – песна што го чува името Македонија

Има песни што ги слушаме со задоволство, а има и песни во кои препознаваме дел од себеси. „Едно име имаме“, од творештвото на Јонче Христовски, припаѓа на оние што ја претвораат љубовта кон Македонија во заедничко чувство на гордост и припадност. Силата на оваа песна е во врската меѓу човекот и татковината. Во неа името […]

„Кога падна на Пирина“ – авторска песна што народот ја прифати како своја

Речиси нема кој во Македонија не ја знае патриотската песна „Кога падна на Пирина“, посветена на Јане Сандански, во народната меморија познат како пиринскиот цар. Со својата мелодија и потресни стихови, таа се пренесува меѓу генерациите и често се доживува како народна песна. Меѓутоа, според податоците што Александар Донски ги објавил во „Македонска нација“, повикувајќи […]

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

To top